КАФЕ ПАУЗА

Неверојатни геометриски замоци од песок

Артистот Келвин Сиберт од Њујорк кој е познат по својата работа со песочните замоци, повторно ги изненадува своите фанови. Тој секој пат кога започнува со градењето, прави нешто ново и различно така што ја следи својата имагинација и му овозможува на песокот природно да оформува геометриски фигури. Резултатите се фантастични облици кои изгледаат како да се од некој друг свет.rnrnНеверојатни геометриски замоци од песок rnrnУпотребувајќи ги само своите раце и пластична алатка за израмнување, Сиберт внимателно му дава форма на деликатниот песок и го претвора во скулптури за кои се потребни часови, па дури и денови за да се завршат. Тој со помош на водата ги зацврстува овие градби, а останатата работа слободно може да му се препише на неговиот талент и искуство.rnrnНеверојатни геометриски замоци од песок rnrnИ покрај тоа што изградбата на овие замоци е малку комплицирана и понекогаш ограничена со време, Сиберт ужива во предизвиците кои му ги подготвува природата. Според него, најдобриот дел е да им се овозможи на формите да растат како „органски машини“ чија експанзија е временски ограничена само од силата на брановите.rnrn


rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.