КАФЕ ПАУЗА

Се плашите од пајаци? Постои начин како да се ослободите од таа фобија

Се плашите од пајаци? Постои начин како да се ослободите од таа фобија

Една од најчестите фобии е стравот од пајаци, а научниците од Холандија пронашле доброволци кои патат од оваа фобија и со нив ги испробале некои методи за ослободување од таквиот страв.rnrnСе плашите од пајаци? Постои начин како да се ослободите од таа фобијаrnrnНаучниците работеле со 45 доброволци кои се плашеле од пајаци. Секој од нив бил накратко изложен на контакт со тарантула и потоа добил доза пропранолол, бета-блокатор што се користи за лекување на срцеви заболувања и висок крвен притисок. И се случило чудо – кај секој од доброволците стравот драматично се намалил, а ефектот траел една година со тоа што се активирала амнезијата кога кај нив ќе се појавело некое сеќавање поврзано со пајаци.rnrnОсновач на оваа теорија е неврологот д-р Жозеф Л’До, кој пред скоро 20 години тврдел дека терапијата со овој вид лекови резултира во амнезија по активирањето на непријатната меморија. Досега, овој метод бил применуван само на животни.rnrnХоландските научници веруваат дека тоа ќе доведе до нови начини на лекување, односно бришење на трауматичните спомени и чувството на страв поради некои делови од паметењето.rn

Совети како да ги држите пајаците подалеку од креветот

rnРедовно менувајте ја постелнината бидејќи ова е еден од најлесните начини да ги задржите пајаците што е можно подалеку од креветот. Пајаците може да бидат привлечени од маснотиите од вашето тело, коса, делови од кожата итн.rnrnНе чувајте кутии или други работи под креветот. Ова им овозможува на пајаците да најдат погодно место каде може да се населат и да се размножуваат. Најдобро е да немате ништо под креветот и редовно да чистите.rnrnПопрскајте есенцијално масло на постелнината бидејќи одредени мириси ги одвраќаат пајаците. Ароматичните масла со мирис на портокал, нане, лимон и лаванда – се одлични за таа намена. Ставете неколку капки масло во шише со прскалка, ставете малку вода, добро протресете и испрскајте.rnrnПоместете го креветот малку подалеку од ѕидот, затоа што додека одат по ѕидот, пајаците може да се симнат на креветот и продолжуваат да се движат по вас. Исто така, не ставајте друг мебел до креветот.rnrnРедовно чистете ги светилките и вентилаторите во спалната соба, особено светилката над креветот, бидејќи пајаците може да се спуштат до креветот и да стигнат до вас.rnrnМожеби сакате да дознаете и што е тоа педофобија односно дали имате страв од деца?