rn
11. Роберто Кавали, 78 години
rnРоберто изучувал техники за ткаење и брзо бил фасциниран. Решил да се откаже од студиите и отворил свој бизнис за печатење текстил. На 32 години, Кавали ја лансирал неговата прва колекција во Париз. Наскоро потоа го отворил првиот бутик во Сен Тропе и ја започнал неговата колекција.rn
12. Кензо Такада, 80 години
rnОткако дипломирал на Модниот колеџ во Токио, Кензо се преселил во Париз. После 6 години ја одржал неговата прва изложба, а еден од неговите модели се појавил во списанието Ел. Неговата прва машка колекција била лансирана кога имал 44 години, а 5 години подоцна, тој направил и линија парфеми.rn
13. Лучијано Бенетон, 83 години
rnТаткото на Лучијано имал мал бизнис, но набрзо по неговата смрт, 14-годишното момче морало да се откаже од училиште и да почне да работи во продавницата за облека. Откако заштедил пари за машина за плетење, Бенетон ја направил неговата прва колекција шарени џемпери која бил комерцијален успех. На 30-годишна возраст, Лучијано, заедно со неговата сестра и двајцата браќа, ја основал групацијата Бенетон.rn
14. Пако Рабане, 85 години
rnПако ја започнал неговата модна кариера дизајнирајќи накит за Живанши, Диор и Баленсијага. На 32-годишна возраст, тој ја претставил неговата прва колекција направена од хартија, пластика и метал, што го привлекла вниманието на медиумите. До 34-тата година, веќе основал своја модна куќа.rn
15. Пјер Карден, 96 години
rnУште од 14-годишна возраст, Пјер работел како чирак на шнајдер и ги учел основите за дизајнирање облека. Набрзо потоа го напуштил домот на родителите и работел како кројач. На 24 години тој станал главен на ателјето на Криситијан Диор, а 3 години подоцна ја основал својата модна куќа.
Дали сте се запрашале од што зависи кои бои ќе бидат во тренд?

