Во 1985 година Стив Џобс бил отпуштен од Епл затоа што начинот на кој гледал на потребата од технологија и начинот на кој ја водел компанијата се сметале за несоодветни. Не верувал во тогаш владејачките ставови на бизнис круговите. Единаесет години подоцна се вратил во компанијата и со истите принципи ја направил една од најуспешните во светот.rnrnКлучен во успешната приказна на Џобс бил неговиот скептицизам. Скептицизмот е неопходен за да се развие критичко размислување кое ќе ги стави на тест веќе востановените тврдења и ќе ја провери нивната точност. Луѓето кои не размислуваат критички ризикуваат да ги прифатат тезите кои им се наметнати преку воспитувањето, образованието или рекламната индустрија.rnrnЗа разлика од нив, оние кои размислуваат критички, тезата ја прифаќаат со резерва и ја преиспитуваат нејзината точност. Дури и кога ќе се уверат дека таа е исправна, тие сè уште се спремни да го сменат својот став доколку излезе некој нов факт кој ќе ги натера на тоа. Поради ова тие се свои личности кои не трпат нерационално наметнување на авторитет и ставови. Тоа успеваат да го постигнат преку следните неколку чекори.rnrn
rn
Бараат докази
rnКога на човек со изграден позитивен скептицизам ќе му се изнесе одредено тврдење, тој нема ништо да зема здраво за готово, туку ќе бара истото и да му се докаже. Ќе праша на што се темели тврдењето, со какви докази е поткрепено и дали доказите се веродостојни.rn
Се сомневаат
rnКога некој дозволува друг да мисли за него (сеедно дали тоа е родителот, професорот или телевизијата) станува лесно подложен на наметнување на мислења. За да се одбие овој „напад“ потребно е да се изрази сомнеж не само во ставот, туку и во аргументите на другиот и да се преиспитаат.rn
Играат улога на „адвокат на ѓаволот“
rnСкептиците понекогаш се конфронтираат со другите со цел подобро да ги разберат нивните тврдења. Дури и кога се согласуваат со тезата, тие заземаат спротивен став и влегуваат во дебата, со што ги проверуваат сите аспекти на тезата пред да донесат заклучок.rn
Ги комбинираат логиката и интуицијата
rnЛуѓето кои немаат развиено позитивен скептицизам размислуваат користејќи или премногу логика или премногу интуиција. Критичкото мислење бара да се комбинираат и двата начини. Мора да се верува во нешто, па тоа да биде преиспитано преку логиката, па повторно да се верува во тоа сè додека логиката повторно не ја предизвика точноста.rn
Не трпат тенденциозност
rnЛуѓето кои размислуваат критички не гледаат вести само на еден канал. Откако ќе добијат одредена информација ја бараат и другата страна на приказната, односно преиспитуваат дали се работи за личен став на новинарот или тоа е објективно пренесена информација.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
