Човечкиот ум неверојатно добро ги пополнува празнините во перцепцијата, а тоа ве тера да го гледате најдоброто кај луѓето. Во продолжение прочитајте ги овие психолошки совети што ќе ви го подобрат животот.rnrn
rn
1. Не сте биле нужно посреќни кога сте биле помлади
rnЕдна студија објавена во списанието „Социјална психологија и наука за личноста“ покажа дека оптимизмот е на најниско ниво во вашите 20-ти години, а потоа стабилно се зголемува во текот на триесеттите и четириесеттите години, достигнувајќи го врвот во 50-тите години. Потоа, оптимизмот кај луѓето постепено опаѓа. На 55-годишна возраст, многумина доживуваат највисоко ниво на оптимизам.rnrnДруго истражување покажа дека задоволството од животот полека опаѓа во текот на целиот живот, но не насекаде во светот. Истражувачите откриле дека задоволството од животот се подобрува со текот на годините во Австралија, Канада, Ирска, Нов Зеланд, Велика Британија и САД. Исто така, тие открија дека бракот и вработувањето се поврзани со повисокото ниво на задоволство од животот.rn
2. Посветеноста е клучна во односите
rnКоја е магичната комбинација на фактори поради кои цвета љубовната врска? Ова прашање го поставиле тим научници предводени од Саманта Џоел од Универзитетот „Вестерн“ во Канада, па направиле истражување на оваа тема. Откриле дека рецептот за среќа е посветеноста во врската.rnrnПоединците кои цврсто верувале дека нивниот партнер е посветен на љубовната врска почесто велеле дека се многу задоволни од врската, односно дека нивниот љубовен живот цвета. Според истражувањето, посветеноста се покажала како поважна за квалитетот на врската отколку страста, поддршката, приврзаноста и сексуалниот живот.rn
3. Во нашата природа ни е да го гледаме најдоброто кај луѓето
rnЧовечкиот ум неверојатно добро ги пополнува празнините во перцепцијата. Тоа е начинот на кој го перципираме движењето од низа каскадни слики и начинот на кој ги гледаме тродимензионалните објекти на дводимензионални површини.rnrnА, што е со проценувањето на физичкиот изглед на другите луѓе?rnrnНеодамнешниот труд објавен во списанието „Природа“ сугерира дека нашиот ум инстинктивно греши кога станува збор за убавината. Тим психолози од Универзитетот во Лисабон откриле дека нецелосните фотографии од странци им биле значително попривлечни на испитаниците отколку оние на кои се гледаат во целост.rnrnИспитаниците веројатно донеле позитивни проценки за привлечноста на туѓите лица поради недостатокот на информации. Ова сугерира дека луѓето ги пополнуваат информациите што недостасуваат со свои оптимистични заклучоци.rn
4. Не поставувајте какви било цели, туку поставете ги вистинските
rnПсихолозите потенцираат дека постои голема разлика помеѓу поставувањето цели и поставувањето на вистинските цели.rnrnКако да знаете дали ги поставувате вистинските цели?rnrnНовото истражување ја олеснуваа оваа дилема со скала за оценување – од 1 (целосно не се согласувам) до 5 (целосно се согласувам). Оценете ги потенцијалните причини зошто сакате да постигнете одредена цел:rn
- rn 011
- затоа што некој друг го сака тоа или затоа што ќе добијам нешто од некого
- затоа што би се срамел ако не ја постигнам таа цел
- затоа што навистина верувам дека ова е важна цел што треба да си ја поставам
- заради забавата и уживањето што ќе ми ги овозможи таа цел
- затоа што го претставува тоа што сум и го одразува она што најмногу го ценам во животот
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnАко заклучоците од 3 до 5 ги опишуваат вашите цели, веројатно сте на вистинскиот пат. Ако сметате дека изјавите под броевите 1 и 2 се однесуваат на вашата ситуација, тогаш можеби треба да ја смените насоката во која се движите бидејќи тоа не се најдобри причини за да ја постигнете целта.rnrnИмено, причините под броевите 3, 4 и 5 укажуваат дека сте суштински мотивирани да ја остварите таа цел, а причините под броевите 1 и 2 укажуваат на мотивација предизвикана од некои надворешни стимули или неконзистентна мотивација.rnrnКога луѓето ги следат целите усогласени со своите основни вредности, таленти, интереси и потреби (т.е. самостојни цели), тие имаат поголема веројатност да ги постигнат своите цели. Следењето и постигнувањето на самостојните цели обезбедува искуство на автономија, компетентност и поврзаност, кои се клучни за благосостојбата. И обратно, непостојаните цели може да резултираат само со губење време и енергија и дури и луѓето да ги постигнат, нема да добијат придобивки поврзани со нивната благосостојба или со нивниот развој.rn
5. Бидете отворени, позитивни и директни
rnПостојат стотици, ако не и илјадници цртички што психолозите ги користат за да опишат една личност. Една личност може да биде нежна, нервозна, скромна или совесна. Некој може да биде независен, суетен или да ризикува.rnrnКои особини најчесто ги поседуваат психолошки „здравите“ луѓе?rnrnИстражувачите од Универзитетот „Дејвис“ во Калифорнија се обиделе да одговорат на ова прашање. Тие откриле дека високото ниво на отвореност на чувствата, позитивните емоции и директноста најмногу укажуваат на здрава личност. Таквите луѓе имаат најмалку шанси да изразат непријателство, ранливост и вознемиреност.rnrnПрочитајте ги овие чекори за емоционална детоксикација во 2021 година.