Честопати постои голема разлика помеѓу класичниот коефициент на интелигенција на човекот и коефициентот на интелигенција во врската. Сепак, коефициентот на интелигенција на врската не значи дека знаете што треба да направите во одредена ситуација, туку ја означува вашата способност да го засновате своето однесување на она што го знаете. Подолу има прашања поврзани со однесувањето на вашата врска. Ова не е тест чија цел е да провери дали го знаете точниот одговор, туку дали сте во можност да постапите соодветно.rnrn
rn
1. Кога се расправате со вашиот партнер, најдобро е:
rnа) да попуштите за мир во куќатаrnrnб) уште поупорно да го убедувате вашиот партнер зошто сте во право за да ја разбере вашата позицијаrnrnв) внимателно да го слушате партнерот и да се обидете да ја видите ситуацијата низ неговите очиrnrnг) да ги изнесете сличните проблеми од минатото за да му објасните на вашиот партнер дека сте заробени во образец што не функционираrn
2. Кога вашиот партнер ќе се налути на вас за нешто што вие лично го сметате за мал прекршок, треба:
rnа) да возвратите во иста мера за да почувствува како е кога некој разговара со него на таков начинrnrnб) да му објасните дека се однесува детскиrnrnв) да се свртите и да заминетеrnrnг) да му дадете право на таква реакција и да претпоставите дека постои добра причина зошто во моментот се однесува на таков начинrn
3. Кога ќе направите нешто на што не сте горди, најдобро е:
rnа) да најдете добар момент и да му кажете на вашиот партнер со надеж дека ќе разбереrnrnб) да го чувате во себе со надеж дека партнерот никогаш нема да дознаеrnrnв) да му се доверите на некој пријател за да проверите дали смета дека треба да му кажете на вашиот партнерrnrnг) да им кажете на пријателите затоа што нема да ви судатrn
4. Кога вашите чувства се повредени од нешто што направил вашиот партнер, најдобро е:
rnа) да му кажете колку сте лутиrnrnб) да му кажете дека вашите чувства се повредени и заедно со вашиот партнер да се обидете да најдете одговор зошто оваа тема е особено чувствителна за васrnrnв) да го обвините партнерот затоа што ве вознемирил и ви го уништил денотrnrnг) да им се пожалите на пријателите затоа што тие ќе ве разберат подобро од партнеротrn
5. Кога е очигледно дека сте згрешиле нешто во вашата врска, најдобро е:
rnа) да се одбраните за да му докажете на вашиот партнер дека постоел контекст поради кој се однесувавте на таков начинrnrnб) да го потсетите партнерот дека правел слични работи во минатотоrnrnв) да се извините делумно, но да му дадете до знаење дека вие не сте виновни за сèrnrnг) да кажете: „Да, го сторив тоа и жал ми е. Претпоставувам дека се чувствуваш … поради моето однесување.“rnrnТочните одговори се сосема јасни: в, г, а, б, г.rnrnСепак, за квалитетот на врската, поважно од препознавањето на точните одговори е колку сте во можност, кога ќе се појават такви ситуации, да ги следите тие точни одговори, односно да го претворите вашиот интелект во акција и да се однесувате во согласност со вашите принципи.rnrnОва е тоа за што треба да размислите по одговарањето на овие прашања и да се обидете, кога ќе се појави таква ситуација, да постапувате како што мислите дека е исправно.rnrnИмено, не постои тест, па дури ни воспитување дете, што ве предизвикува да живеете според вашите принципи, како што го прави тоа односот со партнерот.rnrnМногу луѓе постигнуваат успех во различни аспекти на животот, а кога станува збор за врските, тие се борат со проблеми.rnrnЗатоа, долгите врски се неверојатни полигони кои ви помагаат да станете сочувствителни, пожртвувани, несебични луѓе. Во врската, од суштинско значење е да преземете одговорност за себе и за своите постапки пред да заклучите дека проблемот е во партнерот.rnrnПрочитајте каков љубовник сте според месецот на раѓање.