КАФЕ ПАУЗА

Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)

Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)

Written by

in

,

Блескава научно-фантастична акција за борбата против апокалипсатаrnrnФилм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)Режија: Гилермо Дел ТороrnrnУлоги: Чарли Ханам, Ринко Кукучи, Идрис ЕлбаrnrnВреметраење: 131 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 јули 2013rnrnЖанр: акција, научна фантастика, авантураrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rn

rnАко сакате да видите како изгледа кога Холивуд на префинет начин продуцира блескав блокбастер, а притоа не користи некоја којзнае каква приказна, треба да го изгледате „Битка за Пацификот“. Тој е вистинскиот пример за тоа.Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)Дејството е сместено некаде во иднината, кога некакви суперсилни и брутални вонземски суштества се сокриле меѓу две тектонски плочи во Пацификот и често во „Годзила стил“ ги напаѓаат градовите распоредени покрај океанот. Одговорот на човештвото се состои во роботи изградени, се разбира, од американската армија, а управувани од одлични пилоти кои работат во двојки. Фокусот на дејствието е ставен врз еден од роботите и пилотите задолжени за него.Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)Според многу пати виденото клише, еден од нив е поранешен најдобар пилот кој по една несреќа се повлекол од пилотирање. Но, кога мудриот генерал ќе побара од него повторно да се врати, тој прифаќа и брзо си ги враќа малку закоравените вештини. Покрај тоа, има имиџ на лошо момче поради умерената недисциплина и своеглавоста во работата без разлика дали тоа му носи успех или не. Другиот пилот е една доста вешта Јапонка чие минато ѝ е силен мотив да се вклучи во борбата против вонземјаните.Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)На акцијата ѝ е оставено да го носи филмот, без притоа тој да се поддржи и со добро сценарио. Репликите воглавно припаѓаат на армискиот речник, многу се едноставни и не изгледаат ништо поразлични од некој друг сличен филм. Но, и покрај сето ова, „Битка за Пацификот“ изгледа спектакуларно поради визуелните ефекти. Тие се беспрекорни. Веројатно никогаш не изгледало пореално да видите чудовиште кое излегува од океанот за да уништува сè околу себе. Тие се навистина убава обвивка која ја надополнува солидната акција, но истовремено успева и да го сокрие недостатокот на драма во филмот.Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)Ако се мислите дали да го гледате, имајте предвид дека „Битка за Пацификот“ користи елементи од „Годзила“ и „Трансформери“, така што ако тие два веќе ви се допаднале, нема сомнение дека ќе уживате и во овој филм.Филм: Битка за Пацификот (Pacific Rim)
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.