Не сите познати дизајнери се јавни луѓе. На поголемиот број сте им ги слушнале имињата, а можеби дури и носите некоја од нивните креации. Но, малкумина можат да си замислат како всушност изгледаат Келвин Клајн или Томи Хилфигер. Во продолжение погледнете ги лицата коишто се кријат зад некои од најпознатите имиња во модната индустрија. Веројатно не би ги познале ни на улица.rn
1. Марк Џејкобс, 55 години
rn
rnrnНа 23-годишна возраст, со помош од спонзори, Марк ја дизајнирал првата линија облека со етикета Марк Џејкобс. На 24 години тој бил најмладиот дизајнер кој ја добил престижната награда од Советот за модни дизајнери од Америка.rn
2. Кристијан Лобутин, 56 години
rn
rnrnУште кога бил млад, Кристијан дизајнирал женски чевли за Шанел, Ив Сен Лорен и Мод Фризон, како фриленс дизајнер. На 27 години решил да направи своја компанија и отворил продавница. Набргу потоа, тој почнал да прави чевли за кралските семејства и познатите, а неговиот црвен ѓон стана најпрепознатливиот моден тренд во светот.rn
3. Мајкл Корс, 59 години
rn
rnrnКако тинејџер, Мајкл дизајнирал облека и ја продавал од подрумот на неговите родители. На 17 години се запишал на Модниот институт за технологија во Њујорк, но се откажал после 9 месеци и почнал да работи на негов бутик. 4 години подоцна, започнал своја линија женска облека во истата продавница.rn
4. Томи Хилфигер, 67 години
rn
rnrnНа 20 години, Томи ја отворил првата продавница за облека, но банкротирал после 5 години. Потоа се преселил во Њујорк каде што работел за неколку модни куќи. До 28-мата година, тој направил своја дизајнерска компанија со име Томи Хил. 6 години подоцна, со помош од спонзори, тој ја основал корпорацијата Томи Хилфигер, која наскоро станала еден од најпознатите модни брендови ширум светот.rn
5. Кристијан Лакроа, 67 години
rn
rnrnНа почетокот, Кристијан сакал да стане куратор во музеј. На 22 години се преселил во Париз каде што студирал историја на уметност. Набрзо потоа љубовта кон облеката разбудила поголема страст. До 24-годишна возраст, веќе имал своја линија за висока мода.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
