Оваа лесна торта освежува и заситува, но и не содржи многу висококалорични намирници, што ја прави одлична за оние кои се на диета. Љубителите на овошните десерти ќе ја обожаваат!rnrn
rnrnЗа подготовка на оваа торта се потребни 40 минути.rn
Потребни состојки за 4 лица:
rn
- rn 011
- 200 грама пишкоти
- 100 грама капини
- 100 грама боровинки
- 3 јајца
- 100 грама шеќер
- 150 милилитри млеко
- 1 ванилин шеќер
- 400 грама свежо кравјо сирење
- 300 милилитри готова шлаг пена
- 5 листови желатин
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Јајцата, шеќерот, ванилиниот шеќер и млекото изматете ги на пареа или на оган додека не добиете пенест крем. Потоа додајте го желатинот, кој претходно сте го намокриле во студена вода и матете уште една минута.
- Изматете го сирењето со миксер додека не стане пенесто и потоа измешајте го со жешкиот крем.
- Изладете ја смесата на собна температура и во неа додајте половина од овошјето и шлагот.
- Во калап наредете ги пишкотите на дното и прелијте ги со кремот. На крајот нежно удрете го калапот од масата за кремот да ги пополни празните места. Наредете го и останатото овошје. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку шест часа.
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnДобар апетит!rnrnДали знаевте дека боровинките го забавуваат стареењето?