Познавате ли некој што не консумира млеко? Веројатно одговорот е „не“. Храната ја делиме на четири главни групи, а токму групата „млеко и производи од млеко“ се наоѓа на врвот од нутритивната пирамида, па така, млекото претставува неизоставен дел од здравата исхрана на човекот.rnrn
За целото семејство
rnДоколку, да речеме, не купувате млеко само за вас, туку за целото семејство, односно, да речеме дека сте задолжени за главното пазарување во домот, не заборавајте дека млекото игра важна улога во здравата исхрана, и тоа, во севкупниот контекст на исхраната и во внесувањето хранливи материи и калории. Затоа, стандардното трајно млеко со 3,2 % млечна маст е идеален избор за целото семејство и претставува дневна доза здравје за вашите деца.rn
За секојдневна употреба
rnДоколку сте од оние што водат мошне динамичен живот, ве притискаат обврските и брзото темпо на модерното живеење или едноставно немате премногу време да водите посебен режим на исхрана, но истовремено го сакате полниот богат вкус на млекото, за вас најсоодветно е млекото со 2,8 % млечна маст. Го има истиот богат вкус, но масленоста е редуцирана, така што е совршен спој на здравје, квалитет и, секако – вашата природа.rn
За љубителите на богат вкус
rnЗа оние што инсистираат на полн вкус, висока масленост и се вистински пасионирани гурмани, млекото со зголемена млечна маст од 3,5 % ќе ги задоволи и најпребирливите љубители на млекото. Одлично е како состојка во слатки рецепти поради својата богата структура, а и му дава побогат вкус на кафето, така што доколку не сте од оние што внимателно ги бројат калориите, туку за вас најважниот критериум е да уживате во вкусот, без сомнение, нема да згрешите доколку го изберете млекото со 3,5 % масленост.rn
За лесен режим на исхрана
rnСпротивно на ова, сепак, постојат и луѓе на кои им се важни калориите и внесувањето масти во исхраната. Но, и за нив има решение. Според тоа, постои и млеко со 1,5 % млечна маст што претставува одличен баланс помеѓу внесувањето на сите хранливи состојки од млекото, кои се целосно задржани, и намаленото внесување масти.rnrnДоколку, пак, одите и еден чекор натаму, и не само што внимавате на внесувањето масти, туку исклучително важна ви е и ниската вредност на калориите и сте од оние што внимаваат на својот изглед и се физички активни, тогаш за вас е млекото со само 0,9 % млечна маст, кое го нарекуваат и „light“ или нискомаслено млеко. Ова млеко е, всушност, за лица што преферираат полесен режим на исхрана, но не заборавајте: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите други млека.rnrnВо секој случај, важно е да знаете дека сите видови млеко, независно дали се со ниска или со висока масленост, природно се богати со хранливи материи и се категоризираат во здрава исхрана. Всушност, секое кравјо млеко ги содржи истите есенцијални хранливи вредности, вклучувајќи калциум, витамин Д, калиум, витамин Б-12 и витамин А, а сите млечни производи природно содржат и млечни протеини што помагаат во градењето цврста мускулна маса.rnrnПа така, нема да згрешите при изборот на кое било млеко. Разликата е единствено во вашите преференции. А, какви и да се тие, и за вас постои совршен избор.rnrnПогледнете во видеото што одговорија и потрошувачите во улична анкета и пронајдете кој профил ви одговара.rnrnhttps://www.youtube.com/embed/bFFl0XEWHkI