Почитувани читатели,
rnИмаме особена чест и задоволство да ви соопштиме дека ова беше една успешна година за порталот www.kafepauza.mk. Вложениот труд, креативноста, посветеноста и љубовта кон пишувањето, резултираа со одличен крај на овогодишното дружење. Со постоење од само година и четири месеци, пред сè благодарение на вашата поддршка, успеавме да прераснеме во еден од најдобрите македонски портали.
Според гласовите на читателите, Кафе пауза се најде помеѓу петте финалисти во изборот за „Веб сајт на годината 2011“, во организација на „Media Solutions“, под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и Словачката амбасада во Македонија. Номинацијата се однесуваше на категоријата „Најдобар забавен сајт“. Ви благодариме од сè срце за дадената поддршка.rnrnВторото признание дојде од страна на хрватскиот избор за најдобри национални и регионални веб-сајтови за 2011 година „Vidi Web Top 100“ во организација на медиумската куќа „Vidi“. Овој избор се одржува по тринаесетти пат, а годинава од пријавени 2.700 сајтови, 1.739 беа номинирани во 11 категории. Кафе пауза беше номиниран во категоријата за најдобар веб-сајт на бившите југословенски простори помеѓу 73 сајта од регионот и успеа да влезе помеѓу десетте финалисти, бранејќи ја честа на македонските портали. Овој избор се базира врз одлуките на жири-комисија составена од 39 реномирани стручњаци и професионалци од 18 хрватски редакции и организации.rnrnИм честитаме на сите победници на двата избори и им посакуваме сè најдобро во иднина. За нас ова преставува огромен успех и мотив да продолжиме со добрата работа. Се надеваме дека и во иднина ќе ви претставуваме одлично друштво за време на вашите кафе паузи.rnrnОд срце,rnТимот на Кафе пауза
