КАФЕ ПАУЗА

Убедливо најдобар: Дознајте кој комплимент најмногу им годи на жените

Убедливо најдобар: Дознајте кој комплимент најмногу им годи на жените

Добро познато е дека жените обожаваат комплименти. Лесно можете да ги придобиете нивните симпатии доколку знаете да ги одберете вистинските зборови. Тоа понекогаш може да изгледа како тешка задача, но едно британско истражување открило кој комплимент најмногу им годи на жените.rnrnУбедливо најдобар: Дознајте кој комплимент најмногу им годи на женитеrnrnИмено, жените повеќе се радуваат кога некој ќе им каже дека изгледаат младолико отколку кога ќе чујат дека ослабеле или дека новите фармерки им стојат совршено. Според резултатите од истражувањето, дури 60% од испитаните жени изјавиле дека обожаваат кога ќе чујат дека изгледаат младо и дека тоа е комплиментот кој најмногу може да им ја подигне самодовербата. 41% од испитаниците навистина би сакале да бидат помлади, а 62% од нив активно работат на забавување на процесот на стареење со помош на разни природни и козметички препарати.rnrnИстото истражување покажало дека жените на возраст од 39 години чувствуваат најголем стрес предизвикан од стареење, бидејќи им се ближи 40-тиот роденден. Наспроти тоа, најголема самодоверба поради нивниот изглед стекнуваат жените кои наполниле 55 години.