Оваа вила се наоѓа на Француските Алпи и е дел од зимското одморалиште Куршвел. Наречена е Малата палата (Le Petit Palais). Таа не само што изобилува со луксуз кој е типичен за сите вили со многу ѕвезди, туку има и некои додатоци кои се просто неверојатни. Еден дел од неа е адаптиран да служи како дискотека, има и базен, сауна, спа, салон за убавина и фитнес сала. Има и винарија, а за цената следува и личен готвач. rnrnМоже комотно да прими од 12 до 15 гости во своите речиси 1.700 метри квадратни. Доколку тоа не им е доволно на гостите, таа може лесно да се спои со друга вила која се вика Малиот замок (Le Petit Chateau). На богатите авантуристи ќе им се допадне и тоа што на најблиската патека за скијање се пристапува директно од излезната врата. Вилата се проценува на 60 милиони евра, но сопственикот не ја продава. Наместо тоа, ја издава за цена од 100.000 до 240.000 евра неделно, зависно од сезоната.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

















