Од моментот кога првпат го запознавме момчето кое живееше во креденецот под скалите, знаевме дека ќе станеме дел од една посебна приказна. Независно дали сте ги прочитале книгите и сте ги гледал филмовите само еднаш или сте фан кој знае во која куќа припаѓате, кој е вашиот Патронус и какво е вашето волшебно стапче, Хогвартс секогаш ќе биде вашиот дом.rnrn
rnrn rnrnБевме таму кога Хари го пронајде каменот, влезе во одајата на тајните, го ослободи затвореникот, беше избран од пламениот пехар, стана дела од Редот, го запозна полукрвниот принц и ги собра сите реликвии на смртта и низ сето тоа, научивме многу важни животни лекции за кои можеме само да се надеваме дека ќе останат со нас… Засекогаш.rnrn1. Секогаш постои надеж. Според Албус Дамблдор, Среќата може да се пронајде дури и во најтемните моменти доколку се сетите да го вклучите светлото.rnrn
rnrn2. Сите добри работи им се случуваат на оние кои чекаат. И ниедно чекање не може да се спореди со 12-годишното во Азкабан за убиствата на вашите пријатели да бидат оправдани.rnrn
rnrn3. Бидете горди на своите лузни. Лузната на Хари го направи тоа што е и вашите лузни не се ништо поразлични. Прифатете ги, бидејќи токму тие се доказ за вашата храброст.rnrn
rnrn4. Никогаш не ги осудувајте другите по нивниот изглед. Независно кои сте и што сте, луѓето треба да ги судите само по нивните дела.rnrn
rnrn5. Не плашете се да бидете оригинални и уникатни. Некои луѓе можеби ќе мислат дека сте малку чудни, но тоа не ја запре Луна да продолжи да верува во себе, ниту пак треба да ве запре вас.rnrn
rnrn6. Љубовта е најдоброто оружје и најдобрата заштита. Основата на преживувањето на Хари се темели на љубовта на неговата мајка и не постои буквално ништо посилно на светот од неа.rnrn
rnrn7. Борете се за она во коешто верувате. Понекогаш тоа значи да се соочите со Темниот господар, а понекогаш значи да ги поддржите и вашите пријатели или да ги запрете да сторат нешто за што подоцна ќе се каат.rnrn
rnrn8. Чоколадото е решение на сите проблеми и може да излечи сѐ. Без разлика за што станува збор!rnrn
rnrn9. Постои време и место за сѐ. Фотографирањето е супер, но не ако на ѕидот има крвава порака дека на слобода е чудовиште кое ги замрзнува сите кои ќе го погледнат в очи.rnrn
rnrn10. Во животот ќе треба да преземете неколку ризици. Ако не се осмелуваме да го направиме тоа, тогаш никогаш нема да дознаеме што пропуштаме.rnrn
rnrn11. Каде и да сте, запомнете дека секогаш ќе постои место каде ќе можете да се чувствувате како да сте во домот во којшто припаѓате. Како што вели познатата изрека, домот е онаму каде што е срцето.rnrn
rnrn12. Понекогаш треба само да се опуштите и да се насмеете. Сигурни сме дека токму оваа реченица е мотото на Фред и Џорџ.rnrn
rnrn13. Нашите избори се оние работи што нѐ дефинираат. Како што вели Сириус Блек, сите ние имаме и светлина и темнина во себе. Она што е важно е делот со кој ќе избереме да дејствуваме – тоа сме вистинските ние.rnrn
rnrn14. Пријателството значи секогаш да бидете тука еден за друг. Пријателите се секогаш тука да ви ја дадат потребната поддршка, независно колку тежок може да биде предизвикот.rnrn
rnrn15. Но, понекогаш треба самите да ги направиме работите. Пријателите знаат кога треба сами да се соочите со некој или нешто и ќе ве остават да го решите проблемот, дури и кога сакаат да дојдат со вас.rnrn
rnrn16. Оние личности кои ги сакаме никогаш нема да нѐ напуштат. Смртта не може да ја запре љубовта и оние кои сме ги изгубиле секогаш ќе останат во нашите срца.rnrn
rnrn17. И најважната лекција: Верувајте во магијата. Таа е насекаде и може да ви се случи дури и кога најмалку ја очекувате.rnrn
17 животни лекции кои сите ние можеме да ги научиме од Хари Потер
