КАФЕ ПАУЗА

Ситуации со кои ќе се соочите кога ќе читате книга што другите веќе одамна ја прочитале

Written by

in

Речиси секој на своите полици ја има онаа книга која е купена уште многу одамна, собира прашина и сѐ уште чека да биде прочитана. Секогаш кога некој ќе ви ја спомене, вие помислувате дека сте требало веќе да ја прочитате. Но, реално тоа никогаш не се случило. Можеби сте ја заборавиле или пак вниманието ви го одвлекло нешто друго. Секој веќе продолжил понатаму барајќи нешто ново, додека вие дури заборавивте дека некогаш сте помислиле да ја читате таа книга.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrnrnПотоа, по одреден период кога ќе ја средувате вашата соба, ќе ја пронајдете и ќе се решите да ја прочитате во вашето слободно време. Може да ви се допадне или не, но сепак, ќе сакате да го видите крајот на тој бестселер за кој сите зборувале. Ќе завршите со читање за краток период, па тогаш ќе се прашувате зошто не сте го направиле тоа порано. Сепак, ќе помислите дека подобро е некогаш, отколку никогаш.rnrnНо, тоа не е секогаш така, затоа што по читањето вие ќе се соочите со некои од овие чувства и ситуации.rn

1. Сакате да дискутирате со некого во врска со книгата

rnКога ќе завршите со читањето, вие ќе сакате да зборувате со некого околу тоа. Без разлика дали ќе ги споделите доживувањата со вашите пријатели или некој член од семејството, тие веќе одамна ја прочитале, па во тој момент не се целосно подготвени за какви било дискусии околу случувањата опишани во книгата.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

2. Ги избегнавте критиките околу книгата

rnМоже да ви е мило што сте ги избегнале негативните коментари околу книгата која била актуелна пред некоја година, но, од друга страна пак можеби сте слушнале нешто што не ви се допаѓа и што може да ви ја уништи целата слика за неа.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

3. Ја гледате филмската адаптација

rnМногу книги доживуваат филмска адаптација, па така, откако ќе ја прочитате книгата ќе бидете под нејзино големо влијание при што ќе сакате да го гледате филмот еднаш, а можеби и уште еднаш. А таа фаза веќе им поминала на оние кои ја прочитале со години наназад…rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

4. Проверувате дали има некои продолженија

rnВеднаш проверувате дали има продолженија на книгата за да ги прочитате што е можно побргу. Не смеете да дозволите повторно да ви се случи истата ситуација.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

5. Чувствувате како да не сте во тек со случувањата и вознемирени сте поради тоа

rnАко сте пропуштиле некоја промоција на книга или филмска премиера само затоа што сѐ уште ја немавте прочитано оваа книга, тогаш може да се чувствувате како „отфрлени“ од сите случувања, па на некој начин да бидете и вознемирени. Би сакале да го вратите времето назад, но, за жал, тоа сѐ уште е невозможно.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

6. Читате стари објави на Интернет

rnДодека вашите пријатели ја прочитаа книгата и веќе се во потрага по нешто друго, вие се враќате назад и пребарувате по старите објави на Интернет. Можеби ќе најдете некој сличен на вас, па ќе имате можност за дискусија.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

7. Ветувате дека ќе ја прочитате најновата книга навреме

rnТогаш ќе почнете да ги следите најновите најави за книга. Сигурно нема да сакате повторно да ја направите истата грешка!rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrn

8. Сепак, повторно го читате она што најмногу ви се допаѓа

rnИ покрај ветувањата дека нема да препуштите да го прочитате најновиот бестселер, вие се враќате на своите омилени книги.rnrnСитуации со кои ќе се соочите кога ќе ја читате книгата која другите веќе одамна ја прочиталеrnrnКако и да е, постојат толку многу книги, а многу малку време. Затоа, покрај сѐ, најважно е да читате!