Филмски маратон: Овогодишните номинации за Оскар за најдобар филм

Сподели

rn

Реклама

Скриени фигури (Hidden Figures)

rnВо раните 1960-ти години, додека Америка се обидувала да го надмине Сојузот на Советските Социјалистички Републики во вселенската трка, три математички и технолошки надарени африканско-американски жени мора да се справат со расизмот и сексизмот за да ја завршат својата клучна задача во НАСА.

rn

Ла Ла Ленд (La La Land)

rnТалентираната актерка Миа и џез пијанистот Себастијан се борат да ги остварат своите соништа во Лос Анџелес, дури и покрај суровата природа на шоу-бизнисот. Како што ги надминуваат одбивањата и препреките на патот до успехот, тие откриваат скриена љубов меѓу нив.

rn

Лав (Lion)

rnОткако бил одвоен од своето семејство во Индија, 5-годишниот Сару бил посвоен од страна на австралиски пар што го одгледал со голема љубов. Но, како возрасен, тој е прогонуван од новооткриените сеќавања што го преплавуваат за своите биолошки родители и се обидува да ги пронајде.

rn

Манчестер покрај море (Manchester by the Sea)

rnКога неговиот сакан постар брат умира, Ли Чендлер се враќа во родниот крај, мала рибарска заедница во Масачусетс. Таму, Ли се бори со тагата и трагедијата од неговото минато додека истовремено повикува сила да ја утеши својата внука тинејџерка за која сега тој се грижи.

rn

Месечева светлина (Moonlight)

rnКако што преминува од детството во светот на возрасните во Мајами, млад човек се обидува да преживее во сиромаштијата и дрогата што владее со неговото маало, поставувајќи си нов идентитет и прифаќајќи ја целосно својата сексуалност.

Популарно

Може ќе ве интересира