КАФЕ ПАУЗА

Добредојде март: Цитати за најубавото годишно време

Март е еден од најубавите месеци, време кога полека ја испраќаме зимата, а се буди пролетта, прикажувајќи ни ги сите нејзини убавини. Иако официјално првиот пролетен ден започнува во втората половина на март, топлите денови г најавуваат нејзиното доаѓање и претходно. Покрај другото, март е месец кога многумина од нас одлучуваат да се променат, притоа црпејќи позитивна енергија од овој прекрасен период.rnrnrnrnЗатоа, погледнете ги овие пролетни цитати коишто ќе ве разбудат вас и вашите амбиции!rn

„Пролетта е будење на земјата. Ветровите во март се утринските проѕевања.“ — Луис Гризард

rn

„Нема зима што трае вечно. Не постои пролет којашто не доаѓа на ред.“ — Хал Борланд

rn

„Тоа беше еден од оние денови во март кога сонцето силно сјаеше и дуваше студен ветер: кога е лето на сонце, а зима во сенка.“ — Чарлс Дикенс

rn

„Нарциси, кои доаѓаат пред да се осмелат ластовичките и со убавина ги преземаат мартовските ветрови.“ — Вилијам Шекспир

rnrnrn

„Мартовски ветрови, добре дојдовте, овде има работа за вас. Работете и играјте и дувајте цел ден, одвејте ги подалеку зимските ветрови.“ – Џефри Чарлсворт

rn

„Март е како девојче со бушава коса, палава насмевка, кал на чевлите и разиграност во нејзиниот глас.“ — Хал Борланд

rn

„Пролетта е начин на кој природата кажува: ‘Ајде да се забавуваме!’“ — Робин Вилијамс

rn

„Пролетта нема да ме задржи повеќе во оваа куќа! Морам да излезам и повторно длабоко да го вдишувам воздухот.“ — Густав Малер

rn

„Пролетта попрво е препознаена од растенијата, отколку од луѓето.“ — Кинеска поговорка

rnrnrn

„Секоја пролет е единствена пролет — постојано воодушевување.“ — Елис Петерс

rn

„Ако немавме зима, пролетта немаше да биде толку пријатна.“ — Ана Бредстрит

rnrn