Зависноста од секс е една од темите кои најчесто не се сфаќаат сериозно, но која може да доведе до големи проблеми во животот. Независно дали зголемениот сексуален апетит може да се смета за психолошко нарушување или не, постојат одредени карактеристики кои се заеднички за сите оние кои покажуваат знаци за зависност од сексот. Следуваат 6 вакви карактеристики кои можат да укажуваат на поголем проблем кој се крие под површината на очигледното.rnrn
rn
1. Секс како оружје
rnКога сексот станува алатка, начин за одмазда или изедначување сметки со партнерот, тоа е еден од основните знаци дека вие не ја гледате оваа активност како задоволство, туку само како еден вид оружје кое ви помага да ги остварите своите цели.rn
2. Секс за смирување негативни емоции
rnОдредени луѓе гледаат на сексот исклучиво како начин за смирување или некаков вид седатив со кој се бега од секојдневието. Доколку единствениот начин да бидете среќни е сексуалниот однос и емоциите кои тој ги побудува, тогаш треба да сопрете и да размислите подобро за вашата љубовна врска и начинот на кој таа функционира.rn
3. Секс како средство за будење емоции
rnСексот може да биде и единствениот начин одредени индивидуи да се чувствуваат живо. Тој им помага да ги доживеат емоциите кои се сосема нормални и секојдневни за други луѓе. Станува збор за зависност од страст каде што потрагата по нов сексуален партнер е искуство кое се споредува со најголемите успеси во животот.rn
4. Возбудување поради ризик
rnЗа некои личности не постои ништо посекси и повозбудливо од преземањето ризици кои доаѓаат во форма на неверство, секс со непознати личност, односи без соодветна заштита, па дури и намерно зголемување на шансите за бременост.rn
5. Таен сексуален живот
rnДоколку своите сексуални искуства не ги делите дури ни со вашите најблиски, постои шанса дека се срамите од тоа што ве возбудува и се плашите од можен презир. Со тек на време, оваа тајна ќе почне да станува сè поголема и потешка за чување, резултирајќи со многу негативно влијание на вашето расположение.rn
6. Плаќање за сексуални услуги
rnДоколку плаќате за сексуални услуги, тоа не само што е нелегално, туку можеби е и најголемиот знак дека развивате (или веќе сте развиле) зависност од секс. Колку повеќе плаќате, толку повеќе ризикувате, а со тоа вашиот проблем станува и сè појасен.