КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • Што е безусловна љубов?

    Што е безусловна љубов?

    Секој од нас посакува вистинска љубов во животот, но дали знаеме што претставува љубовта? Безусловната љубов е многу поразлична од љубовта што сме навикнати да ја примаме, па така повеќето од нас не знаат што таа навистина претставува.rnrnШто е безусловна љубов?rnrnВсушност, концептот на љубовта во денешно време повеќе се сведува на различни форми на занес, страст, наклонетост или егоистичка потреба. Реалноста е дека вистинската љубов е толку ретка и скапоцена. Моментот кога ќе искусите вистинска, безусловна љубов е моментот кога ќе почувствувате дека другата личност ве разбира, ве прифаќа и што е најважно од сè, ве сака онакви какви што сте.rnrnЕве на кои начини можете да покажете безусловна љубов кон себе, но и кон другите:rn

    1. Не отфрлајте ги емоциите кои не ви се допаѓаат туку научете да ги прифаќате

    rnУште од детството сте научени да ги избегнувате и потиснувате „негативните“ емоции по секоја цена. Сепак, ова е знак дека не сте во состојба да се прифатите себеси и она што сте. Затоа, прифатете ги вашите чувства, наместо да се борите да ги запрете емоциите или да се преправате дека сè е во ред. Почитувајте ги вашите чувства такви какви што се, заедно со нивните пораки.rn

    2. Воспоставете врска со вашето тело

    rnКако се чувствува вашето тело додека ги искусувате негативните емоции? Дали сте болни, уморни, нервозни или напнати? Внимателно набљудувајте го телото без да носите заклучок однапред. Дишете длабоко и обидете се да се опуштите. Тоа ќе ви помогне и да дојдете до подлабоките нивоа на внатрешниот мир.rn

    3. Прифатете ги вашите негативни мисли и навики

    rnЗапомнете дека овие мисли и навики не ве дефинираат и затоа не мора да се идентификувате со нив. Прифатете ги негативните мисли, па дури и тенденцијата да се мразите себеси или другите. Дури и чувството на одвратност кон себе е начин на практикување безусловна љубов.rn

    4. Запрашајте се дали го условувате на некој начин односот кон другите

    rnБидете искрени. Дали нечие однесување или верување е главната причина поради која не можете да ја изразите љубовта? Во ред е во одреден момент да почувствувате лутина и тага кон друга личност, но искажувањето љубов е сосема друга приказна. Што можете да направите за да го отворите своето срце пред друга личност или група луѓе во вашиот живот?rn

    5. Простете им на другите, но и себеси

    rnПростувањето е вистински чин на самоослободување. Преку простувањето, вие се ослободувате од товарот на огорченоста од вашето срце. Размислете за сите незадоволства кои ги доживувате во моментот.rn

    6. Сакајте се себеси, но сакајте ги и другите

    rnБезусловната љубов значи прифаќање на своите, но и туѓите убави и грди карактеристики. Запомнете дека никој не е совршен, ниту пак некој ја има таа способност да постане совршен, затоа што животот е постојан процес на растење и учење.rnrnОткако прочитавте што претставува безусловната љубов, можеби ќе сакате да прочитате и 6 цитати за безусловната љубов кои целосно ќе ви го променат животот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

    Како да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?

    Секој од нас копнее по разбирање и емпатија од страна на друго човечко суштество. Самиот чин на обвинување за нешто што не сме направиле може да ни предизвика чувства на вознемиреност, лутина, несигурност и ниска самодоверба. Како да постапиме доколку самиот партнер е тој што нè обвинува, на пример, дека сме неверни?rnrnКако да се справите со лажните обвинувања во љубовната врска?rnrnЛичноста која не се чувствува сигурно во врската може да има перцепција дека партнерот е неверен, особено доколку во минатото имало случаи на изневерување на меѓусебната доверба. Сепак, довербата е нешто што тешко се гради, но лесно може да се сруши.rnrnТака, кај некои луѓе се појавува чувството на недоверба кон другите, па макар и кон саканите личности, како резултат на трауми во минатото, почнувајќи уште од детството. На пример, ако еден од нашите родители имале некаква афера, можеби ќе живееме со стравот дека и нашиот партнер ќе го направи истото.rnrnОд друга страна, доколку не сме се чувствувале безбедни во рамките на домот и семејството, тоа може да доведе до тоа да се чувствуваме дека не сме достојни или заслужни за љубов и безбедност. Затоа, несвесно ќе се убедуваме себеси дека не постои безбедна љубовна врска и дека кога-тогаш партнерот ќе нè изневери и повреди.rnrnЕве како да постапите доколку партнерот ве обвинува за работи кои не сте ги направиле.rn

    1. Бидете искрени со себе

    rnДоколку постои некаква вистина во обвинението, макар и делумна, тогаш најдобро е да си ја признаете вината и да најдете соодветно време и начин за тоа да му го соопштите на партнерот. Можеби и не се работи за афера, но сепак, постои нешто што партнерот го насетува. Можеби сте станале емотивно поврзани со некого на начин што негативно влијае врз вашата врска. Ако е така, размислете која е причината за дистанца во врската, што можеби ве доведува до тоа да барате поголемо разбирање и утеха на друго место.rn

    2. Обратете внимание на стравот и несигурноста на партнерот

    rnМожеби се чувствувате огорчено поради лажното обвинување за афера, но не заборавајте дека тоа можеби се должи како резултат на несигурноста на партнерот. Можете да ми пристапите со зборовите: „Мислиш дека имам афера. Сакам да те уверам дека не е така… и се прашувам дали можам да направам нешто за да се чувствуваш посигурно со мене“. Доволно е да му оставите до знаење дека го сакате и дека сте подготвени да вложите повеќе труд за вашата врска да успее.rn

    3. Не заборавајте кои сте

    rnНајважното нешто кога лажно ве обвинуваат е да останете доследни на себе и на сопствената вистина, наместо да дозволите другите да создадат некаква слика за вас според начинот на кој ве гледаат. Сепак, вистински предизвик е да се задржи достоинството во таквите моменти и затоа не треба лесно да се откажувате. Доколку продолжат проблемите без можност за некакво решение, тогаш единствената опција би била средбата со психотерапевт.rnrnОткако прочитавте како да се справите со лажните обвинувања од страна на партнерот, можеби ќе сакате да прочитате и што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?

    Зошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?

    Доколку сте склони кон тоа постојано да кажувате мали лаги во врската, не само што ја нарушувате довербата на вашиот партнер туку ја нарушувате и самата врска. Иако ви се чинат безопасни, сепак криењето и лажењето можат навистина да ја загрозат врската. Во продолжение прочитајте зошто треба да му ставите крај на таквото однесување.rnrnЗошто треба да им ставите крај на малите лаги во љубовната врска?rn

    1. Може да ви прерасне во навика за идни лаги

    rnКолку повеќе лажете за малите нешта (кои ви се чинат сосема безначајни) шансите дека ќе почнете да лажете за поголеми и посериозни работи стануваат уште поголеми. Со други зборови, колку повеќе лажете толку повеќе се навикнувате на лажење. Имајте на ум дека обидите за лажење можат да завршат неславно – со тоа што ќе бидат откриени од страна на партнерот, или уште полошо, со крај на врската.rn

    2. Ја нарушувате довербата на партнерот и не покажувате почит спрема него

    rnНикој не сака да го лажат. Замислете вие како би се чувствувале доколку ве лаже партнерот. Освен тоа, лажењето не само што доведува до нарушување на довербата туку и непочитување на љубовта што партнерот ја чувствува кон вас.rn

    3. Лажењето предизвикува чувства на страв и непријатност кај партнерот

    rnОткако веќе еднаш сте го излажале партнерот, тој постојано ќе се грижи и ќе се прашува дали лажете или криете работи од него. Вашиот партнер никогаш нема да знае со сигурност дали сте престанале со лажење или не бидејќи веќе сте го излажале. Наместо тоа, ќе почне да сомнева во сето она што го тврдите и ќе живее во страв и вознемиреност, чекајќи да ја открие вашата следна лага.rn

    4. На партнерот ќе му биде потешко да ви верува следниот пат дури и кога ја зборувате вистината

    rnСекако, не можете вие да го обвинувате за тоа бидејќи токму вие сте го предизвикале тоа чувство на сомнеж.rn

    5. Лагите лесно можат да предизвикаат раздор меѓу вас и партнерот

    rnМожеби сметате дека партнерот ви простил за лагите, но вистината е дека тој секогаш ќе се сеќава на нив. Ќе се сеќава на тоа дека сте можеле да го гледате во очи и да го лажете. Освен тоа, голема е веројатноста дека во текот на некоја друга расправија која можеби и нема никаква поврзаност со ова, тој ќе ги изнесе на површина. На крајот на краиштата, тоа е ваша вина.rnrnОткако прочитавте зошто треба да им ставите крај на малите лаги во врската, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме

    28 лаги во кои анксиозноста нè тера да веруваме

    Ако честопати страдате од анксиозност, никогаш не верувајте во лагите што таквото чувството може да ви ги наметне. Тие можеби изгледаат вистинити, но запомнете дека вашата анксиозност само си поигрува со вашиот ум. Еве за кои видови лаги може да станува збор.rnrn28 лаги во кои анксиозноста нè тера да верувамеrn

    Мисли поврзани со љубовните врски

    rn1. Не сум достоен/а за партнерот, а партнерот во сè е подобар од мене.rnrn2. Сметам дека на партнерот би му било многу подобро со некој што не се справува со анксиозност како мене.rnrn3. Честопати мислам на тоа дека никој никогаш нема да сака да биде со мене.rnrn4. Секогаш мислам дека на крајот јас сум тој/таа што ќе биде повреден/а.rnrn5. Често се прашувам дали бев јас причината за раскинувањето и дали ако не се однесував така, ќе можевме да имаме нешто што ќе трае вечно.rn

    Мисли поврзани со пријателите и семејството

    rn6. Не ме сакаат ниту пријателите, ниту семејството и затоа никој не сака да се дружи со мене.rnrn7. Во средно училиште не сакав да се дружам затоа што мислев дека сите ме мразат.rnrn8. Не сакам да им верувам на луѓето затоа што на крајот ќе ме изневерат.rnrn9. Анксиозноста ме тера да сметам дека моите пријатели не се грижат за мене кога длабоко во себе знам дека ме сакаат.rnrn10. Мислам дека моите пријатели ме озборуваат, исмејуваат и осудуваат зад мојот грб.rnrn11. Мојата анксиозност ми вели дека не поминувам доволно време со моите деца, а сепак длабоко во себе знам дека не е така.rnrn12. Го трошам времето грижејќи се за работи кои не се важни отколку да бидам присутен/а во сегашниот момент.rnrn13. Не ги воспитувам доволно добро моите деца, а сепак во себе знам дека давам сè од себе.rn

    Мисли за себе

    rn14. Не сум доволно добар/а, не успеав во минатото, нема да успеам ниту сега.rnrn15. Никој нема доживеано толку неуспеси како мене.rnrn16. Никогаш нема да ги постигнам моите цели.rnrn17. Никогаш нема да бидам „нормален/а“.rnrn18. Никогаш нема да бидам убава како другите жени, ниту пак самоуверена како тие.rnrn19. Анксиозноста ме тера постојано да се споредувам со другите.rnrn20. Сите зборуваат за мене, но никогаш на позитивен начин.rn

    Мисли поврзани со работата

    rn21. Не сум доволно добар/а на работа и честопати мислам дека ќе добијам отказ.rnrn22. Мојата анксиозност ме тера да се чувствувам лошо и загрижено секогаш кога мојот шеф сака да разговара со мене.rnrn23. Не сум работник за пример, земам премногу слободни денови, а тоа ме прави да се чувствувам како тотален неуспех.rnrn24. Не знам како ќе се справам со овие настани, има толку многу луѓе, а јас ќе направам будала од себе.rn

    Мисли поврзани со животот

    rn25. Сметам дека не ми претстои никаква убава иднина.rnrn26. Мојата анксиозност секогаш ме тера да чувствувам дека нешто ќе тргне наопаку, дури и ако работите се движат во вистинската насока.rnrn27. Сам/а сум. Се чувствувам осамено иако имам пријатели.rnrn28. Никогаш нема да бидам среќен/а.rnrnОткако ги прочитавте лагите кои честопати ни се наметнати од страна на анксиозноста, можеби ќе сакате да прочитате и како да се справите со социјалната анксиозност.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Што претставува вистинската љубов според будизмот?

    Што претставува вистинската љубов според будизмот?

    Љубовта е најголемиот благослов за човештвото. Длабоката, вистинска љубов се раѓа кога две души се поврзуваат една со друга. Но, според будизмот, со љубовта доаѓаат и желбата и копнежот што предизвикуваат страдање. Како будистите гледаат на љубовта и врските? Според светски познатиот водич, Тич Нат Хан, Буда верувал во универзална, безусловна љубов – љубовта што сите ние ја чувствуваме кон Мајката Земја.rnrnШто претставува вистинската љубов според будизмот?rnrnРомантичната љубов може да биде извор на радост и среќа доколку се работи за вистинска љубов. Но, ако врската не се засновува врз вистинска љубов, таа може да доведе да предизвика болка и страдање и за двајцата партнери. Што е вистинска љубов според будизмот? Тоа е љубовта која е безусловна и ослободена од приврзаност.rnrnСпоред учењата на Буда, љубовта се состои од четири елементи:rn

    1. Маитри (добрина)

    rnМаитри се однесува на способноста да направите некого среќен преку добрина. Доколку не можете да го усреќите партнерот во врската, тогаш постои јасен недостаток на емоционална поврзаност. Меѓутоа, за да усреќите друга личност, најпрвин треба да се усреќите себеси. Ако се борите со задоволување на сопствените емоционални потреби, не само што ќе бидете несреќни во животот туку тоа ќе ја намали и вашата способност да му пружите среќа на партнерот. Среќата зависи само од вас и од прифаќањето себеси онакви какви што сте.rn

    2. Каруна (сочувство)

    rnСочувството ви овозможува да гледате со емпатија кон другите и да им пружите помош на оние на кои им е најпотребна со цел да се намали нивното страдање. Преку сочувството вие можете да им покажете на оние кои ги сакате дека се грижите за нив, наместо само да им го кажете тоа. Емпатијата ви помага да ја сфатите болката на другите и да ја претворите во љубов.rn

    3. Мудита (радост)

    rnМудита е термин кој потекнува од санскритскиот јазик и означува несебична и милосрдна радост. Тоа е еден вид индиректна среќа која можете да ја доживеете благодарение на чувството на задоволство и возбуда за туѓата благосостојба. Кога го предизвикувате страдањето на партнерот поради вашите несигурности и егото, тоа доведува и до ваше, лично страдање. Затоа, престанете да го контролирате партнерот и да бидете љубоморни, а наместо тоа, вежбајте мудита.rn

    4. Упекша (поврзување/недискриминирање/споделување)

    rnКога ја дискриминирате и ја исклучувате саканата личност од она што ви е важно, тогаш тоа не е вистинска љубов. Ако не чувствувате болка во страдањето на вашиот партнер и ако вашиот партнер не е задоволен од вашите достигнувања, значи дека не постои никаква духовна врска меѓу вас двајцата. Вистинската љубов не знае за поделба или дискриминација. Вашето страдање е и страдање на партнерот, а вашите проблеми се и негови проблеми. Овој начин на размислување може да ја направи врската многу посилна и посреќна.rnrnОткако прочитавте што преставува вистинската љубов според будизмот, можеби ќе сакате да прочитате и како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Како да се справите со траумата од претходната љубовна врска?

    Понекогаш, соочувањето со траумите од поранешната љубовна врска е една од најтешките работи во животот. Дали сметате дека вашата сегашна врска ќе функционира нормално ако не се справите со траумата од претходната?rnrnКако да се справите со траумата од претходната љубовна врска?rnrnКолку и да сакаме во веруваме во старата поговорка дека „времето лечи сè“, сепак тоа е лага. Дури и ако сме доживеале траума пред десетици години, сè уште може да ги чувствуваме негативните последици. Таквите последици можат да остават длабоки траги, особено во нашите односи со другите.rnrnСепак, постојат начини како да ја надминете траумата од претходната врска така што нема да ви влијае врз сегашната. Прочитајте во продолжение за што конкретно станува збор.rn

    Споделувајте ги вашите чувства со партнерот

    rnМожеби една од најтажните работи кај луѓето е тоа што честопати нивните мисли остануваат неискажани па затоа тие не наидуваат на разбирање од другите. Токму затоа, неопходно е да зборувате со партнерот и да му оставите до знаење како тие трауматски настани влијаеле врз вас. Освен тоа, неопходно е партнерот да биде во тек со она што ви се случува. Ова ги вклучува сите непријатни мисли, кошмари и чувства на лутина или срам. Не заборавајте дека партнерот нема да може да ви помогне доколку не му дозволите.rn

    Направете план за справување со вашите мисли и споделете го со партнерот

    rnКога еден куп мисли ве мачат, тешко е да се ослободите од нив преку процесот на исцелување. Но, доколку го споделите планот со вашиот партнер, тој сигурно ќе ви помогне. Важно е да им дозволите на негативните емоции да излезат на површина. Доколку продолжите да ги чувате во себе не само што ќе биде нарушено вашето ментално здравје туку најверојатно тоа ќе биде причина и за влошување на односот со партнерот.rn

    Траумата нека ви послужи како инспирација

    rnЗа побрзо ослободување од негативните чувства, можете да ги пренесете на лист хартија. Сепак, доколку пишувањето не е ваша силна страна, можете да користите и други форми преку кои ќе направите длабока анализа на она што ви се случило – танц, песна, уметност, сè што ќе ви овозможи да го раскажете она што ви се случило. Сигурно ќе се чувствувате подобро на крајот од целиот процес.rn

    Разговарајте со терапевт

    rnСосема е нормално да чувствувате страв од опишување на траумата која веќе сте ја доживеале. Не е воопшто лесно да се сеќавате на болните искуства од минатото, без одново и одново да почувствувате болка. Во тој случај можете да контактирате терапевт кој ќе ви ги даде потребните насоки за како најдобро да се справите со тоа.rnrnОткако прочитавте како да се справите со траумата од претходната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?

    Што треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?

    Заборавете на непишаните правила и престанете да верувате дека некој „едноставно не е за вас“. Прескокнете ги сите совети за тоа како да се покажете во најдобро светло пред личноста што ве привлекува. Луѓето кои се искрено задоволни со своите романтични избори трошат повеќе енергија работејќи на својот сопствен развој отколку да бидат попривлечни за потенцијалниот партнер. Фокусирајте се на овие 4 принципи и дозволете времето да ви покаже кој е вистинскиот избор за вас.rnrnШто треба да направите за да бидете подготвени за љубовна врска?rn

    1. Спознајте се себеси

    rnПред да се одлучите да започнете врска со некого, неопходно е да се спознаете себеси, и не само во емотивен туку и во сексуален поглед. Можеби имате нереална надеж дека некој друг ќе ве разбере и ќе ве усреќи – дури и кога вие самите не се разбирате себеси. Важно е директно да комуницирате со партнерот за вашите емоции и вашата сексуална страна. Не можете да очекувате другите интуитивно да сфатат кои сте вие и што ви е потребно. Анализирајте ги вашите емоционални реакции и разговарајте со луѓето за тоа како се чувствувате или што забележувате за себе.rn

    2. Научете да верувате во она што луѓето го покажуваат и кажуваат за себе

    rnВообичаено е да го рационализираме лошото однесување на личноста доколку таа нè привлекува. Доколку личноста не ве почитува и ве изневерува, тоа веќе кажува многу работи за нејзиниот карактер. Доколку личноста ви каже дека „ѝ треба повеќе простор“ или дека не бара „ништо сериозно“, нека ви биде сигнал дека можеби не ги посакувате истите работи. Не занемарувајте го однесувањето на другите. Ако се однесуваат незрело, без почит, или пак ве навредуваат со своите постапки, знаете што треба да направите. Не е ваша работа да му помогнете некому да се подобри, ваше е само да работите на сопствениот развој.rn

    3. „Оддалечете“ се од родителите

    rnОва не е лесна задача и иако многумина сметаат дека го направиле тоа, сепак во реалноста не е така. Колку што е можно, работете на тоа да бидете независни од родителите. Тоа не значи да не поминувате време со нив и да им споделувате работи за вашиот живот. Напротив. Но, треба да бидете свесни дека самите треба да донесете одлука. Не дозволувајте тие да ви го контролираат животот така што постојано ќе барате од нив мислење, уверување или некакви насоки. Исто така, не треба да верувате дека личноста со која ќе имате романтична врска ќе се грижи за вас на начинот на кој се грижат вашите родители. Научете да го контролирате сопствениот живот и да бидете свесни за вашите цели, потреби и емоции.rn

    4. Направете обид да ја напуштите вашата удобна зона

    rnПреку развивањето поголема емоционална и сексуална самосвест, ќе можете да стекнете поголема самодоверба. Секое искуство со партнерите и пријателите ќе ви помогне подобро да се запознаете себеси. На тој начин ќе станете свесни за вашите силни и слаби страни. Нема да постигнете никаков напредок ако продолжите да размислувате и да ги правите истите работи како и секогаш. Вашиот мозок има извонредна способност да расте и да се приспособува, а за тоа му се потребни нови искуства и предизвици. Можеби постојат работи што отсекогаш сте сакале да ги направите но сте немале храброст за тоа. Доволно е да го надминете стравот и да се препуштите во авантурата наречена живот.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за што треба да направите пред да стапите во љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска

    6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врска

    Ако никогаш досега не сте биле во здрава врска, можно е да не знаете како функционира. Без разлика на причината зошто е тоа така, морате да ги препознаете разликите меѓу токсичните или нездрави врски и здравата функционална врска со позитивен романтичен партнер. Во продолжение прочитајте кои карактеристики ги имаат здравите, функционалните и просперитетните врски.rnrn6 знаци кои ќе ви покажат дека сте во здрава љубовна врскаrn

    1. Доверба и искреност

    rnДовербата е најважниот елемент во секоја врска. Треба да се осигурите дека партнерот ви мисли најдобро и дека нема да направи ништо за да ви наштети. Начинот на кој се однесуваат со вас треба да ви влее чувство на доверливост и искреност. Не треба да се грижите ако вие сте искрени и останете доследни на своите принципи бидејќи доколку се работи за здрава врска, нема да има никакви негативни последици.rn

    2. Комуникација и волја за решавање на конфликтот

    rnКомуникацијата треба да биде отворена, продуктивна и полна со почит, дури и за време на конфликт. Не треба да има никакви навреди, заплашувања или злоупотреба од ничија страна. Секогаш треба да се чувствувате безбедно за да ги споделите вашите грижи и сомнежи со партнерот.rn

    3. Исти или слични вредности

    rnВредностите се поважни од истите интереси. И двајцата треба да ги споделувате истите вредности и размислувања во поглед на меѓусебните односи, кариерата, семејството, стилот на живеење итн. Треба да уживате во времето кое го поминувате заедно, но секој од вас треба да се чувствува истовремено и слободен и да има и свој простор надвор од врската. Нема да бидете целосно среќни и опуштени доколку правите нешто што е спротивно на вашите основни вредности.rn

    4. Заемно споделување на животните приказни

    rnИ двајцата треба да ги споделите своите животни приказни – и добрите и лошите искуства. Споделете ги искуствата и работите што ви се случиле во минатото, но и она што ви се случува во моментот. Не кријте ги вашите стравови, проблеми, желби и вашата семејна историја. Споделувањето треба да се одвива постепено и одмерено. Не занемарувајте ја реакцијата од страна на партнерот. Дали секогаш наидува на емпатија и сочувство тоа што сте го споделиле? Ако одговорот е позитивен, тогаш ќе знаете дека покрај вас се наоѓа вистинската личност.rn

    5. Емпатија

    rnДвајцата треба да бидете грижливи и љубезни еден кон друг. Бидете си поддршка и потпора еден на друг. Еден од најважните елементи во здравата врска е меѓусебната почит, особено во поглед на поединечните мислења и верувања. Тоа значи дека и двајцата се чувствувате еднакви во врската. Можете да ги разберете размислувањата на партнерот за одредена ситуација дури и ако се спротивставуваат со вашите.rn

    6. Физичка интимност

    rnВо романтичната врска, покрај емоционалната подеднакво важно е да биде развиена и физичката интимност и наклонетост. Секако, најважно е врската да се одвива со удобно темпо така што ниту еден од вас нема да врши притисок врз другиот во поглед на прерана физичка интимност и посветеност.rnrnОткако прочитавте кои се карактеристиките на здравата романтична врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да му покажете на партнерот дека сте заинтересирани за сериозна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Колку пати се заљубуваме во текот на животот?

    Колку пати се заљубуваме во текот на животот?

    Дали некогаш сте размислувале колку пати досега сте се заљубиле? Кога сте вљубени во некого мислата дека тоа нема да трае вечно, станува неподнослива. Но, сигурно досега сте почувствувале љубовно разочарување, или пак, вие сте биле причината за нечие скршено срце. Сепак, колку и да се чини бесмислен нашиот живот по раскинувањето, ние продолжуваме понатаму и одново се заљубуваме. Некои порано ја наоѓаат својата сродна душа, некои подоцна, но пред да се сретнеме со вистинската личност најверојатно ќе треба да поминеме низ неколку разочарувања. На крајот на краиштата, колку пати можеме да се заљубиме во текот на животот? Иако сечиј живот е приказна за себе, сепак, ако погледнеме внимателно ќе сфатиме дека сите се заљубуваме во 3 луѓе во текот на нашиот живот.rnrnКолку пати се заљубуваме во текот на животот?rn

    Првиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која се чини правилна

    rnПрвиот пат кога се заљубуваме е кога сме средношколци, а понекогаш дури и помали. Станува збор за идеалистичка љубов која се сведува на она што сме го прочитале за љубовта воопшто како деца. Кога за прв пат ќе нè погоди стрелата на Купидон, сметаме дека не може да постои друга ваква љубов како нашата, дека таа е единствена. Имаме тенденција да веруваме дека тоа е најправилното нешто што сме го направиле и дека ќе трае вечно, а истовремено се обидуваме да се избориме со притисокот од нашите врсници и семејството. Во оваа фаза од животот, подготвени сме сè да жртвуваме за нашата љубов да функционира бидејќи веруваме во нејзиниот кредибилитет. Не сфаќаме дека нашата прва љубов нè прави наивни и безнадежно оптимисти.rn

    Вториот пат кога се заљубуваме: Љубовта која нè учи за животот

    rnОвој тип на љубов, најчесто преку болка ни помага да сфатиме кои сме и што сакаме од животот. Токму оваа љубов ги руши претходно создадените илузии. Сепак, иако сметаме дека сме веќе сме научиле многу за животот, ние одново се навраќаме на истиот тип на врска и го правиме истиот погрешен избор. Погрешниот избор пак, нè води до погрешните луѓе и така се вртиме во круг. Свесни сме за менталната, физичката и емоционалната злоупотреба, но не сакаме да ставиме крај на нездравата врска. Со сите сили се обидуваме да направиме да трае колку што е можно подолго и посакуваме оваа љубов да беше вистинската, иако сме свесни дека не е.rn

    Третиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која трае

    rnОвој тип на љубов ги руши сите наши замисли за љубовта. Во овој тип на љубов, ние само ја запознаваме личноста и ни се чини дека сè си доаѓа на свое место, дури и не можеме да си ја објасниме врската што нè поврзува со другата личност. Тоа е така бидејќи во овој вид на врска, ние сме прифатени онакви какви што сме и нема потреба да се преправаме. Тука не важи ниту едно од правилата за кои сметавме порано дека ќе ни бидат од помош. Нема потреба да правиме компромиси во поглед на нас самите, бидејќи партнерот го прифаќа нашето автентично „јас“. На крајот ни се чини дека оваа љубов е најдобриот избор што сме го направиле досега.rnrnОткако прочитавте за трите видови љубов во поглед на романтичните врски, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 5-те причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 5 токсични фрази кои луѓето во врска ги кажуваат без да бидат свесни за нивното значење

    5 токсични фрази кои луѓето во врска ги кажуваат без да бидат свесни за нивното значење

    Кога станува збор за луѓе со кои имаме блиски односи, понекогаш се случува да кажеме нешто без да размислиме за последиците. Важно е да се има на ум дека без разлика на фактот колку сме блиски со партнерот, нашите зборови можат да бидат погрешно протолкувани. Во продолжение прочитајте кои се најчестите случаи на токсични фрази што партнерите си ги кажуваат еден на друг без да го сфатат нивниот ефект.rnrn5 токсични фрази кои луѓето во врска ги кажуваат без да бидат свесни за нивното значењеrn

    1. „Не е голема работа.“ или „Ќе го преболиш тоа.“

    rnФразите од таков тип се навидум добронамерни затоа што му помагате на партнерот да ги држи работите под контрола и објективно да гледа на нештата. Сепак, партнерот може да се почувствува навредено доколку се работи за некаква стресна ситуација, а вие се однесувате небрежно спрема истата. Доколку навистина сакате да му помогнете на партнерот и да му покажете дека се грижите за него, можете да се обидете со зборовите од типот: „Знам дека ти е тешко. Заеднички ќе го решиме проблемот.“rn

    2. „Ист си како татко ти/ иста си како мајка ти.“

    rnИако вашиот партнер се однесувал како наведената личност во дадена ситуација, сепак тоа не е изговор за ваквата навреда. На овој начин само ги злоупотребувате работите што ги споделил со вас партнерот, а се однесуваат на неговото семејство. Згора на тоа, таквите коментари можат лесно да избувнат во конфликти затоа што преку нив го потсетувате партнерот за особините на неговиот родител кои не му се допаѓаат. Наместо тоа, можете отворено да споделите со партнерот што е тоа што ви пречи кај него и заеднички да пронајдете начин да поработите на тоа.rn

    3. „Ти секогаш…“ или „Ти никогаш…“

    rnОвој вид коментар е често присутен во моментите на фрустрација. Кога погрешно го карактеризирате партнерот со овие зборови, единствениот ефект што ќе го постигнете е тоа што партнерот ќе игнорира сè што ќе кажете потоа. Потребен е друг пристап доколку сакате продуктивен разговор. Затоа, подобро би било да бидете конкретни во врска со што е тоа што ве мачи во однесувањето на партнерот. Обидете се во ваквите ситуации да ги избирате зборовите на начин што нема да изгледа како покажување со прст кон некого. Само така луѓето ќе ве слушаат и ќе се обидат да ги задоволат вашите потреби.rn

    4. „Погрешно го правиш тоа. Зошто не го правиш тоа на мој начин?“

    rnЗнаеме дека кога вашиот партнер ќе направи нешто на „погрешен начин“ или поинаку од вас, може да ви делува фрустрирачки. Таквиот коментар може да доведе до тоа партнерот да се почувствува потценето. Следниот пат можете да се обидете со: „Изгледа дека тешко ти оди. Имам идеја која може да ти помогне, сакаш да ја слушнеш?“rn

    5. „Готово е!“

    rnИзјавите од типот „Готово е!“, „Сакам развод!“ или „Те мразам!“ можат значително да ги нарушат односите иако во моментот не сте свесни за тоа. Нормално е да чувствувате лутина кон партнерот, но морате да внимавате што ќе изговорите. Подобро е првин да се смирите, а потоа мирно да поразговарате за тоа што не функционира во вашата врска.rnrnОткако прочитавте за 5-те најчести токсични фрази кои луѓето во врска ги користат, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 знаци ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен.rnrnИзвор: huffpost.com