Секоја година Оскарите ги извлекуваат најдобрите и најквалитетните приказни во текот на последните 12 месеци, давајќи ни одлична листа за филмски маратон. Започнувајќи од омилениот жанр во последниве неколку години, научната фантастика, па сè до драмата и историските приказни, оваа година нè очекува вистинска луда железница од емоции кај кандидатите за Оскар.rn
Пристигнување (Arrival)
rn
rnrnКога 12 вселенски летала ќе слетаат на Земјата, војската бара помош од професорката по лингвистика Луиз Бенкс и теоретскиот физичар Иан Донели да најдат начин да комуницираат со посетителите.rnrnrn
Огради (Fences)
rn
rnrnТрој Максон, поранешна спортска ѕвезда во црната лига, живее со својата сопруга Роуз и синот тинејџер Кори во Питсбург во 1957 година. Трој е огорчен поради пропуштањето на интеграцијата на професионалниот бејзбол и неговите сфаќања за животот и расите, па тоа почнува да влијае на врската со Кори – млад талентиран фудбалер.rnrnrn
Гребенот на спасот (Hacksaw Ridge)
rn
rnrnВистинската приказна за Дезмонд Дос, кој се придружува на војската за време на Втората светска војна дури и покрај своите пацифистички сфаќања. Тој почнува да работи како невооружен доктор и спасува многу животи за време на битката во Окинава.rnrnrn
По секоја цена (Hell or High Water)
rn
rnrnТоби и неговиот брат Танер, кој порано работел како измамник, решаваат да ја ограбат западната тексашка банка со цел да соберат доволно пари за да го спречат затворањето на нивниот семеен ранч.rnrnrnrnПродолжете на следната страница за останатите 5 номинации…rn
