Месецот во кој сте родени може да влијае на некои ваши особини. Доколку вие или вашето дете сте родени во август, сигурно ќе ве интересираат следниве факти. Прочитајте повеќе во продолжение.rnrn
rn
1. Полни се со самодоверба, силни се и организирани
rnБебињата родени во август според хороскопот се или Лав или Девица и постојат многу убави работи поради кои тие се така посебни. Според астролозите, Лавовите се самоуверени и многу силни, и физички и ментално. Освен тоа, многу се сакани и харизматични. Девиците имаат исто толку убави особини. Тие се многу организирани, прецизни и ориентирани. Самоуверени, интелигентни и практични, Девиците се харизматични како Лавовите, но имаат „потивка“ харизма.rn
2. Многу познати личности се родени во август
rnАвгуст е изгледа популарен месец за раѓање, а за тоа зборува фактот дека многу славни личности се родени токму тогаш. Блејк Лајвли, Ана Кендрик, Мила Кунис, Џенифер Лоренс и Деми Ловато се само некои од нив.rn
3. Имаат лидерски способности
rnНемојте да бидете изненадени ако вашиот шеф е роден во август. Луѓето што го слават нивниот роденден овој месец секогаш се на врвот. Тие се природни водачи, а тоа е благодарение на нивната харизма и самодоверба.rn
4. Поретко страдаат од ментални болести
rnСтудиите покажале дека луѓето родени во зимскиот период имаат поголеми шанси да заболат од различни ментални болести вклучувајќи депресија и шизофренија. Научниците не се целосно сигурни зошто е тоа така, но претпоставуваат дека најголем виновник е витаминот Д кој го има помалку во зимскиот период, а е од големо значење во најраната возраст.rn
5. Одлично се согласуваат со своите августовски пријатели
rnСонцето владее со Лавовите, додека Меркур владее со Девиците и тие имаат одлична комуникација и координација. Тоа е навистина добар баланс кога ќе се спојат Лавовите и Девиците, односно не е чудно што многу парови ги има во оваа комбинација хороскопски знаци.rn
6. Нивниот цвет на раѓање е гладиола
rnДали знаевте дека за секој месец на раѓање постои одреден цвет? За августовските бебиња тоа е гладиола за која се верува дека претставува сила и морален интегритет. Скриената порака на овој цвет е љубов на прв поглед. Тоа воопшто не треба да биде чудно ако се земе предвид самата структура на цветот која стои исправено и гордо, баш како човекот кој во своите раце носи меч!rn
7. Најмалку се согласуваат со Водолија и Риби
rnБебињата родени во август се многу дружељубиви, но Лавот најмалку е компатибилен со Водолијата, а Девицата е некомпатибилна со Рибите.rn
8. Најверојатно се зачнати во ноември
rnОвие бебиња главно се зачнати во текот на ноември.rn
9. Тие се паметни (но, тврдоглави) деца
rnКарактеристиките кои ги поседуваат Лавовите и Девиците се покажуваат уште од најрана возраст. Тие се многу паметни. Дури и како бебиња имаат тенденција да бидат многу напредни во однос на нивните врсници. Со комбинација на интелигенција и силен пристап на животот, августовските деца се незапирливи. Родителите на Лавовите и Девиците мора да бидат подготвени не само да ги учат нивните деца туку и самите тие да научат нешто од нив.rn
10. Може да имаат проблеми на училиште
rnПонекогаш имаат и недостатоци. Во истражување што го спровел еден институт за финансиски студии, експертите откриле дека поради тоа што многумина деца завршуваат како најмлади во нивните одделенија, тие можат да бидат во неповолна положба поради споредбата со постарите врсници. Сепак, многу славни и влијателни личности родени во август завршиле училиште и сосема добро се снаоѓаат во животот.rn
11. Сакаат да се во центарот на внимание
rnПроверете дали вашиот омилен пејач или актер е роден во август бидејќи нема сомнеж дека луѓето родени во претпоследниот летен месец ги обожаваат светлечките рефлектори. Повеќето уметници се родени во знакот Лав – актери, музичари, водители, сите тие имаат една заедничка карактеристика – харизма!rn
12. Тие се добри предавачи
rnЛавовите и Девиците се одлични предавачи, во и вон училницата. Без оглед со која професија се занимаваат луѓето родени во август одлично го пренесуваат своето знаење, а тоа е благодарение на нивниот вроден авторитет.rn
13. Нивниот кристал е хризолит
rnХризолитот е зелен скапоцен камен кој претставува веселба и голема креативност. На оние што го носат ќе им подари пред сè добро здравје, богатство и радост. Заштитува од зло и овозможува успешност во извршување на обврските. Освен здравје, носи и љубов.rnrnМора да ги знаете и овие 25 факти за Близнаците во вашиот живот.