КАФЕ ПАУЗА

12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдроми

12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдроми

Психолошките нарушувања доаѓаат во сите форми и големини, започнувајќи од моментални епизоди, па сѐ до целосна и неизлечива ментална болест. И покрај нивниот огромен број, сите тие имаат нешто заедничко, а тоа е одвоеноста од реалноста. Тие никогаш не го слушаат разумот и не се покоруваат на фактите. Погледнете 12 од најчудните психолошки нарушувања кои постојат…rnrn12-те најневеројатни психолошки нарушувања и синдромиrn

1. Синдромот Алиса во земјата на чудата

rnОвој синдром го добил своето име по познатата новела од Луис Керол. Тој влијае истовремено врз перципирањето и на времето и на местото. Оние кои страдаат од овој синдром може да гледаат некои предмети помали или поголеми одошто се. Тие исто така имаат потешкотии и во следењето на времето. Слична психолошка состојба на оваа, која не мора да значи дека е поврзана со ментална болест, се халуцинациите кои луѓето понекогаш го искусуваат како деца или во моментите пред да заспијат. Најчесто таа е предизвикана од мигрени, од кои и самиот Луис Керол страдал и кои можеби тој ги искористил како инспирација за неговата приказна.rn

2. Котардовиот синдром

rnПопознат како „синдромот на леш кој оди“, Котардовиот синдром се појавува кога личноста верува дека е мртва, дека не постои или пак, дека ги изгубила своите внатрешни органи. Оние кои страдаат од овој синдром најчесто велат дека не постојат и токму поради ова размислување тие имаат проблем со живеењето во реалноста и се повлекуваат длабоко во себе. Ова нарушување најчесто може да се појави кај оние што страдаат од шизофренија.rn

3. Каргасово нарушување

rnОва нарушување се верува дека е невролошки многу слично со Котардовиот синдром. Оној кој страда од него верува дека некоја негова блиска личност е заменета од натрапник кој изгледа идентично како неа. Каргасовото нарушување често се поврзува со шизофренијата, но може да настане и како резултат на оштетување на мозокот или деменција.rn

4. „Folie à deux“

rnВо буквален превод, „Folie à deux“ значи лудило кое е поделено помеѓу двајца. Станува збор за две (или повеќе) личности кои најчесто живеат во близина и токму поради тоа почнуваат да ги делат истите заблуди.rn

5. Вметнување мисли

rnВметнувањето на мислите е вид нарушување каде што оној кој страда од него има мисли кои верува дека не се негови. Оваа личност смета дека тие доаѓаат од друга личност која најчесто е непозната. Ова нарушување во најголем број од ситуациите е симптом на шизофренија.rn

6. Синдромот Париз

rnОвој синдром е привремено доживување на дел од туристите во Париз кои откриваат дека градот не ги исполнил нивните очекувања. Токму затоа тие можат да почнат да доживуваат халуцинации, анксиозност и други соматски симптоми. Можеби овој синдром ви звучи како шега, но истражувањата покажуваат дека околу 20 туристи од Јапонија на годишно ниво се хоспитализирани и дијагностицирани со него. Најефикасниот третман против овој синдром е домот во својот град.rn

7. Синдромот Ерусалим

rnОвој синдром, за разлика од претходниот, влијае на туристите на Ерусалим така што тие стануваат опседнати со градот. Оние кои страдаат од синдромот Ерусалим чувствуваат анксиозност, почнуваат да носат тога, пеат химни или пак гласно кажуваат делови од Библијата. Во просек околу 40 туристи годишно се хоспитализирани поради овој синдром. Но, исто како и со парискиот синдром, и овој го снемува кога ќе се вратите дома.rn

8. Синдромот Отело

rnОној кој страда од овој синдром цврсто верува дека партнерот го изневерува, без разлика на доказите. Ова чувство е многу посилно од типичната љубомора и изобилува со силни опсесивни мисли. Синдромот Отело ги тера оние кои страдаат од него постојано да ги проверуваат своите партнери, да ги демнат, да ги испрашуваат за нивниот ден и во најлош случај стануваат насилни кон нив.rn

9. Екбомиот синдром

rnОвој синдром изгледа како да е излезен од кошмарите. Станува збор за застрашувачка форма на хипохондрија каде што оној кој страда од него верува дека неговото тело е нападнато од паразити. Многу често овие личности бараат совети од дерматолози или од заштитниците од штетници, наместо да побараат психолог или психијатар.rn

10. Клиничка ликантропија

rnСтанува збор за верување дека личноста се претворила во животно или пак, дека е во процесот на претворање. Според досегашните податоци најголем број од луѓето веруваат дека станале или стануваат волци, но има случаи и кога тие веруваат дека станале жаби, мачки, коњи, птици, хиени, па дури и пчели. Оваа состојба е многу ретка.rn

11. Редупликативна парамнезија

rnОваа состојба може да настане од повреда на мозокот и резултатот е личност која верува дека одредена локација е ископирана и/или преместена на друго место. Често се забележувала кај војници со повреда на главата кои верувале дека болницата во која се сместени е во близина на нивниот роден град, а во реалноста таа била многу далеку.rn

12. Синдромот субјективен двојник

rnОние кои страдаат од овој синдром искрено веруваат дека имаат двојник кој има идентичен изглед, но сосема различен карактер и живот. Понекогаш овој двојник може да биде непознат, а понекогаш може да станува збор и за некој член на семејството. Во некои ситуации тие можеби дури и да станат гневни на одредена личност бидејќи веруваат дека таа им го украла нивниот изглед и ова може да доведе до различни видови психолошки и физички напади. Синдромот најчесто се појавува кај луѓе со биполарно растројство или со шизофренија и е многу редок.