КАФЕ ПАУЗА

Како Лавот може да стане подобар партнер во врската?

Како Лавот да стане подобар партнер

Лавот сака сам да ги завршува сите работи и сè да зависи токму од него. Но, каков е во врските и што треба да смени кај себе, дознајте во текстот што следува.rnrnrnrnВие сакате да бидете шеф во сè што правите, па затоа играњето на таа улога во вашата врска природно ви доаѓа. Ја преземате целата иницијатива, ги донесувате сите одлуки, па дури и ги правите сите плаќања. Не ви пречи ништо од тоа, сè додека се чувствувате како да сте се обожувани. Но, вашиот партнер е доста уморен од чувството дека е постојано згрижен. И ако не сте внимателни и постојано вие кажувате како сѐ треба да биде, може да ја изгубите почитта и привлечноста кон него.rnrnТреба да признаете дека имате проблеми со самоконтролата. Создадете поголема еднаквост во врската. Дозволете му на партнерот и тој слободно да учествува во неа и да преземе некоја иницијатива.rnrnПрестанете да ја наметнувате вашата волја врз неговиот живот и да преземате активности наместо него, и тоа за работи што не ве засегаат. Дозволете му тој да донесува свои одлуки и да ги прави своите работи. Станувате љубоморни и премногу сакате да контролирате кога ќе забележите дека светот на партнерот не се врти околу вас. Треба да прифатите дека понекогаш вниманието и фокусот на вашиот партнер ќе бидат насочени и на друго место, но тоа не значи дека тој не ве сака.rnrnПрестанете да бидете себични. Бидете горди и поддржете ги постигнувањата на вашиот партнер. Не се откажувајте веднаш кога ќе се почувствувате како да сте игнорирани или запоставени. Прифатете го фактот дека нема секогаш да бидете неговиот приоритет број еден.rnrnИсто така, треба да научите да ги споделувате радостите со него. Мора да вклучите реципроцитет во вашата врска. Не може постојано сè да се врти околу вас. Покажете му на партнерот дека го поддржувате и престанете да се чувствувате засенети кога тој има свој момент на слава.rnrnЖивеете во свет на фантазија затоа што сте за вљубени во идејата за љубов. Вие не успевате да ги сфатите неволјите или маките на вашиот сакан затоа што верувате дека љубовта треба да биде само природна. Мислите дека хармоничната врска треба сама од себе да се случи, но грешите. Мора да вложите напор за врската да успее. Понекогаш тоа значи да го слушате вашиот партнер и да го натерате да се чувствува слободно и да се бори за себе.rnrnНаучете да простувате и да заборавате. Не му дозволувајте на вашето его да ја управува вашата волја во врската. Престанете да го обвинувате партнерот кога ќе се изнервирате. Наместо тоа, рационализирајте и не се раководете секогаш според чувствата.rnrnМожеби сакате да прочитате и за 3-те хороскопски знаци што најмногу му одговараат на Лавот.