Најдобрите 7 книги за читање додека патувате

Сподели

Доколку планирате да патувате, или пак, едноставно копнеете по мала авантура што ќе ве извлече малку од секојдневието, тогаш ви ги препорачуваме следниве 7 книги во кои без сомнение ќе се изгубите. Уживајте во патот!rn

Реклама

Дивина (Wild) – Шерил Стрејд

rnАко сè уште не сте имале можност да го прочитате неверојатниот мемоар за авантурата на Шерил Стрејд напишана по тежок период од нејзиниот живот, тогаш веднаш посетете ја најблиската книжара и побарајте ја оваа книга. Таа ќе ви го скрши срцето, но истовремено и ќе ве инспирира.rn

На пат (On the Road) – Џек Керуак

rnМожеби оваа книга е постара, но тоа не ја прави помалку вредна. Баш напротив, нема да најдете подобар роман за патување што ќе ве натера во истиот момент да се спакувате и заедно со вашиот најблизок пријател да тргнете во сопствена авантура.rn

Реклама

Турчинот што сакаше јаболка (The Turk Who Loved Apples) – Мет Грос

rnЧовекот зад добро позната колумна за патување на Њујорк Тајмс споделува дел од своите најнезаборавни приказни што ги доживеал додека патувал. Не е сè уживање и убавина, битките се вистински дури и за време на патувањето, но сепак книгата е неверојатно забавна за читање.rn

Пораки од мал остров (Notes From a Small Island) – Бил Брајсон

rnЕдноставно не можете да згрешите со ниту една од книгите за патувања на Бил Брајсон – тој навистина е експерт за овој жанр. Но, ако веќе треба да одбереме една, тогаш ви ја препорачуваме оваа кратка авантура во Велика Британија, каде што тој се преселил во 1973.rn

Плажа (The Beach) – Алекс Гарланд

rnСовет за сите: Ако патувате во Тајланд, не дозволувајте да бидете вовлечени во интернационална организација за дрога. Можеби се сеќавате на филмската адаптација од оваа книга, но приказната е исто толку добра и без Леонардо Дикаприо во главната улога.rn

Реклама

Сонцето повторно изгрева (The Sun Also Rises) – Ернест Хемингвеј

rnЕх, да се биде во Шпанија во 20-тите години со Хемингвеј и неговото друштво кое ужива во многу алкохол… Но, почекајте додека тие тргнат кон трката на бикови, каде што нештата вистински ќе се разгорат. Дури и вие ќе се почувствувате мамурно кога ќе завршите со читање.rn

Географија на спокој (The Geography of Bliss) – Ерик Вајнер

rnНа поголемиот дел од нас навистина ни треба дополнителна доза среќа, особено околу празниците. Па, доколку сакате да го добиете тоа, тогаш влезете во неверојатниот свет на Вајнер кој патува во потрага по среќата…

Најново

Може ќе ве интересира