Како да си направите држачи за козметика од пластични шишиња?

Сподели

Во вашата бања секогаш имате расфрлани моливчиња за очи, римели, четки за нанесување руменило, пинцети и четки за заби? Зошто да не го средите хаосот, складирајќи ги во креативни пластични држачи, кои на многу едноставен начин ќе си ги направите сами, рециклирајќи пластика. Потребни ви се: мали пластични шишиња, нож, пар ножици и врела пегла.

Реклама

Исечете го грлото на шишето, поправете ги несовршеностите со ножици, а потоа прилепете ја жешката пегла до устата на преостанатиот дел од шишето, за да се зацврсти и формира работ на држачот. Потоа, наредете ја вашата козметика во симпатичната чашка и уживајте во вашиот рециклиран производ. 



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира