КАФЕ ПАУЗА

Совети за одржување на шминката во летните месеци

Автор: Софија СионоваrnrnНема ништо поиритирачко од глетката на размачкана шминка, а денот сѐ уште не завршил. Сте вложиле голем труд во шминкањето, а горештината и влажниот воздух, уметничкото дело го претвориле во растопен сладолед. Добра вест е што постојат неколку трикови со кои вашето ремек-дело ќе остане недопрено. Со овие беспрекорни совети не постои сомнеж дека шминката ќе ги издржи високите температури.rnrn1-soveti-za-odrzhuvanje-na-shminkata-vo-letnite-meseci-kafepauza.mkrn

1. Чисто „платно“

rnПознато е дека водата и маслото не се мешаат. Тоа важи и за лицето. Мрсното лице ќе ја стопи шминката додека трепнете.rnrnЗа да издржи шминката, започнете со чисто лице така што ќе го поминете со нежен тоник. Потоа нанесете лесен навлажнувач со СПФ фактор кој не содржи масло. Потребни се неколку минути да се впие пред да продолжите со нанесување на други продукти.rn

2. Совршен прајмер

rnИсто како што маникирот изгледа најдобро кога се употребува лак за основа, истото важи и за шминката. Користењето на подлога за шминка ги пополнува порите, ги сокрива недостатоците, а шминката изгледа подобро и трае подолго.rn

3. Избирање соодветни продукти

rnЦелете кон пудра која има заштитен фактор и нема масло во неа. При нанесување на продукти за лице најдобро е да се започне со тенки слоеви и полека да се покрива лицето. Ако слоевите се премногу густи, тортестиот изглед е неизбежен, а шминката ќе се стопи (истото важи и за кармините). Наместо крем или руменило во прав, користете течно или гел руменило базирано на вода, кое може да се користи и како кармин. Обичниот туш, сенката за очи и маскарата заменете ги со водоотпорни верзии за да спречите размачкување во текот на денот.rn

4. Фиксација

rnКористете камена пудра, која ќе ви го изедначи тенот и ќе ги отстрани непотребните маснотии. За уште поголема долготрајност, користете фиксатор. Тој ќе ја зацврсти вашата шминка и таа ќе трае со саати.rn

5. Забрането допирање на кожата

rnОдолејте на допирање на лицето во текот на денот. Маснотиите на вашите раце ќе се префрлат на кожата на лицето при што може да се размачка шминката. Причина плус се бактериите од прстите кои можат да доведат до разни инфекции при контактот.rn

6. Спакувајте ги есенцијалните работи

rnБидете спремни за итни случаи така што ќе имате мал несесер со неопходни работи. Најпотребни се: влажни марамчиња, камена пудра и 2 во 1 (руменило и кармин) стикче.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.