Посни медени колачиња: Мирисаат на цимет и каранфилче, а можете да ги закачите и на елката

Сподели

Медените колачиња се колачето на декември. Мирисаат на празник, траат со денови и се одлични и за посната трпеза, бидејќи во нив нема ниту јајца, ниту путер.

Реклама
Реклама

Ако направите дупка пред печењето, можете да ги закачите и на елката.

Реклама
Реклама

Состојки

  • 500 г брашно
  • 150 г мед
  • 100 г шеќер
  • 100 мл масло
  • 100 мл вода или сок од портокал
  • 1 кафена лажичка сода бикарбона
  • 2 кафени лажички цимет
  • ½ кафена лажичка мелено каранфилче
  • малку мускатно оревче и корка од портокал (по желба)

Подготовка

Во сад загрејте ги медот, шеќерот, маслото и водата, само додека шеќерот не се растопи. Не дозволувајте да зоврие.

Оставете смесата да се излади до млако. Во друг сад измешајте го брашното со содата и зачините.

Реклама

Истурете ја медената смеса во брашното и замесете меко тесто што не лепи. Ако лепи, додадете уште малку брашно.

Завиткајте го тестото во фолија и оставете го половина час да одмори.

Развлечете го на дебелина околу пет милиметри и вадете форми: ѕвездички, срца, елки или човечиња.

Печете ги на 180 степени, 10 до 12 минути. Не ги држете подолго, бидејќи ќе станат тврди.

Совет

Колачињата се најмеки по еден-два дена. Чувајте ги во метална кутија со парче јаболко или кора од леб.

За посна глазура измешајте шеќер во прав со неколку капки сок од лимон и украсете ги по желба.

🍰РЕЦЕПТИ НА КАФЕ ПАУЗАСите рецепти на едно место – солени, слатки, пијалоци и посни→

Содржина /затвори

Најново

Може ќе ве интересира