КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • 6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

    6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморен

    Љубомората во врската може да биде чест проблем. Во продолжение откријте ги знаците на претерана љубомора за да можете да ја препознаете и да разговарате со партнерот пред таа да прерасне во многу посериозен проблем и да му наштети на вашиот однос.rnrn6 знаци кои ќе ви укажат на тоа дека вашиот партнер е претерано љубоморенrn

    1. Партнерот постојано ве прашува каде сте

    rnСосема во ред е кога вашиот партнер ве прашува какви планови имате после работа со цел полесно да се организира со превоз, ручек и други активности, но не е во ред кога постојано ве прашува каде и со кого сте. Неговата несигурност не треба да влијае врз вашиот живот.rn

    2. Партнерот ги поставува правилата на врската

    rnСите правила што ги следите во врската ги поставува вашата друга половина. Но, од друга страна, за него не важат истите правила. Зошто тогаш само вие да бидете ограничени?rn

    3. Не е дозволен контакт со пријателите од спротивниот пол

    rnВашиот партнер не ги одобрува контактите со вашите пријатели и ви го кажува тоа јасно. Исто така, средбата со некој од нив честопати е причина за расправија помеѓу вас и вашиот партнер. Тој сака да се откажете од вашите пријатели бидејќи смета дека само тој ви е доволен и дека не ви треба никој друг. Зарем навистина ќе прекинете секаков контакт со старите другари затоа што вашиот партнер не ви верува?rn

    4. Чувствувате вина

    rnСе чувствувате виновни секогаш кога ќе излезете на пијачка со пријателите наместо да ја поминете вечерта со партнерот. Од друга страна, кога земате слободни денови од работа за да отпатувате некаде заедно, партнерот не може да се вклопи во вашиот распоред… Сигурни сте дека сакате ваков живот во кој постојано се чувствувате виновни за секоја одлука и постапка, дури и ако ништо лошо не сте сториле?rn

    5. Партнерот постојано ве контролира

    rnКога станува збор за безбедност, таквото однесување од страна на партнерот може да биде знак на грижа и внимание. Но, тоа не важи за ситуацијата кога ќе се појави ненајавен кај вас под изговор дека имал работа во близина, а всушност сака само да провери дали сте дома како што претходно сте му кажале. Друга ситуација би била постојано да ви пишува пораки додека сте со пријателите и да се чувствува навредено ако не му одговорите.rn

    6. Постојано ги спомнува вашите поранешни партнери

    rnДури и ако одамна сте прекинале секаков контакт со поранешните партнери, се чини дека партнерот секогаш ве потсетува на нив. Ве прашува какви биле, што убаво направиле за вас… Можеби дури и ќе почне да ве обвинува дека сè уште негувате чувства кон некого од нив. Не дозволувајте врските од минатото да влијаат на вашиот сегашен емотивен живот, особено не на овој начин.rnrnОткако прочитавте кои знаци покажуваат дека вашиот партнер е претерано љубоморен, можеби сакате да прочитате и кои 7 работи повеќето мажи никогаш нема да им ги признаат на своите партнерки.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

    Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

    Кога не се сакате доволно себеси не можете да очекувате некој друг да ве сака, па оттука лесно може да дојде до раскинување на врската и уништување на секоја можност за љубов. Ако не можете да најдете љубов и се прашувате што не е во ред со вас – одговорот можеби лежи во тоа дека не се сакате доволно себеси. Во продолжение дознајте дали тоа важи и за вас преку следните ставови и однесувања.rnrnКако недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?rn

    1. Скептични сте кон луѓето кои јасно покажуваат интерес кон вас

    rnМислите дека тие веројатно сакаат само секс или нешто кријат што ќе излезе на површина по некое време. Тоа покажува дека се сомневате дека некој може да има искрени чувства кон вас.rn

    2. Сè сфаќате лично

    rnАко некој ве осуди, се чувствувате виновни. Ако некој ве игнорира, исто така мислите дека е ваша вина. Ако на некој не му се допаѓате, повторно сметате дека за тоа сте виновни вие. Според вас, за туѓото негативно однесување кон вас сте виновни само вие и никој друг.rn

    3. Претерано анализирате и барате каде сте згрешиле

    rnИако состанокот поминал добро, сепак детално ќе го анализирате секој момент сè додека не го најдете она што не било добро. Тоа нема да ги смени работите и ќе ве натера само да се чувствувате лошо.rn

    4. Немате високо мислење за себеси

    rnСметате дека не сте убави и привлечни (сметате и дека не сте ни грди), но сигурни сте дека не се доволно добри за некој што ви се допаѓа, па затоа заклучувате дека нема смисла да се обидете.rn

    5. Се чувствувате поразени

    rnЧувствувате пораз кога ќе откриете дека поранешните партнери на личноста која ви се допаѓа изгледаат многу подобро од вас и оставаат подобар впечаток. Тоа ве прави потиштени и повлечени во себе, без можноста да се истакнете.rn

    6. Се чувствувате ограничени

    rnЧувствувате дека не можете да се изразите себеси. Не можете ни да замислите да привлечете некого ако му дозволите да види колку сте несигурни, па затоа се преправате дека сте среќни. Всушност, се преправате дека сте некој друг, а тоа е единственото нешто што ве спречува да го искажете вистинското „јас“.rn

    7. Постојано размислувате за разочарувањата од претходните врски

    rnНе можете да се помирите со лошите искуства од минатото, па затоа се плашите дека одново ќе ви се случат истите работи.rn

    8. Секогаш сте загрижени за впечатокот што го оставате

    rnНаместо да се фокусирате на комуникацијата со некој што ви е привлечен, вие се грижите дали сè е во ред со вас (фризурата, облеката итн.) и на тој начин ја пропуштате можноста да се опуштите и да уживате во флертувањето.rn

    9. Праќањето пораки ви задава маки

    rnАко не ви одговори веднаш, претпоставувате дека нешто сте згрешиле, не се осмелувате први да контактирате некого затоа што верувате дека тоа би му било непријатно… Крајниот резултат е губење контакт со луѓе и повлекување во себе.rn

    10. Ве привлекуваат погрешни типови

    rnПотсвесно се саботирате себеси со тоа што се обидувате да им пристапите само на оние кои се недостапни, ладни и далечни бидејќи сметате дека не заслужувате ништо подобро.rn

    11. Не умеете да прифатите комплимент

    rnАко некој ви каже нешто убаво или ве пофали, вие се срамите.rn

    12. Не умеете да ги истакнете своите доблести

    rnВо разговорот со другите речиси и никогаш не зборувате за вашиот личен успех и работите што сте ги постигнале во животот. Наместо тоа, избирате неутрални теми при што не дозволувате другата личност да види колку сте успешни.rn

    13. Не верувате дека некогаш ќе ја пронајдете вистинската љубов

    rnАко продолжите да верувате дека засекогаш ќе бидете сами, најверојатно и тоа ќе се случи. Треба да најдете начин да ја зголемите самодовербата, да ги цените вашите вредности и да ја негувате мислата дека го заслужувате најдоброто.rnrnОткако прочитавте како недоволната љубов кон себеси може да влијае врз вашите љубовни односи со партнерот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • Кои 7 правила на пријателството можат да ја подобрат вашата љубовна врска?

    Кои 7 правила на пријателството можат да ја подобрат вашата љубовна врска?

    Во 2013 година група истражувачи објавиле студија според која паровите кои го ценат пријателскиот аспект на својата врска полесно ги решаваат проблемите во меѓусебните односи. Згора на тоа, паровите изјавиле дека нивните љубовни чувства, заемното сексуално задоволство и посветеноста кон партнерот се зголемиле благодарение на следните правила на пријателство.rnrnКои 7 правила на пријателството можат да ја подобрат вашата љубовна врска?rnrn1. Пријателите се искрени еден кон друг, но не се нељубезни и не осудуваат.rnrn2. Пријателите си го чуваат грбот еден на друг.rnrn3. Пријателите се поддржуваат еден со друг во напорите да ги постигнат своите животни цели, како на личен, така и на професионален план.rnrn4. Помеѓу пријателите никогаш не постои однос на надреден и подреден.rnrn5. Пријателите слушаат до крај што има другиот да каже.rnrn6. Иако постојат ситуации кога пријателите не се согласуваат, сепак не се обидуваат да го негираат тоа што го тврди другиот, или во најлош случај, да го посрамотат.rnrn7. Пријателите се почитуваат еден со друг.rnrnОткако откривте кои 7 правила на пријателството можат да ја зацврстат вашата љубовна врска, ви препорачуваме да прочитате и кои 15 мали нешта ги прават силните парови во здрава љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 6 причини зошто треба да ставите крај на секаков контакт со поранешниот партнер

    6 причини зошто треба да ставите крај на секаков контакт со поранешниот партнер

    За разлика од порано, раскинувањето во 21 век е многу потежок процес. Тоа се должи токму на социјалните медиуми кои се веќе дел од нашето секојдневие и без кои, сакале или не, не можеме да го замислиме животот. Токму поради овие модерни начини на комуникација, многу луѓе на еден или на друг начин остануваат во контакт со поранешните партнери и по завршувањето на врската.rnrn6 причини зошто треба да ставите крај на секаков контакт со поранешниот партнерrnrnСпоред психолозите, постојат 6 причини поради кои важно е да го прекинете контактот со поранешниот партнер откако веќе сте раскинале.rn

    1. Ви треба време за да го пребродите раскинувањето

    rnТагата, очајот и депресијата се неминовни чувства кои се дел од процесот на раскинување. Тоа е процес кога по интензивните, емотивни настани, почнувате да се соочувате со новата реалност. Овие емоции се логични и очекувани, но со текот на времето ќе избледат, а тогаш можете да го направите првиот чекор кон позитивна промена. Сепак, ова е можно само доколку го прекинете контактот со личноста која е извор на овие екстремни емоции. Доколку го одржите таквиот контакт, силните емоции ќе ве држат врзани за минатото и нема да можете лесно да го заборавите тоа што се случило.rn

    2. Треба да го замените сомнежот со доверба

    rnПроцесот на раскинување може негативно да се одрази врз вашата самодоверба. Тоа може да доведе до чувството на страв дека ќе останете сами, дека нешто не е во ред со вас. Без разлика колку и да се чини невозможно, морате да почнете од почеток така што ќе се откажете од сето она што ве одржувало во лоша врска и ќе развиете позитивен однос кон нештата. Тоа ќе ви помогне да си ја повратите вашата самодоверба. Најлошото сценарио во овој случај би било да го продолжите навидум невиниот однос со поранешниот партнер за да продолжите скришум да се жалите на тоа што сте доживеале и да се оптоварувате со непотребни мисли.rn

    3. Морате одново емотивно да се поврзете со себе

    rnДодека сте во врска, партнерот е секогаш во преден план на вашите мисли и така повеќето одлуки ги носите целосно свесни за вашата врска. Затоа, доколку ги елиминирате сите мисли поврзани со партнерот, ќе ги прочистите не само мислите туку и вашите чувства. Токму емоционалната чистотија е она што ви треба пред да одлучите во која насока ќе продолжите по долготрајна врска.rn

    4. Не треба да го идеализирате поранешниот партнер

    rnНема да можете да сфатите дека сте ѝ дале преголема важност на врската која можеби и воопшто не била здрава за вас токму поради силните емоции кои следат по раскинувањето. Секако, тоа не значи дека поранешната врска не била значајна, но вистината е дека не сите значајни работи се засекогаш неопходни. Доколку го сфатите тоа и навреме прекинете каков било контакт, ќе ви биде полесно да започнете нова, здрава врска во иднина и нема да ја споредувате со она што веќе поминало.rn

    5. Еден ден можеби и повторно ќе станете пријатели со поранешниот партнер

    rnДури и ако сте во искушение да воспоставите пријателски однос со поранешниот партнер, мора целосно да ја прекинете комуникацијата веднаш по раскинувањето, барем за некое време. Сепак, периодот без комуникација може да биде навистина тежок, особено доколку имате работи кои ве поврзуваат како деца, работа во иста компанија, заеднички пријатели… Во такви случаи препорачливо е да ја сведете комуникацијата на минимум и повторно да воспоставите нормална интеракција само кога ќе бидете емоционално подготвени за тоа, со јасни желби и очекувања.rn

    6. Затоа што сакате да бидете подобри отколку што бевте

    rnКога ќе ја прекинете врската, имате можност да престанете да бидете личноста каква што бевте кога бевте во врска. Овој емотивно нестабилен период е истовремено и време кога можете да почнете со ново хоби, да негувате нов имиџ и други нешта кои можеби не сте си ги дозволиле во текот на врската.rnrnОткако прочитавте за причините поради кои е важно да ја прекинете комуникацијата со поранешниот партнер, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 книги можат да ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs

  • 5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

    5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта

    Многу долго чекавте да го доживеете тоа чувство на блаженство што е типично за вљубените луѓе, но што се случува кога другата личност нема да ви ја возврати љубовта? Секогаш кога ќе си помислите: „Ова го чекав! Ова е личноста за која сонував!“, за веднаш потоа да се соочите со скршено срце и разочараност. Можеби не го сфаќате тоа, но имате тенденција да се заљубите во некој кој не може да ви возврати со истите чувства. Во продолжение прочитајте зошто се вљубувате во погрешните луѓе.rnrn5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовтаrn

    1. Не се почитувате и сакате себеси

    rnКако што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот.rn

    2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската

    rnЗа вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот.rn

    3. Не сакате да се збогувате со минатото

    rnСе плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска.rn

    4. Се плашите од интимност и ранливост

    rnСе вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа.rn

    5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате

    rnКога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци.rnrnОткако ги прочитавте причините поради кои се заљубуваме во погрешните луѓе, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да се случат за да се заљубат две личности.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

    8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во вас

    Понекогаш е тешко да се опише зошто некој ни се допаѓа и зошто се заљубуваме во него. Направени се многу истражувања на оваа тема, но има некои работи што може да се издвојат како главни причини зошто некој може да се заљуби во вас.rnrn8 причини зошто некој ќе се заљуби токму во васrnrn1. Многумина имаат тенденција да се заљубат во луѓе кои се слични на нив – ако имаат исти вредности, исти животни искуства, приближна возраст.rnrn2. Луѓето знаат да се заљубат во партнер кој наликува на еден од нивните родители, на оној од спротивниот пол. На пример, жената може да ја привлече маж кој ја потсетува на нејзиниот татко. Ова може да се однесува на физичките карактеристики, како што се бојата на очите или косата, но и на карактерот. Децата на млади родители имаат поголема веројатност да бараат помлади партнери.rnrn3. И мирисот игра многу голема улога во привлечноста. На пример, жените за време на овулацијата претпочитаат мажи кои имаат повеќе тестостерон. Или, мажите може несвесно да ги привлече мирисот што го испушта жената за време на плодните денови.rnrn4. Отворениот став кон другите луѓе е, исто така, една од причините за заљубување. Тоа изгледа привлечно.rnrn5. Висината игра важна улога во привлечноста, особено кога станува збор за мажите. Многу жени едноставно сакаат високи и силни мажи бидејќи се чувствуваат побезбедно и позаштитено кога се со нив.rnrn6. Споделувањето возбудливи и донекаде застрашувачки искуства, исто така, може да биде многу привлечно.rnrn7. Луѓето кои живеат блиску имаат поголема веројатност да се заљубат еден во друг. Така, тие имаат можност да го запознаат потенцијалниот партнер во секојдневни ситуации, како и често да наидуваат на него.rnrn8. Насмевката на вашето лице е многу привлечна, а истражувањата докажаа дека позитивните и весели луѓе им се многу попривлечни на другите.rnrnПрочитајте кои 8 знаци откриваат дека веќе не сте вљубени во партнерот.

  • 11 знаци дека влегувате во нова врска премногу рано и што треба да знаете за таквата врска

    11 знаци дека влегувате во нова врска премногу рано и што треба да знаете за таквата врска

    Раскинувањето е една од најтешките работи за многу луѓе, особено кога станува збор за врски во кои се вложени многу години, труд, љубов, разбирање, енергија и работа. По раскинувањето следува период на закрепнување, што бара време и дополнителен напор за личноста да закрепне и да се врати на вообичаениот начин на живот. Бидејќи сите луѓе се различни, раскинувањата изгледаат различно кај сите луѓе. Ниту едно закрепнување од раскинувањето не е исто и нема временски период во кој закрепнувањето е загарантирано. За некои луѓе, ова трае неколку месеци, додека некои луѓе не можат да влезат во нова врска со години.rnrn11 знаци дека влегувате во нова врска премногу рано и што треба да знаете за таквата врскаrnrnОд друга страна, има луѓе кои премногу брзо влегуваат во нови љубовни врски. Таквиот упад се нарекува преодна врска и се карактеризира со недостаток на емоционална приврзаност кон новиот партнер и нецелосно закрепнување од прекинувањето на претходната врска. Луѓето влегуваат во преодна врска од различни причини. Некој ќе го стори тоа намерно, а некој нема да биде целосно свесен за своите постапки. Некогаш може да се наоѓате во преодна врска од другата страна и подоцна да станете свесни за постапките на вашиот нов партнер.rn

    Знаци дека сте во преодна врска

    rnБез оглед на тоа дали влеговте во нова врска свесно или несвесно, постојат одредени знаци кои ќе ви го потврдат тоа:rn

      rn 011

    • неодамнешно раскинување
    • rn 011

    • постојано гледање наназад во минатата врска или целосно избегнување на таа тема
    • rn 011

    • брз напредок, принудување и брзање
    • rn 011

    • избегнување емотивно отворање и поврзување
    • rn 011

    • фокусирање исклучиво на секс
    • rn 011

    • давање измешани сигнали
    • rn 011

    • барање внимание и прекумерно уживање во вниманието на партнерот
    • rn 011

    • покажување и фалење со партнерот за колку што е можно повеќе луѓе (вклучувајќи го и поранешниот партнер) да дознаат за вашата нова врска
    • rn 011

    • избегнувате средба со најблиските, односно со семејството и со пријателите
    • rn 011

    • избегнувате планирање на иднината со новиот партнер
    • rn 011

    • краткотрајна врска
    • rn

    rn

    Дали преодната врска е здрав и паметен потег?

    rnВо некои случаи, може да се случи личноста да не закрепне целосно од раскинувањето и да влезе во врска со нова личност, па да најде среќа во таа врска. Но, додека многу луѓе уживаат во нечие внимание и секс, повеќето експерти велат дека преодната врска е погрешен потег. Во повеќето случаи, личноста која сè уште жали за поранешниот партнер и за врската не може да воспостави здрава и стабилна врска.rnrnСекоја загуба во животот треба да биде прифатена и лекувана така што новиот почеток ќе биде навистина нов почеток, а не бесцелно губење и заплеткување во емоциите. Наместо да брзате во нова врска по раскинувањето, посветете се и работете на себе и одвојте време да закрепнете од сè што ви се случило. Но, ако ви се случи да завршите во преодна врска, не срамете се од тоа или не осудувајте се сами. Понекогаш, преодната врска е исто така начин да сфатите дека сè уште не сте закрепнале и дека тоа е сосема нормално.rnrnПрочитајте кои 8 знаци откриваат дека веќе не сте вљубени во партнерот.

  • Љубов или само добар секс: Со овие 6 знаци ќе го отстраните секој сомнеж

    Љубов или само добар секс: Со овие 6 знаци ќе го отстраните секој сомнеж

    Понекогаш е тешко да направите разлика помеѓу тоа дали партнерот чувствува нешто за вас или само сака да ја тутка постелнината со вас. Ова обично е предизвик на самиот почеток на врската, кога многу работи се сè уште нејасни, иако понекогаш се случува работите да не бидат дефинирани подолг период. Ако веќе некое време сте гледале личност со која имате интимни односи, многу е важно да барате знаци што може да ви откријат дали сте само со личност со која имате фантастичен секс или ѝ значите нешто повеќе. Во продолжение прочитајте кои се разликите помеѓу љубовта и сексот.rnrnЉубов или само добар секс: Со овие 6 знаци ќе го отстраните секој сомнежrn

    Ако имате секс секој пат кога ќе се видите – тоа е само секс

    rnДали вашиот телефон е преполн со неговите пораки во кои пишува колку многу ве посакува и едвај чека да ве види во својот кревет? Ако сите негови напори да ве види водат во неговиот кревет, не е тешко да се заклучи дека вие сте некој што го повикува во ситуации кога сака да ја задоволи својата желба за секс.rn

    Ако го поминете викендот заедно без секс – тоа е љубов

    rnОтсуството на секс не значи дека постои љубов, но ако сексот не е приоритет и во приказната се вклучени и други работи, како правење заедничка вечера, филмски маратон, разговор што трае со часови и сл., тоа покажува дека партнерот сака да ве запознае, а не ве сака само во хоризонтална положба.rn

    Ако е воодушевен од фактот што може да ве задоволи – тоа е само секс

    rnИако мажите кои не се грижат за девојките со кои имаат секс мислат само на сопственото задоволство, има и такви што се доволно паметни за да знаат дека кога ќе се вжешти атмосферата, а тоа автоматски значи поголемо задоволство за обете страни. Затоа, фактот дека тој сака да ве задоволува не треба да се меша со љубовта.rn

    Ако сака да се гали со вас – тоа е љубов

    rnНаместо да броите колку пати сте сте го задоволиле вие, а колку пати тој вас, обрнете внимание на фактот дали тој сака да биде во вашите прегратки и колку е нежен кога ќе ве допре. Ако по сексот остане во кревет и продолжи да ве гали и да ве бакнува, тоа значи дека тој не завршил со вас.rn

    Ви дава комплименти што не се вистинити – тоа е само секс

    rnАко ви даде комплименти за тоа колку добро изгледате во кревет и дека го сака вашето тело, тој не зборува за вас и за тоа да ве сака вас, туку за вашето тело. Ваквите комплименти се поразителни и не треба да ги мешате со вистинските комплименти кажани од маж што е навистина заљубен.rn

    Ви дава комплименти кои не се поврзани со вашето тело – тоа е љубов

    rnБез разлика дали сте во спалната соба или надвор, мажот кој чувствува нешто за вас ќе ви каже дека ве сака, дека сака да биде во ваша близина, дека е воодушевен од вашата насмевка, од вашиот авантуристички дух итн. Исто така, ќе нагласи дека ја сака вашата спонтаност, искреност, лојалност.rnrnПогледнете кои 7 навики ги имаат паровите кои имаат одличен сексуален живот.

  • 5 совети за полесно справување со болно раскинување

    5 совети за полесно справување со болно раскинување

    Без оглед на причината, раскинувањата се секогаш тешки, а често болни и исцрпувачки. Но, ако причината за раскинувањето е измама или непочитување во каква било форма, станува уште потешко.rnrnТраумите оставени од болни раскинувања се големи и влијаат на секоја последователна врска. Постојат различни стравови, прашања за доверба и несигурности кои можат да наштетат во новата врска. Колку и да сакате нова личност, може да се случи едноставно да не можете да и верувате целосно, а виновникот за тоа е всушност во врската што ја оставивте. Ако ви се случило такво сценарио и ако се повтори во секоја нова врска, треба да знаете дека има решение за тоа. Подолу ви донесуваме неколку совети од експерти.rnrn5 совети за полесно справување со болно раскинувањеrn

    1. Бидете отворени кога станува збор за вашите емоции

    rnПред да направите нешто друго – прифатете ги сопствените емоции и споделете ги со другите. Без оглед колку сте лути, тажни или повредени, игнорирањето на какви било емоции е погрешен чекор. Незгодните раскинувања носат со себе непријатни последици и не треба да бегате од стравот што исто така го носат.rn

    2. Нека зараснат раните

    rnСо прифаќање на емоциите, вие всушност оставате раните да зараснат. Одвојте онолку време колку што ви треба пред да влезете во односи за кои не сте подготвени. Дури и ако сакате некој, не влегувајте во врска ако не сте подготвени. Бидете искрени со таа личност и одвојте малку повеќе време за себе доколку имате потреба.rn

    3. Отворено зборувајте за вашите стравови

    rnРазговарајте со луѓето блиски до вас за тоа како се чувствувате и кога ќе пронајдете потенцијален партнер, не плашете се да зборувате за вашите стравови и со нив. Не дозволувајте вашите стравови да ве засрамат и да ве замолчат. Секогаш е подобро да и кажете на новата личност што ви се случило и зошто имате одредени стравови. Ова ќе ја направи врската посилна и постабилна на самиот почеток.rn

    4. Поставувајте прашања

    rnИзмамените луѓе честопати ги префрлаат сомнежите и стравовите од поранешните врски во нови, дури и кога нема причина за тоа. Ова е сосема нормално и не треба да се срамите од тоа. Но, исто така, не треба да го криете тоа. Ако се сомневате во нешто, само прашајте затоа што давањето претпоставки за себе доведува до уште поголем проблем.rn

    5. Не срамете се да одите на терапија

    rnАко чувствувате дека вашите чувства и стравови влијаат на вашата нова врска и дека без оглед на чекорите што ги преземате, не можете да бидете сами, не срамете се да одите на терапија. Професионалната помош во такви ситуации е секогаш најдобрата опција.rnrnМожеби ќе сакате да прочитате и за овие 7 навики на паровите кои имаат одличен сексуален живот.

  • Како е да се биде во врска со човек кој веќе има деца?

    Како е да се биде во врска со човек кој веќе има деца?

    По долго пребарување го запознавте човекот од вашите соништа. Тој има деца од мината врска или брак. Иако истражувањата покажуваат дека оваа група мажи се смета за подобар комуникатор, позрела и поспремна за посветеност, децата и поранешните партнери можат да ја направат врската многу тешка, а понекогаш дури и да ја уништат. Љубовните врски и врските се суштински комплицирани, а маж со деца може дополнително да го комплицира животот.rnrnРазмислете за овие пет работи ако сте во врска со маж кој има деца.rnrnКако е да се биде во врска со човек кој веќе има деца?rn

    1. Искреност кон себе

    rnВо секоја врска, дури и во оваа, искреноста е важна. Можеби сакате деца, но разговарајте со него за неговите планови и желби. Откријте дали тој сака да има повеќе деца. Честопати разведените мажи не сакаат да имаат повеќе деца. Исто така е важно да се знае како и колку време поминува со своите деца и каква врска има со нив.rn

    2. Децата се на прво место

    rnСосема е нормално татко да ги стави децата на прво место. Треба да бидете флексибилни и трпеливи затоа што честопати ќе се случи вашата врска да пропадне, особено на почетокот на врската кога сè уште не сте ги запознале децата. Ако децата не му се најважни, треба да се запрашате дали воопшто сакате да бидете со таков човек. Од друга страна, децата се приоритет, но лошото управување со времето се одразува на квалитетот на врската по разводот.rn

    3. Односи со поранешната сопруга

    rnПред да започнете врска со разведен маж, треба да проверите какви се неговите емоции кон неговата поранешна сопруга. Додека го поддржувате за сè низ што поминува, вие не мора точно да ги знаете сите детали од разводот, па дури и некои од неговите минати врски, туку да се распрашувате за мајката на неговите деца и искрено да разговарате за причините за нивното раскинување или развод. Треба да бидете свесни дека, на некој начин, бившата секогаш ќе биде присутен во неговиот живот. Ги врзува нераскинлива нишка на родителство! Проблемите се јавуваат кога тој постојано зборува за неа и нивните проблеми и кога тоа се одразува на квалитетот на вашата врска и носи стрес и непријатност.rnrnАко излегувате со вдовец, не барајте отстранување на слики од починатата жена бидејќи таа е мајка на неговите деца.rn

    4. Запознавање со децата

    rnНајдобро време? Тешко е да се процени, но според некое правило, најмалку шест месеци сериозна врска, во која и двајцата сте сигурни дека сакате да го поминете вашиот живот заедно. Не чекајте за последен момент, кога ќе се свршите или одлучите да живеете заедно. Тогаш ќе треба да поминете повеќе време во дружење и подобро запознавање. На децата им треба долго време да прифатат нова ситуација.rn

    5. Биди нивен пријател

    rnМајката е една. Никогаш не обидувајте се да замените нечија мајка. Објаснете им дека го сакате нивниот татко. Понудете им пријателство и поддршка. Не се вознемирувајте ако не ве сакаат веднаш. Однесувајте се кон нив со почит и никогаш не зборувајте грдо за нивната мајка.rnrnМожеби ќе сакате да откриете и кои 8 знаци покажуваат дека веќе не сте вљубени во партнерот.