Според приказните што медиумите ги споделуваат со нас, светот не изгледа како најдоброто место, но тоа не значи дека не се случуваат и убави работи. И покрај сите лоши, постојат и многу навистина добри работи кои се случуваат, и тоа во овој момент. Во последно време добрината околу нас не го добива потребното внимание, па во продолжение е листа од прекрасни работи кои се случуваат сега. Дали сте знаеле за која било од овие работи?rn
1. Научниците класифицирале нов вид поларна светлина наречена Стив
rn
rnrnОваа поларна светлина, или Аурора изгледа како панделка од светлина и е забележана во северната хемисфера.rn
2. Лекарите успешно поправиле оштетување на мозокот
rn
rnrnИстражувачите во САД успешно излечиле 2-годишно девојче кое имало оштетување на мозокот. Девојчето се удавило во базен и било вратено во живот, но нејзиниот мозок бил толку многу оштетен што тоа не можело да зборува, да реагира на гласови, ниту пак да оди. Сè што можело да направи било да ја мрда главата. Благодарение на третманот, девојчето се чувствува многу подобро, а штетата на мозокот е речиси целосно поправена.rn
3. Близу сме до одржлива нуклеарна фузија
rn
rnrnЗа оние кои не знаат, нуклеарната фузија може да биде решението за неограничен извор на енергија. На крајот на 2015-та година, во Германија почнал да се тестира ваков реактор и веќе некое време тестовите се успешни. Според научниците од МИТ, можеме да ја очекуваме енергијата од фузија пред 2030-та година.rn
4. НАСА ги објави сите свои истражувања
rn
rnrnМинатата година НАСА изјави дека до крајот на годината сите нивни истражувања ќе ѝ бидат достапни на јавноста, и тоа бесплатно.rn
5. Хипер-јамките можеби ќе станат реалност
rn
rnrnЕлон Маск веќе некое време работи на овој проект. Хипер-јамките се замислени како цевки кои ќе ги пренесуваат луѓето помеѓу градовите со огромна брзина. Веќе почнаа да се градат прототипови на хипер-јамки низ светот, и изгледа дека онаа што ќе ги поврзува Париз и Амстердам ќе биде готова пред 2021 година.rn
6. Сега можеме да го слушнеме универзумот
rn
rnrnИмаме детектирано уште најмалку 2 гравитациони бранови од 2015 година, а научниците сакаат да ги користат вселенските детектори како ЛИСА за да научат повеќе за нив.rnrnПродолжува на следната страница…rn
