Историја, астрономија, филозофија, математика, јазици… древните писатели ги опфатиле сите полиња на науката. Некои луѓе веруваат дека изгубените древни книги се резултат на човековото незнаење за минатото. Погледнете некои од најинтересните книги кои денес, за жал не постојат.rn
1. Персика на Ктесијас (Ctesias’ Persica)
rn
rnrnКтесијас бил грчки лекар и историчар кој работел во судот на персиските кралеви Дариус Втори и Артаксеркес Втори, од 405 до 398 година пред нашата ера. Откако Ктесијас се вратил во Грција на почетокот на четвртиот век пред нашата ера, тој напишал книга со име „Persica“, историја на Средниот Исток составена од 23 книги. Книгата започнува со Асириската империја за време на кралот Нинус, и завршува со владеењето на Артаксерекс Втори. Книгата денес е изгубена и постојат само фрагменти и коментари од други писатели.rn
2. Астрономскиот трактат на Аристаркус (Aristarchus’ Astronomical Treatise)
rn
rnrnДрвениот грчки математичар и астроном, Аристаркус од Самос, бил многу напреден со своите астрономски идеи. Тој ја претставил својата визија за систем во кој Сонцето се наоѓа во центарот во книга која денес е изгубена. Познато е дека во Александриската библиотека имало барем еден примерок од оваа книга.rn
3. Вавилонија на Беросус (Berossus’ Babyloniaca)
rn
rnrnБеросус бил свештеник од Вавилон кој „цутел“ во третиот век пред нашата ера. Тој бил автор на историјата на Вавилон, дело составено од 3 книги. Првата книга го опишувала Вавилон и неговото настанување. Втората книга ја раскажувала историјата на Вавилон. Третата книга била за политичката историја на Вавилон до доаѓањето на Александар Македонски. Сите копии на книгата се изгубени и останати се само неколку фрагменти запишани од други автори.rn
4. Мерките на земјата од Ератостен (Eratosthenes’ On the Measurement Of The Earth)
rn
rnrnЕратостен бил древен учител кој бил познат по неговото знаење од областа на математиката и географијата. Тој напишал трактат каде што го одредил обемот на Земјата. Во оваа книга тој напишал дека обемот на земјата е 40.000 километри. Овој број е околу 15% поголем од денешните мерења, но е еден од најточните пред појавата на технологијата за мерење.rn
5. Книгите на Питагора
rn
rnrnКога читаме за Питагора, добиваме информации дека тој не напишал ништо. Оваа идеја не се совпаѓа со некои древни извори кои тврдат дека Питагора оставил пишани дела кои денес се загубени. Се верува дека некои од неговите книги се пронајдени во ковчегот на кралот Нума. Римјаните, кои не биле филозофски настроени, ги запалиле сите негови книги.rnrnПродолжува на следната страница…rn