Киану Ривс е познат по неговите улоги во акционите филмови и како филантроп. Но, многумина го сметаат и за навистина мудра личност.rnrn
rnrnВеројатно малкумина беа свесни за длабочината на Киану сè до „Ноќното шоу“ на Стивен Колберт, каде што Киану го промовираше неговиот нов филм „Џон Вик 3“. Кога Стивен му поставил неверојатно прашање без вистински одговор, Киану одговорил со една реченица која покажа неверојатно размислување на темата за нашата смртност.rnrnСтивен Колберт прашал:rn
„Што мислиш дека се случува кога ќе умреме?“
rnНа тоа, Киану одговорил:rn
„Знам дека ќе им недостасуваме на оние што нè сакаат.“
rnИако изјавата изгледа очигледна и едноставна, сепак е длабока.rnrnИнтересно е што двајцата стигнале до оваа тема додека разговарале за иден проект на Киану. Во 2020-та година се очекува ново продолжение на филмовите „Бил и Тед“ (Bill & Ted), а во научно-фантастичната комедија, светот може да заврши доколку Бил и Тед не успеат да напишат песна.rn
„Ако не можат да ја напишат доаѓа крајот на светот. Тоа е крај на континуумот на просторот и времето“, изјавил Киану.
rnНа ова, Стивен прокоментирал:rn
„Значи се соочуваш со својата и со смртноста на целото постоење.“
rnТогаш почнале прашањата за животот и за смртта. Ова е длабоко прашање за секој од нас, но особено за Киану на кој трагедијата не му е непозната. Актерот го изгубил најдобриот пријател во 1993-та година од предозирање со дрога. Потоа, во 2001-ва година, неговата девојка Џенифер загинала во сообраќајка. Како ова да не е доволно, Киану и Џенифер имале мртвородно бебе во 1999-та година.rnrnОд почетокот на неговата филмска кариера во 1980-тите, Киану се покажал како навистина чувствителна филмска ѕвезда, и покрај неговите улоги како акционен херој. Неговата волја да одговори на прашање од ток шоу со таква искреност е она што го одделува од многуте познати личности.rnrnКиану го оставил Стивен без зборови, а веројатно и вам. Можеби сите имаме различни верувања за тоа што нè чека по смртта, но сите можеме да се согласиме со едно – ни недостасуваат саканите што сме ги изгубиле, а тие што нè сакаат ќе се чувствуваат исто кога и нам ќе нè нема.rnrnПогледнете ги и лекциите што можеме да ги научиме од тешката животна приказна на Киану Ривс.
