Дали вреди да се обидете да промените нешто или е подобро да дозволите ситуацијата да се одвива сама по себе? Можеби треба да го промените вашиот став? Погледнете ги овие слики и одберете една од нив. Дозволете вашата интуиција да ве води. Сликата што ќе ја изберете го има вистинскиот совет за вас.rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Знаете што сакате, но пред вас се наоѓа некаква пречка. Сега е вистинското време да ја надминете. Знаете дека нема да биде лесно, но зошто да чекате? Пречката може да изгледа непремостлива, но колку подолго размислувате како да се справите со неа толку ќе бидете подалеку од вашата цел. Можеби токму сега се чувствувате како да ја губите контролата над вашиот живот. Мора веднаш да дејствувате и да го решите проблемот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Во последно време сте зафатени со работата и секојдневните обврски. Разочарани сте, бидејќи некои ваши очекувања не се исполнија, уморни сте и сакате да го промените вашето секојдневие. Потребна ви е кратка пауза за да се опуштите и да ги „наполните батериите“. Треба да соберете доволно сила и енергија за да можете да ги решите проблемите. Но, не брзајте. И не заборавајте – ако бегате од вашите проблеми, тие нема да се решат самите по себе. Не дозволувајте вашите стравови да ве контролираат и обидете се понекогаш да уживате и да се опуштите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Имате одличен вкус и сакате убави работи. Луѓето веројатно бараат ваш совет при изборот на облека или украсувањето на нивниот дом. Ги цените учтивоста и прецизноста кај луѓето, бидејќи вие самите ги поседувате овие квалитети. Луѓето ве почитуваат. Но, внимавајте да не бидете премногу напорни и груби кон оние околу вас. Освен тоа, обидете се да ги проширите вашите хоризонти. Не само што ќе се чувствувате подобро од кога било туку и оние врати кои претходно биле затворени може да се отворат пред вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ќе ви донесе новата година.rnrnИзвор: atma.hr
Category: Занимливости
-

Тест: Омилената слика ќе ви го даде вистинскиот совет за проблемот кој ве мачи во моментот!
-

Дали знаевте дека еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа се наоѓа во Естонија?
Главниот и најголемиот град на Естонија, Талин, секоја година привлекува милиони туристи, а во 1997 година беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.rnrn
rnrnГрадот се наоѓа на брегот на Финскиот Залив, а од 13 век до 1918 година бил познат како Ревал. Иако денешниот град бил формиран во 13 век, сепак на неговата територија биле пронајдени остатоци од човечки населби кои датирале од пред 5.000 години. Благодарение на овој факт, Талин е познат и како еден од најстарите главни градови во Северна Европа.rnrnУште една добра вест за љубителите на историјата: стариот град е еден од најдобро зачуваните средновековни градови во Европа. Особено впечатливи се градските ѕидини со 26 стражарници. Шетајќи низ тесните камени улички ќе се почувствувате како да сте во бајка и како да се сте се вратиле назад во времето.rnrn
rnrnДруга туристичка атракција која не смеете да ја пропуштите е црквата Свети Олаф, највисокиот верски објект во Северна Европа, висок околу 120 метри. Вреди да се посети и старото градско собрание, особено во текот на декември, кога на соседниот плоштад се одржува божиќниот пазар.rnrn
rnrnНе пропуштајте го и естонскиот парламент и кулата Пик Херман, која е симбол на независноста на земјата, сместени на ридот Томпеја. Оваа локација на туристите им нуди и прекрасна панорама на поголемиот дел од средновековниот стар град.rnrn
rnrnОткако прочитавте за историските занимливости за Талин, можеби ќе сакате да прочитате и за најубавите градови во светот опкружени со ѕидини.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Музеј на флипери во Будимпешта: Една од најпопуларните туристички атракции во градот!
Скриен во подрум, во станбена зграда во зоната Újlipotváros, Будимпешта, се наоѓа рајот за љубителите на флиперите: малиот музеј на флипери отворен пред девет години е една од омилените туристички атракции во градот.rnrn
rnrnЗа сопствениците, бучниот и шарен свет на флиперите е повеќе од игра, тие се вистинска временска машина кои можат за миг да ве однесат назад во минатото. Музејот на флипери во Будимпешта располага со повеќе од 160 автомати, што го прави ова место една од најголемите колекции на флипери во Европа.rnrnНајпопуларните флипери се оние од осумдесеттите години кои се сметаат за златната доба на флиперите. Некои од постарите флипери кои можете да ги видите овде се вистински антиквитети бидејќи потекнуваат од 1947 година. За околу десет и пол евра, колку што е цената на билетот, можете да поминете цел ден во музејот играјќи игри.rnrnОткако прочитавте за овој музеј на флипери, можеби ќе сакате да прочитате и за најневеројатните нешта во музејот Смитсонијан.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr -

Тест: Омилената слика ќе ви открие што ви е потребно за мир и среќа!
Среќата и мирот ги наоѓате во самотијата, во друштвото на саканата личност или ве исполнува нешто сосема друго? Изберете ја сликата која најмногу ве привлекува, а таа ви ќе открие што ви треба за благосостојба на вашата душа!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Имате немирен дух и постојано барате некои возбудливи моменти за да ја пронајдете вашата оаза на мир и среќа на крајот од напорниот ден. Затоа е многу важно до себе да имате личност која е подготвена да се впушти во разни авантури со вас. Секогаш се обидувате да бидете опкружени со многу луѓе бидејќи во тие моменти сте апсолутно свои и нема кој да ве осуди на кој било начин. Затоа, од суштинско значење е секогаш да бидете во движење и да истражувате нешто ново. Треба да го искористите секој можен момент и да го правите она што го сакате бидејќи само така ќе се чувствувате исполнети и среќни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Вие сте личност која по природа е мирна и сталожена и затоа ви е многу важно во моментите кога сакате да се одморите и опуштите да се наоѓате во средина каде владее целосен мир и тишина. На овој начин лесно ја надоместувате изгубената сила. Луѓето често ве бараат кога сакаат да споделат тишина со некого и кога се во тешка ситуација, бидејќи вие сте личност која неверојатно добро слуша и која е подготвена, доколку е потребно, да седите со некого во тишина и мир неколку часа сo цел другата личност да се почувствува подобро, а и вие заедно со неа. Затоа е многу важно секогаш да си овозможувате неколку минути одмор од целиот свет после напорната работа бидејќи тоа е навистина нешто што ве прави среќни и што ви треба за да функционирате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Исклучително ви е важно покрај себе да имате сакана личност со која ќе можете да споделите сè што ви се случило во текот на денот, да ви даде поддршка, но и да сподели моменти на радост со вас. Само кога ќе бидете опсипани со внимание, љубов и разбирање од саканата личност, сметате дека секој момент поминат со неа е скапоцен и исполнет со неверојатна среќа и поради тоа, личноста која ве сака со целото свое битие ќе се обиде да ви ги пружи тие мирни моменти на хармонија и среќа секој ден. Покрај саканата личност, централното место во вашето срце го заземаат и членовите на вашето семејство, за кои би направиле сè на светот само за сите да бидат среќни и исполнети. Затоа, обидете се да им дадете љубов и разбирање на луѓето за кои се грижите и ги сакате, бидејќи колку што ви се потребни среќни моменти, исто толку ви е важно и луѓето околу вас да се чувствуваат среќно и безбедно.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет за јануари 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr -

Недоволната хидратација може да биде причина за зголемен ризик од развој на хронични болести!
Колку пати сте си ветиле дека ќе почнете да пиете повеќе вода? За многумина од нас навиката да внесуваме повеќе вода се сведува најчесто на ветување кон самите себеси кое на крајот не го исполнуваме. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто треба да внесувате повеќе вода во организмот? Еве што велат најновите истражувања.rnrn
rnВрската помеѓу дехидратацијата и смртноста
rnНајновите истражувања покажале дека пиењето доволно вода може значително да го намали ризикот од развој на хронични болести, како и ризикот од прерана смрт. Згора на тоа, научниците сметаат дека недостатокот на соодветна хидратација е една од причините за предвременото стареење на организмот.rnrnИстражувањето, кое траело повеќе од 25 години, опфатило околу 15.000 луѓе на возраст од 45 до 65 години кои учествувале во редовни клинички прегледи за мерење на нивото на натриум во организмот(што може да ја одрази внатрешната хидратација). Кога нивото на натриум е повисоко, тоа покажува помал внес на вода.rnrnТака, било утврдено дека оние учесници кои внесувале помалку вода имале 64% поголем ризик од развој на хронични болести како на пример срцеви болести, мозочен удар, атријална фибрилација, периферна артериска болест, хронична белодробна болест, дијабетес и деменција.rnrnЗаклучокот до кој дошле научниците е колку повеќе внесувате вода, толку е поголема веројатноста да живеете подолг и поздрав живот.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и за друго истражување според кое чајот може да го намали ризикот од предвремена смрт.rnrnИзвор: mindbodygreen.comrnrn
-

5 евтини дестинации за патување во 2023 година
Сигурно сте го забележале фактот дека луѓето патуваат повеќе од кога било досега. Една од причините за тоа е и пандемијата која го погоди целиот свет, па не е ништо чудно што луѓето се желни за нови патувања и откривање нови места. Туристичките агенции веќе работат со полн капацитет, а сè што треба да направите е да го изберете посакуваниот термин и место, бидејќи речиси секој викенд има нови дестинации. Во продолжение прочитајте кои земји ги издвоивме како достапни и евтини дестинации за патување во 2023 година.rn
Турција
rnРепублика Турција е евроазиска земја која се наоѓа во југоисточниот дел на Европа и југозападниот дел на Азија (Мала Азија). Задолжително посетете го Истанбул, прекрасната турска престолнина. Ќе бидете воодушевени од културата, храната и турското кафе, а крстарењето со брод по Босфор ќе ви понуди прекрасен поглед кон градот.rnrn
rnБугарија
rnБугарија е една од најевтините дестинации во Европа и секој нејзин дел е посебен за истражување. Задолжително посетете го главниот град Софија, но и други мали градови каде што можете да ги истражувате знаменитостите и културата.rnrn
rnРоманија
rnРоманија е земја во Југоисточна, делумно во Централна Европа која се карактеризира со разновиден пејзаж, од ридови и планини до плажи. Она што е исклучително привлечно за оваа земја е националната кујна и затоа мора да пробате некои од нивните локални јадења.rnrn
rnЧешка
rnЧешка, официјално Чешка Република, е земја во Централна Европа, која се граничи со Полска на североисток, Словачка на југоисток, Австрија на југ и Германија на запад и северозапад. Главен град на Чешка е Прага, кој се нарекува и Златен град и град на сто кули. Посетете го Стариот град и Карловиот мост, како и музејот Кафка. Чешка е првата земја во светот според количината на консумирање пиво по жител годишно. Затоа, не пропуштајте да го пробате нивното пиво!rnrn
rnУнгарија
rnУнгарија и нејзиниот главен град Будимпешта се дел од дестинациите што мора да ги видите барем еднаш во животот. Се одликуваат со прекрасен пејзаж, локална храна, архитектура… Освен тоа, оваа земја е посебно позната по фактот дека овде се наоѓа езерото Балатон, најголемото во Централна Европа. Во зависност од тоа како патувате, можете да најдете хостели во кои можете многу евтино да преноќите.rnrn
rnrnОткако прочитавте за нашиот избор на евтини дестинации за патување во 2023 година, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те најевтини европски градови за викенд патување.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr -

Тест: Изберете був и откријте која е неговата порака за вас!
Една од карактеристиките по која е најпознат бувот е тоа што може да гледа во мракот. Бувот симболично ни помага да го тргнеме превезот на измамата и илузијата за да го видиме она што е скриено.rnrn
rnrnБувот е силен духовен водич за здраво расудување и донесување одлуки. Кога ќе се појави був во вашиот живот, обратете внимание на промените. Можеби ќе им ставите крај на некои стари навики или ситуација која повеќе не ви оди во прилог и ќе внесете нешто ново во вашиот живот. Изберете еден був за да откриете каква порака има тој за вас!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 1″ active=”false”]Вие сте многу љубопитна личност. Имате многу развиена потреба за континуирано учење на нови и интересни работи. Но, вашата маана е тоа што понекогаш се мешате во туѓите работи, иако мислите дека тоа го правите со најдобра намера. Би било добро ако ја анализирате оваа карактерна особина – и работите на тоа…[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 2″ active=”false”]Вие сте умерено љубопитни и многу наивни. Светот околу вас ви е интересен, но во исто време ви е тешко да живеете среде злото и непријателството. Не ви е лесно да се борите за себе. Не грижете се, наскоро сè ќе се промени на подобро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 3″ active=”false”]Постојано „замрзнувате“. Може да ви биде ладно и на 30 степени! Се плашите од сè! Сепак, не вреди да си го правите тоа. Надминете ги вашите стравови, ризикувајте и обидете се да ги правите работите што ги сакате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 4″ active=”false”]Сигурни сте во себе и се обидувате да освојувате нови хоризонти. Но, има нешто што ве спречува да го направите тоа. Станува збор за детска наивност. Одвојте време да размислите за вашите постапки и преземете одговорност – и ќе успеете во сè.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 5″ active=”false”]Вие сте песимист. Едноставно, песимист по природа. Тешко е да се смените. Не е лесно да се воспостави врска со вас. Затоа, неопходно е да се промените, особено доколку сакате луѓето да се однесуваат поинаку со вас.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Був бр. 6″ active=”false”]Вие сте горда и донекаде нарцисоидна личност. Не е паметно да се живее така, работете на самоподобрување и ќе увидите дека ќе почнете да ги привлекувате вистинските личности.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да дознаете каква судбина ве очекува во 2023.rnrnИзвор: atma.hr -

Кој вид на пијалак може да придонесе за предвремено стареење?
Кога станува збор за стареењето, нема полош пијалак од газиран пијалак засладен со шеќер. Познато е дека редовното консумирање на овие пијалаци го зголемува ризикот од зголемување на телесната тежина и одредени болести, а одредени истражувања покажале и дека тие можат да му влијаат на вашето тело дури и на клеточно ниво. Сето тоа придонесува за нездраво и побрзо стареење.rnrn
rnrnСпоред експертите, редовното консумирање засладени пијалаци може да го зголеми ризикот од разни болести како што се зголемена телесна тежина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2.rnГазираниот пијалак предизвикува стареење
rnГазираниот сок може да го зголеми ризикот од болести, но исто така може негативно да влијае на клетките на вашето тело. Според една студија од 2014 година, зашеќерените пијалаци можат да предизвикаат предвремено стареење на клеточно ниво.rnrnЗа да ја спроведат својата студија, истражувачите од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF) ги испитувале податоците од 5.309 возрасни Американци на возраст меѓу 20 и 65 години без историја на кардиоваскуларни болести.rn
Според авторите на истражувањето: „Редовното консумирање на газирани пијалаци засладени со шеќер може да влијае на развојот на болести – не само што ја оптоварува метаболичката контрола на телото врз шеќерот, туку и го забрзува клеточното стареење на ткивата.”
rnИсто така, истражување од 2021 година, покажало дека консумирањето на засладени пијалаци, како што се газираните, е поврзано со промени во цревните бактерии и цревната флора, воспаление и оксидативен стрес, а сето тоа може да доведе до предвремено стареење.rnrnОсвен тоа, важно е и да знаете дека газираните пијалаци можат лошо да влијаат врз бубрезите. Според едно истражување од 2015 година, честото консумирање газирани сокови засладени со шеќер го зголемува ризикот од појава на хронична бубрежна болест.rnrnОткако прочитавте за штетното влијание на газираните пијалаци, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашето тело 1 час по пиењето газиран пијалак.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr
-

Тест: Изберете ангел за да добиете порака за денес!
Нека интуицијата ве води при изборот на еден од овие три ангели. Откако ќе го изберете, прочитајте ја неговата порака!rnrn
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 1″ active=”false”]На сите ни е потребна љубов во животот, но многумина од нас сакаат да бидат сакани на уникатен начин. Затоа, морате да бидете свесни за тоа како се појавува љубовта во вашиот живот и од кого доаѓа. Чекате личност која ќе ве сака онака како што сакате да бидете сакани. Сепак, застанете за миг и размислете. Ќе сфатите дека вие веќе сте опкружени со љубов. Не заборавајте дека љубовта е секогаш околу вас, доволно е само да ја забележувате одвреме-навреме.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 2″ active=”false”]365 дена во годината претставуваат 365 нови можности! Не смеете да заборавите дека секој нов ден е можност да го промените вашиот живот на начинот на кој сакате. Дали сте задоволни од вашиот живот? Доколку одговорот е „не“ – мора да направите нешто во врска со тоа. Затоа, не пропуштајте ја шансата и започнете. Ако промените доаѓаат во вашиот живот со бавно темпо, денес е денот кога треба да започнете да носите големи и храбри одлуки. Секогаш имајте на ум дека промените доаѓаат кај оние кои не се плашат![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Ангел бр. 3″ active=”false”]Не заборавајте дека вашиот ангел-чувар е секогаш покрај вас. Затоа, чувајте го вашиот внатрешен мир и следете ја вашата внатрешна светлина. Не дозволувајте гневот да ве води и не ги игнорирајте луѓето кои ви даваат храброст да продолжите напред. Освен тоа, не плашете се да им верувате на луѓето. Никогаш не откажувајте се од вашите соништа, мисли и одлуки. Ви треба повеќе самодоверба за да дејствувате во согласност со вашето вистинско внатрешно „јас“.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да ја добиете вашата порака за оваа зима.rnrnИзвор: atma.hr -

Најдобрите цитати на Џеки Чен за успехот и животот
Џеки Чен е една од најпознатите и најуспешните холивудски ѕвезди. Сепак, патот до славата за него воопшто не бил лесен, а упорноста и желбата за успех биле клучни во развојот на неговата кариера. Во продолжение прочитајте дел од неговите најдобри цитати кои ќе ве инспирираат да ја преземете контролата врз вашиот живот и максимално да уживате во него.rnrn
rn„Јас сум добар за некои работи, но лош за многу други работи.“
rn
„Никогаш не сакав да бидам вториот Брус Ли. Само сакав да бидам првиот Џеки Чен.“
rn
„Не дозволувајте околностите да ве контролираат. Вие ќе ги смените околностите.“
rn
„Бев жртва на булизам бидејќи бев исплашен и не знаев како да се бранам. Ме малтретираа додека не спречив нов ученик да биде малтретиран. Залагајќи се за него, научив да се залагам за себе.“
rn
„Семејството не е оној чија крв е во тебе, туку оној кого го сакаш и оној кој те сака.“
rn
„Сега кога сум постар, разбирам дека треба да се прифатиме онакви какви што сме.“
rn
„Јас сум луд, но не сум глупав.“
rn
„Понекогаш е потребен само еден чин на љубезност и покажување грижа спрема некого за да му го промените животот.“
rn
„Најдобрите борби се оние што ги избегнуваме.“
rn
„Ако некој не сака да се приврзува за луѓето и желбите, никогаш нема да му биде скршено срцето. Но, тогаш, дали тој некогаш навистина живеел?“
rn
„Да се мирува и да не се прави ништо се две сосема различни работи.“
rn
„Сè што сакам е мојата работа да ги прави луѓето среќни.“
rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Џеки Чен, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати на Ричард Гир за светот и среќата.rnrnИзвор: goalcast.com