КАФЕ ПАУЗА

3 најжешки женски секс-фантазии

Фантазирањето е одличен начин да ја разбудите вашата скриена и потисната страст. Иако машките се експерти за фантазирање и замислување сексуални сцени, и жените можат да бидат многу креативни и страсни на овој план. Нашите фантазии понекогаш можат и да нѐ изненадат, но не грижете се, бидејќи за сѐ постои објаснување. Ова се топ 3-те најжешки женски сексуални фантазии.rnrn3-najzheshki-zhenski-seks-fantazii-kafepauza.mkrn

1. Секс со позната личност

rnВодењето љубов со актер или со познат спортист е честа женска мечта, но објаснувањето за неа е многу едноставно. За вакво сценарио, најчесто фантазираат жените кои се во долги и стабилни врски, а симболизираат „сигурно“ неверство, односно нешто страсно што нема да ја наруши сигурноста на врската.rn

2. Секс со повеќе луѓе

rnГрупниот секс со повеќе парови е уште една честа скриена женска фантазија која многу жени не би сакале да ја споделат со други. Но, не се работи за желба, туку за чиста сексуалност поврзана со чувство на невидливост. Жените кои понекогаш мечтаат за ваква сцена, во стварноста сакаат да добијат внимание. Со чувството на незабележливост се врзуваат и соништата со секс на јавно место, секс под маска или заведување покрај отворен прозорец додека некој ве гледа.rn

3. Секс со друга жена

rnИстражувањата покажуваат дека секоја трета жена признава дека барем еднаш се замислила дека води љубов со друга жена. Не се работи за лезбиски склоности туку за нашата љубопитна природа. Жените кои мечтаат за страстен секс со друга женска личност, се многу нежни, чувствителни, страсни, а ваквите фантазии симболизираат недостаток на внимание или нежност од страна на партнерот.