rn
РОМАНСА
rn
13. Никогаш, никогаш (Never never) – Колин Хувер и Терин Фишер
rnСајлас и Чарли се долгогодишни пријатели кои уште од средношколските денови се заљубуваат. Едно утро тие се будат, а целата нивна меморија е избришана. Кои се тие? Што прават овде? Ова се само дел од низата прашања кои поминуваат низ нивните глави. Оваа книга е како сложувалка чии ликови честопати се расплетуваат и целосно се одделуваат за на крај повторно да се сплотат во едно.
rn
14. Договорот (The deal) – Ел Кенеди
rnХана Велс се сложува да биде тутор на капетанот на хокеарскиот тим само под услов тој да излезе на состанок со неа (со што се надева дека ќе го привлече вниманието на момчето кое навистина ѝ се допаѓа). Но, откако ќе помине повеќе време заедно со него, капетанот на хокеарскиот тим сфаќа дека сака нешто повеќе со неа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

