КАФЕ ПАУЗА

14-те најпопуларни книги во 2015 за кои сите зборуваат

Written by

in

2014 беше добра година за љубителите на пишаниот збор. Излегоа многу интересни книги како дебитантските „Не сум таква девојка“(„Not that kind of girl“) од Лина Данам и „Да, ве молам“ („Yes please“) од Ејми Пoлер, кои дефинитивно поттикнаа многу дискусии околу жените и нивните зафатени животи. А во 2015, гигантот за книги, „Гудридс“ веќе направи листа на најчитани книги со највисоки оцени. Погледнете кои се тие.rnrn00-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mkrn

БЕЛЕТРИСТИКА

rn

1. Малку живот (A little life) – Ханија Јанагихара

rnПреку призмата на овој роман дознаваме за животите на четири студенти кои се селат од Масачусетс во Њујорк притоа набљудувајќи како се менува нивниот однос кога се соочени со животни предизвици како: скршени срца, амбиција, зависности и професионален успех. Но, од нив отскокнува животот на Џуд, поточно нејзиното проблематично детство.rn

2. Тајната мудрост на Земјата (The secret wisdom of the Earth) – Кристофер Скотон

rnВо оваа приказна, Кристофер Скотон го доловува ликот на 14-годишниот Кевин, кој откако сведочи за ужасната смрт на неговиот брат, го поминува летото во Кентаки заедно со неговата мајка. Во текот на неговиот престој таму, тој станува пријател со момче по име Бази, кој го учи како да преживее кога на градот му се заканува моќна компанија што сака да го уништи.rnrn1-14-te-najpopularni-knigi-vo-2015-za-koi-site-zboruvaat-kafepauza.mkrn

ДОКУМЕНТАРНА ЛИТЕРАТУРА

rn

3. Гетосајд: Приказна за убиство во Америка (Ghettoside: A story of murder in America) – Џил Лиови

rnВо центарот на овој возбудлив роман e загрижувачката стапка на убиства, особено на мажи црнци, во јужниот дел од Лос Анџелес. Станува збор за убиството на Брајан Тенел во 2007. Моќното раскажување ни ги портретира ликот на детективот Џон Скегс и неговиот тим кои работат на разрешување на убиството, бараат правда и се грижат за безбедноста на градот.rn

4. Мртва трага: Последниот премин на Луситанија (Dead Wake: The last crossing of the Lusitania) – Ерик Ларсон

rnЕрик Ларсон ја раскажува тажната приказна која ќе ви ги распара срцата за бродот Луситанија, кој бил нападнат од страна на Германците за време на Првата светска војна. Оваа книга дава темелен приказ за промените на војната, опасноста на ароганцијата и суетата како детален и интимен преглед на една од најголемите трагедии на 20-тиот век.rn