КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • Зошто треба да престанете да ја барате љубовта?

    Зошто треба да престанете да ја барате љубовта?

    Љубов. Нешто што сите го посакуваат. Нешто што сите го бараат. Љубовта е единствената магија во нашите мрачни, сиви животи. Љубовта е таа што ни ги топли срцата во моментите на осаменост. Секој од нас има желба да сака и да биде посакуван.rnrnЗошто треба да престанете да ја барате љубовта?rnrnНо, дали треба да ја барате љубовта по секоја цена? Нели би било подобро доколку ја оставите самата да ве пронајде?rnЕдна од главните причини зошто многумина очајно се обидуваат да ја пронајдат љубовта е стравот од осаменоста. Освен тоа, повеќето од нас ја бараат на погрешни места. Така, честопати се случува да се заљубат во некого кој не ги заслужува. Затоа, не заборавајте дека не можете да натерате некој да ве сака затоа што љубовта е заемно чувство.rnrnКолку и да се чувствувате безвредни, очајни и осамени запомнете дека не смеете да молите за нечија љубов. Треба да ве сакаат онакви какви што сте, а само тогаш ќе знаете дека љубовта е возвратена.rnrnОтворете го умот и срцето и дозволете љубовта да ве најде. Можеби звучи парадоксално, но ќе ја пронајдете љубовта само тогаш кога ќе се откажете од вашата потреба за љубов. Таа ќе тропне на вашата врата во моментот кога најмалку очекувате.rnrnКога сето ваше внимание е насочено кон потрагата по љубов го занемарувате процесот на самоподобрување. Од друга страна, единствениот начин да ј привлечете љубовта е преку фокусирањето на сопствениот раст. Тоа ќе ви помогне подобро да се спознаете и да се прифатите себеси. Ќе научите и да уживате во малите нешта, ќе научите да не ја барате љубовта туку да ја споделувате без оглед на болката и тагата низ кои сте поминале.rnrnОткако прочитавте зошто треба да престанете да ја барате љубовта, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите совети кои ќе ви помогнат да ја развиете љубовта кон самите себе.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто сè уште не сте ја сретнале вашата сродна душа?

    Зошто сè уште не сте ја сретнале вашата сродна душа?

    Дали веќе ја запознавте вашата сродна душа? Дали ја пронајдовте личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот? Доколку сè уште не сте ја пронашле можеби треба да погледнете длабоко во себе и да откриете кои се нештата што ви стојат на патот кон среќата.rnrnЗошто сè уште не сте ја сретнале вашата сродна душа?rn

    1. Не го познавате вашето вистинско јас

    rnКога сте свесни за вашето вистинско јас, кога ги идентификувате вашите вредности, принципи и верувања можете полесно да ја сфатите вашата вистинска природа. Меѓу другото, вашето вистинско јас ќе ве води кон оној кој ве сака, а не онакви какви што се покажувате. Вашата природа ќе ви помогне да ја привлечете сродната душа и да го истражите светот на вистинската љубов.rn

    2. Имате големи очекувања

    rnКако ја замислувате вашата сродна душа? Како совршена личност која не може да направи ништо лошо? Некој кој ќе ве поддржи без разлика на сè? Ако очекувате вашата сродна душа да биде совршена, тогаш големи се шансите дека никогаш нема да ја пронајдете.rn

    3. Не верувате во љубов

    rnДали се откажавте од љубовта? Дали сметате дека е подобро да се биде сам отколку да го поминете животот со некој? Ако не им верувате на луѓето кои сакаат да влезат во вашиот живот и ако не им се доверите тогаш никогаш нема да ја пронајдете вашата сродна душа. Наместо да ги оттурнувате луѓето отворете го срцето за иднина полна со љубов.rn

    4. Го губите времето со погрешните луѓе

    rnДали го губите времето со некој кој не ги дели вашите вредности и интереси? Наместо да го трошите сопственото време со погрешна личност, фокусирајте се вашето вистинско јас и не дозволувајте стравот од осаменоста да биде одлучувачки. Дозволете срцето да ве води бидејќи само тоа може да ве упати кон вистинскиот пат.rnrnОткако прочитавте зошто сè ја немате сретнато сродната душа, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?

    Кои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?

    Чувството на вина најверојатно е едно од најлошите чувства на светот. Понекогаш се чувствуваме виновни без никаква причина. Другпат, пак, чувствуваме како стомакот ни се превртува поради тоа што сме му наштетиле некому кого го сакаме. Во продолжение прочитајте ги најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат виновно во љубовната врска.rnrnКои се причините да се чувствувате виновни во врската и како да се справите со нив?rn

    1. Мислата дека не сте доволно добри

    rnЕдна од главните причини за чувствување вина во љубовната врска е чувството на недостојност. Мислата дека не сте доволно добри за некого понекогаш може да биде навистина обесхрабрувачка. Ова се јавува како резултат на ниската самодоверба и може да доведе до уништување на односите доколку не се реши навремено. Затоа, запомнете дека вашиот партнер ве избрал вас, а не некоја друга личност. Тоа значи дека треба да престанете да се споредувате со другите и да бидете свои.rn

    2. Немате храброст да ставите крај на врската

    rnСе обидувате со сите сили да ја задржите врската? Сметате дека со текот на времето нештата ќе се подобрат? Се чувствувате виновни бидејќи веќе некое време како вашите чувства кон партнерот се во статус на мирување? Како и во сите други ситуации, искреноста е најдоброто решение. Обидете се да поразговарате со партнерот и притоа докрај да ги споделите вашите размислувања за моменталната ситуација. Можеби ќе се чувствувате виновно доколку вашиот партнер не може да го замисли својот живот без вас, а вие не можете да возвратите со истата мера. Најважно од сè е да бидете искрени со себе и да разговарате со партнерот.rn

    3. Двајцата сте премногу зафатени

    rnПонекогаш обврските можат да ве спречат да си посветите доволно внимание еден на друг, а тоа лесно може да доведе до чувство на вина. Не заборавајте дека сето тоа е нормално, но исто така нормална би била реакцијата и да побарате малку повеќе внимание и трпение од страна на вашиот партнер.rnrnОткако прочитавте за главните причини за вина во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те фази на љубовната врска.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

    Зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме?

    Дали вашето однесување со саканата личност ја уништува вашата врска? Дали постојано навредувате некој што го сакате? Еве кои се можните причини за ваквото однесување.rnrnЗошто ги повредуваме оние кои ги сакаме? rn

    1. Нереални очекувања

    rnОчекувањата произлегуваат од секоја врска. Но, кога сакате некого најмногу, вашите очекувања можат да станат нереални и неразумни. Кога тие очекувања не можат да се исполнат, на крајот лесно можете да се налутите и да ја повредите личноста што ја сакате. Така, почнувате да ја споредувате вашата врска со другите и заборавате што е тоа што ја прави вашата врска вредна и единствена. Затоа, најважно од сè е да сфатиме дека никој од нас не е совршен и дека сите ние имаме недостатоци. Наместо да ги идеализираме нашите сакани, треба да ги прифатиме онакви какви што се.rn

    2. Трауми од минатото

    rnПричината зошто ги повредуваме оние кои ги сакаме можеби лежи во минатото. Несаканите искуства, особено од детството, честопати резултираат со траума која несвесно влијае врз нашиот живот и нашите искуства како возрасни.rn

    3. Недостиг на комуникација

    rnИстражувањата покажале дека недостигот на комуникација може значително да ја влоши врската и да предизвика нанесување емоционална болка на личностите кои најмногу ни значат.rn

    4. Ниска самодоверба

    rnНиската самодоверба нè тера да се чувствуваме неспособни, несоодветни и несакани. Се чувствуваме несигурни и се плашиме да не ги изгубиме нашите сакани или да ги изневериме. Како резултат на оваа несигурност, можат да се појават токсични однесувања преку кои лесно можеме да ја повредиме личноста што најмногу ни значи.rnrnОткако прочитавте зошто ги повредуваме најмногу оние кои ги сакаме, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те фази на љубовната врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?

    Кои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?

    Сродната душа не е само личноста во која се заљубуваме, таа може да биде и блискиот пријател со кој делиме многу нешта. Пријателството е поразлично од љубовната врска, но тоа не значи дека има помала вредност. Всушност, понекогаш вистинското пријателство е поискрено и посигурно од романтичната врска.rnrnКои знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е и вашата сродна душа?rnrnОвие знаци ќе ви укажат дека вашиот пријател е вашата сродна душа.rn

    1. Без осудување

    rnВистинските пријатели никогаш нема да ве осудат за грешките што сте ги направиле или за одлуките кои сте ги донеле. Тие ќе бидат првите што ќе ви ја кажат вистината што треба да ја слушнете. Освен тоа, тие можат да ви се налутат или да бидат исфрустрирани како резултат на вашето однесување, но никогаш нема да ве осудат.rn

    2. Споделувате речиси сè

    rnРечиси и да нема тајни меѓу вас. Понекогаш, постојат нешта кои не сакате да ги споделите со партнерот, но оваа личност има пристап до вашите најдлабоки тајни и желби.rn

    3. Тие се првите кои ќе ви укажат на грешките

    rnПонекогаш, навистина е тешко да му укажеме на некој кој многу ни значи дека не е во право бидејќи се плашиме дека нашите зборови можат да бидат сфатени како навреда. Сепак, кога станува збор за вистинските пријатели, јасно ви е дека тие се грижат за вас. Затоа, кога пријателот ќе ви укаже на грешките, му верувате и знаете дека е во право.rn

    4. Меѓусебна поддршка

    rnДоколку имате пријател кој постојано ве охрабрува да ги остварите вашите цели тогаш навистина имате среќа во животот. Тој/таа ќе биде првата личност која ќе ви честита без разлика колку се мали или големи вашите достигнувања.rn

    5. Ништо не може да ве раздели

    rnНедоразбирањата и расправиите се неизбежни, но и покрај нив вие останувате заедно на крајот.rnrnОткако прочитавте кои знаци ќе ви укажат дека најдобриот пријател е и вашата сродна душа, можеби ќе сакате да прочитате и што претставува вистинската љубов според будизмот.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои се 5-те фази на љубовната врска?

    Кои се 5-те фази на љубовната врска?

    Заљубувањето е една од најубавите работи што животот може да ни ги подари. Но, покрај чувствата на среќа и возбуда, љубовната врска минува и низ фази на сомнеж и разочарување што е сосема нормално. Во продолжение прочитајте ги 5-те фази на љубовната врска.rnrnКои се 5-те фази на љубовната врска?rn

    1. Романса и привлекување

    rnОва е првичната фаза во која постепено се запознавате со партнерот. Позната е уште како и „меден месец“ со оглед на тоа дека за време на оваа фаза сè изгледа совршено, а вие имате впечаток дека вашата врска е најдобрата на светот. Сепак, оваа фаза трае најмногу 2 години. Многумина се обидуваат да останат во оваа фаза, без да ги прифатат новите предизвици кои следуваат, па затоа голем дел од луѓето одлучуваат да раскинат со партнерот по завршувањето на оваа фаза.rn

    2. Реалност

    rnОткако фазата на заљубеност ќе исчезне почнува да се наметнува реалноста. Така, сите нешта кои сте ги негирале во првата фаза ќе почнат да стануваат сè повидливи. Оваа трае 1 година, а за време на овој период двајцата одлучувате дали сакате да бидете заедно или не. Честопати, врските се раскинуваат токму во оваа фаза бидејќи личноста сфатила дека избрала погрешен партнер за себе. Но, доколку сте подготвени да ги прифатите недостатоците и разликите на партнерот и обратно, сè уште имате можност да бидете заедно.rn

    3. Разочарување

    rnОткако ќе настапи фазата на реалноста, таа честопати е проследена со разочарување. Така, постојано се расправате со партнерот за мали, неважни работи и иако знаете дека тоа не влијае поволно врз вашата врска, сепак не можете, а да не бидете лути еден на друг цело време. Сè уште не можете да сфатите дека конфликтот е нормална работа за секоја врска и веднаш помислувате на раскинување. Меѓусебната доверба, комуникацијата и поддршката се работите што најмногу ви се потребни за надминување на оваа фаза.rn

    4. Стабилност и интимност

    rnДоколку успеете да се справите со сите проблеми и препреки на кои наидовте во третата фаза, ќе напредувате успешно во четвртата фаза на стабилноста и интимноста. Запомнете дека ниту една врска не може да опстане без овие два столба, а штом вашата врска ќе настапи во оваа фаза, можете да бидете спокојни.rn

    5. Посветеност

    rnОва е последната фаза на љубовната врска и доколку ја достигнете значи дека и двајцата се прифаќате онакви какви што сте. Оваа фаза е доказ дека ви значи оваа љубовна врска и дека секогаш наоѓате здрав и зрел начин за справување со можните несогласувања.rnrnОткако прочитавте за 5-те фази на љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?

    Како емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?

    Да се биде жртва на емоционална манипулација е болно искуство кое може да остави последици за цел живот за кои понекогаш жртвата не е свесна. Во продолжение прочитајте како таа влијае врз жените и начинот на кој тие ја искажуваат својата љубов кон партнерот.rnrnКако емотивната манипулација влијае на начинот на кој жените се однесуваат во љубовната врска?rn

    Немаат самодоверба

    rnЖената жртва на емоционална манипулација по доживеаното искуство најчесто се соочува со низок степен на самодоверба и не знае во што да верува. Затоа, партнерот треба да ѝ помогне да ја поврати својата самодоверба, но и вербата во другите.rn

    Не им веруваат на своите партнери

    rnСо оглед на тоа дека веќе била изманипулирана, ќе биде навистина тешко за жртвата одново да почне да им верува на другите. Тоа значи дека партнерот треба да биде особено трпелив бидејќи ќе биде потребно време жртвата да воспостави доверба кон него.rn

    Тие копнеат по посветеност и сигурност

    rnЛошото искуство предизвикува жртва да се чувствува долго време несигурно и нестабилно. Затоа, таа ќе бара посветеност и сигурност од новиот партнер за одново да се почувствува среќно и безбедно.rn

    Недоверба во врската

    rnЌе има моменти кога жртвата ќе се сомнева во љубовта на партнерот и во фактот дека сега, за разлика од порано, има партнер кој ја сака и ја почитува.rn

    Тие се благодарни за сите мали нешта

    rnЖената жртва на емоционална манипулација ќе биде вистински благодарна за секој мал гест на љубов и добрина од нејзиниот партнер.rn

    Тие се лојални

    rnЖените кои биле емоционално манипулирани имаат тенденција да им бидат крајно лојални на мажите кои им ја враќаат вербата во љубовта.rnrnОткако прочитавте за влијанието на емоционалната манипулација, можеби ќе сакате да прочитате и како да препознаете доколку некој манипулира со вас.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?

    Зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?

    Кога сакате некого подолго време може да биде навистина тешко да се откажете од врската, дури и ако сте свесни за фактот дека таа е нездрава и токсична. Прочитајте во продолжение кои се причините поради кои не можете да ставите крај на нездравата љубовна врска.rnrnЗошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска?rn

    1. Сметате дека е подобро да бидете со некого отколку да бидете сами

    rnЗа многумина, стравот да се биде сам/а како и ниската самодоверба се најчестите причини зошто остануваат во врска која е нездрава и која може да влијае негативно врз нивното ментално здравје.rn

    2. Можното раскинување за вас претставува рана која не може да се зацели

    rnСи го замислувате сценариото дека никогаш нема да го пребродите ова раскинување и затоа се плашите да ставите крај. Во овој случај само се залажувате дека следниот пат нештата ќе бидат подобри.rn

    3. Вложивте премногу време и енергија во оваа врска

    rnУште една заблуда која вие самите си ја наметнувате е дека веќе сте потрошиле доволно време и енергија и затоа нема смисла за почнување од почеток.rn

    4. Се надевате дека вашиот партнер ќе се промени

    rnИако ви е доволно јасно дека тоа најверојатно нема да се случи, сепак продолжувате да живеете во надеж дека вашиот партнер ќе се промени.rn

    5. Вие сте жртва на емоционално злоупотребување од страна на партнерот

    rnЧестопати жртвите на емоционалното злоупотребување се сомневаат во себе и во своите инстинкти. Освен тоа, тие се справуваат со ниска самодоверба и чувството дека не се во право и тоа како резултат на манипулацијата на партнерот.rnrnОткако прочитавте зошто е тешко да ставите крај на нездравата љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и зошто силните жени остануваат во лоши љубовни врски.

  • Совети за полесно справување со раскинувањето

    Совети за полесно справување со раскинувањето

    Понекогаш, раскинувањето може да биде навистина болно искуство. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за како да закрепнете и да продолжите понатаму.rnrnСовети за полесно справување со раскинувањетоrn

    Преуредете го вашиот простор

    rnБидете искрени сами со себе. Колку пати досега сте го погледнале столот на кој вообичаено седел вашиот партнер, или неговото место на каучот, а потоа сте се расплакале. Ова укажува дека е време за промена. Можеби можете да го смените распоредот на просторот или да купите нов мебел. На тој начин ќе се ослободите од енергијата на поранешниот партнер и ќе добиете можност да креирате нов простор со нови спомени.rn

    Променете ги навиките

    rnМенувањето на вашата рутина е од суштинско значење за полесно пребродување на раскинувањето. Секој од нас има свои навики кои имаме тенденција да ги повторуваме секој ден. Така, голема е веројатноста дека по раскинувањето несвесно ќе продолжите со истите навики кои сте ги споделувале со партнерот, а тоа само ќе придонесе да се чувствувате лошо. Обидете се да ги промените и ќе почувствувате дека резултатите набргу ќе бидат видливи.rn

    Работете на вашата самодоверба

    rnВреме е да почнете да размислувате и да се движите во нова насока. Сфатете го раскинувањето како нова можност за себе и за своите амбиции. Посветете се на работите кои отсекогаш сте сакале да ги правите, но за кои сте немале време досега. Тоа не само што ќе ви ја зајакне вашата самодоверба туку и ќе ви помогне да сфатите дека нема ништо што не можете да го направите сами – нема потреба да бидете во врска со некого за да успеете или да имате подобар живот.rn

    Не губете надеж

    rnНајверојатно во моментот не можете да се изборите со мислите од типот: „Никогаш повеќе нема да сакам“ или „Никогаш повеќе нема да бидам сакан/а“. Но, тоа не е точно бидејќи со текот на времето повторно ќе научите како да бидете среќни. Сепак, неопходно е да најдете сила и храброст за да почнете одново, а тоа не е така едноставно. Запомнете дека времето, надежта и љубовта кон себе ќе ви помогнат да закрепнете и да отворите нова страница од животот, полна со нови авантури и искуства.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за како полесно да се справите со раскинувањето, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Кои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?

    Кои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?

    Секогаш кога ви треба „простор“ во врската значи дека имате потреба да бидете сами и да си посветите себеси повеќе време. Со други зборови, сакате да ги ставите вашите потреби пред оние на партнерот. Сепак, тоа не мора да значи дека не го сакате партнерот или дека не се грижите за него. Напротив.rnrnКои знаци укажуваат на потребата за „личен простор“ во врската?rnrnГрижата за себе и можноста за личен простор ќе ви овозможи да изградите посилна и поинтимна врска. Не заборавајте дека само доколку се сакате себеси можете да ги сакате и другите. Во продолжение прочитајте кои се знаците кои укажуваат на вашата потреба за поголем простор во врската.rn

    1. Немате доволно време за себе

    rnДали поради вашата врска ги запоставувате вашите интереси? Можете ли да се сетите на последниот пат кога се вклучивте во некоја од вашите омилени соло активности? Доколку одговорот на двете прашања е негативен, време е да почнете да размислувате за да воспоставите повеќе личен простор.rn

    2. Постојано се расправате со партнерот

    rnПостојаните расправии за кои нема некаква очигледна причина се друг знак за потребата од личен простор. Притоа, свесни сте дека се нервирате и возбудувате за работи кои воопшто не се важни. Ова се случува особено доколку не можете да му ги пренесете на партнерот вашите вистински чувства кон него. Доколку, пак, си одвоите време за себе, ќе ви стане појасно за тоа што сакате и што очекувате од врската.rn

    3. Зависите од партнерот

    rnДали секогаш барате одобрение од партнерот пред да донесете некаква одлука? Доколку е така, тоа би значело дека немате доволно самодоверба да се справите со животните предизвици. Од друга страна, ако си одвоите повеќе простор за себе, ќе научите како да го живеете животот користејќи ги вашите сопствени вештини и способности.rn

    4. Го избегнувате партнерот

    rnДали сè уште уживате во друштвото на вашиот партнер? Сосема нормално е понекогаш да ви биде здодевно, особено доколку сте во долга врска. Тоа е знак да направите пауза, да се оддалечите за момент од секојдневието и да сфатите дали и колку ви е важен партнерот. Освен тоа, тоа може да ви помогне и да ја вратите романтиката и страста во врската.rn

    5. Врската ви предизвикува стрес

    rnЕден од знаците дека ви треба простор во врската е чувството на истоштеност и исцрпеност. Покрај тоа, стресот во врската не само што може да предизвика анксиозност туку и може да доведе до негативна интеракција со партнерот. Просторот надвор од врската, пак, може да ви помогне да ја ослободите фрустрацијата и да комуницирате попозитивно со партнерот и да ги решите навреме сите недоразбирања и конфликти.rnrnОткако прочитавте кои знаци укажуваат на потребата за личен простор во вашата врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 15 мали нешта ги прават силните парови во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com