КАФЕ ПАУЗА

9 трикови што секој студент треба да ги знае

Кога ќе отидете на факултет ќе сфатите дека има еден куп работи што не можете да ги научите сѐ додека не ги искусите. Кога ќе треба да делите одредени нешта со вашиот/вашата цимер/ка, ќе се научите да правите многу работи за кои до тогаш не сте ни помислувале дека е возможно да се направат. Покрај тоа што ве чекаат напорни денови за учење, зошто дополнително да си ги отежнувате работите? Погледнете ги овие неколку трикови кои барем малку ќе ви помогнат да си го олесните студентскиот живот.rn

1. Направете сами звучник за телефон

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnПокрај тоа што студентските денови се исполнети со учење, тука не е исклучена и забавата. Ако одлучивте да се соберете со своите пријатели и сакате да пуштите музика, но притоа сфатите дека немате звучници, овој проблем лесно можете да го решите со работи кои најверојатно веќе ги имате во станот или куќата. Ролната тоалетна хартија е вистинскиот избор. Направете дупка колку да го собере вашиот телефон, прицврстете го за неа и веќе ќе имате звучник. Исто така може да ги искористите и пластичните или хартиените чаши. Исечете дупка во нив и ставете ја ролната од тоалетна хартија од страните за да го засилите звукот.rn

2. Користете замрзнато грозје за да го изладите виното

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnОсвен музиката, при собирањето со пријателите честопати ќе имате и вино. Ако некогаш сте заборавиле да го изладите, тогаш решението е замрзнато грозје. Ставете во замрзнувачот и искористете го кога ќе ви биде најпотребно. На овој начин нема да имате вода во виното што би било случај ако користите лед.rn

3. Користете плејлиста за побрзо да се подготвите

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnЕдно нешто што повеќето луѓе го прават наутро е брзање при подготвувањето. Најдобриот начин да го избегнете доцнењето на предавањата е секојдневно да слушате една иста листа со песни. Откако песните ќе станат ваша рутина, ќе знаете кога и колку време потрошувате на една активност, па ќе можете да побрзате со подготовките.rn

4. Изберете закачалки кои собираат повеќе алишта

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnБидејќи најверојатно плакарот ќе треба да го делите со вашиот/вашата цимер/ка, ќе морате да научите да користите помал простор за алиштата. Одличен избор за ова се закачалките што собираат повеќе парчиња облека.rn

5. Заштедете време за подготовка на оброк

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnМикробрановата печка станува секојдневие во студентскиот живот. Па, наместо да чекате да загревате два оброци едно по друго, ова може да го постигнете со користење шолја. Ставете ја едната чинија, до неа ставете ја шолјата, а врз неа другата чинија. Ова ќе ви овозможи да ги загреете и двата оброци одеднаш.rn

6. Избегнете плеткање на жиците

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnВклучените телевизор, лаптоп, телефон или таблет во истиот штекер може да направат хаос. Со цел да го избегнете плеткањето на жиците, можете да создадете своја сопствена кутија каде што ќе ги полните своите уреди. Не само што ќе го спречите нередот, туку ќе знаете и кој кабел го исклучувате.rn

7. Одржувајте го уреден вашиот фрижидер

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnСтудентскиот живот не нуди луксуз, па повеќето места за живеење имаат мал фрижидер. Ако се обидувате да ставите повеќе работи, а притоа имате и шишиња, тогаш ова е одличен трик за да заштедите простор. Користете клип за документи и спречете ги шишињата да се тркалаат наоколу.rn

8. Полесно сушење на лакот за нокти

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnДевојките ќе се согласат дека чекањето да се исуши лакот за нокти е една од најдосадните работи. Ако се брзате за факултет или за излегување, тогаш можете да го користите овој трик за сушење на лакот. Ставете ги ноктите во сад со ладна вода и оставете ги неколку секунди, или пак едноставно ставете ги под чешмата со ладна вода и забрзајте го процесот.rn

9. Заштитете го полначот за телефон

rn9 трикови кои секој студент треба да ги знаеrnrnПовеќето од нас имаат навика да го остават телефонот да се полни во непријатна позиција. Една од последиците е тоа дека наскоро ќе го видите полначот искинат на рабовите. Еден начин да го заштитите од ова е да ставите пружина од пенкало околу него. Ова ќе го спречи непријатното виткање и нема да дозволи да се искине.