Несомнено, Елиф Шафак е една од најпознатите современи авторки чии дела се преведени на педесет јазици. Најпознатите романи на оваа повеќекратно наградувана британско-турска авторка се: „Четириесет правила на љубовта“, „Копилето од Истанбул“, „Чиракот на архитектот“ и „Трите ќерки на Ева“. Во продолжение прочитајте дел од нејзините најпознати цитати.rnrn
rn
„Секоја вистинска љубов и пријателство е приказна за неочекувана трансформација. Ако сме истата личност пред и откако сме сакале, тоа значи дека не сме сакале доволно.“
rn
„Љубовта не може да се објасни. Може само да се доживее. Љубовта не може да се објасни, но таа објаснува сè.“
rn
„Како што глината мора да се испече на висока температура за да биде цврста, така и љубовта може да стане посилна само благодарение на болката.“
rn
„Колку е ужасно да сте ментално и емоционално приврзани за некој од кого сте физички одвоени.“
rn
„Секогаш беше вака. Кога ја зборуваше вистината, те мразеа. Колку повеќе зборуваше за љубов, толку повеќе те мразеа.“
rn
„Каква корист може да се има од човек кој не може да се свикне на едно место? Ако човекот нема чувство на припадност тогаш е препуштен сам на себе да талка, како сув лист на ветрот.“
rn
„Што значи трпението? Тоа значи да се погледне трнот и да се види розата, да се погледне ноќта и да се види зората.“
rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15 цитати од Тони Морисон што ќе ви го осветлат денот колку и да ви е тешко.rnrnИзвор: quotecataog.com


rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 1″ active=”false”]Многу е можно да сте биле разочарани во претходниот период и затоа се сомневате дека некогаш повторно ќе бидете среќни кога станува збор за љубовта. Сепак, иако сте разочарани, копнеете да имате некој со кој ќе ги споделите најубавите, но и најтажните моменти. Доколку ја избравте оваа слика, тоа е јасен доказ дека вашата желба ќе се оствари. Последната недела од февруари ќе ви донесе нова љубов која ќе трае. Вашата врска на почетокот ќе биде пријателска, но со текот на времето меѓу вас двајца ќе се развие хемија.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 2″ active=”false”]Следниот период ќе ви донесе бројни настани на љубовен план, и позитивни и негативни. Иако во моментов немате премногу проблеми во однос на вашата врска, тоа за жал наскоро ќе се промени. Во првата половина од февруари ќе имате љубовни проблеми кои ќе ги создаде трето лице, а ќе ви треба многу време за да ги решите. Кон средината на месецот ве очекува убаво љубовно изненадување, така ќе остане до крајот на месецот. Освен тоа, кон крајот на месецот ве очекува и остварување на еден од вашите романтични соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Срце бр. 3″ active=”false”]Веќе некое време има сериозни проблеми во вашата врска, но овие проблеми наскоро ќе станат минато. Наскоро ве очекува важен настан кој ќе ви докаже дека вашата врска и љубов помеѓу вас и вашата сакана личност е посилна од сè. Во текот на месец февруари нема да имате никакви љубовни проблеми, едноставно вашата врска од ден на ден ќе се подобрува, а на крајот на месецот ве очекуваат прекрасни вести, како предлог за брак.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да 
rnrnИмено, постојат многу истражувања според кои неколку часовното седење како она во канцелариски услови, претставува опасност по здравјето, дури и за оние кои редовно вежбаат.rnrnИстражувачите откриле дека 5 минути пешачење на секои 30 минути може значително да ги намали и шеќерот и крвниот притисок. Освен тоа, ова не само што може да го намали заморот туку може и да го подобри расположението.rnrnСпоред оваа студија, дури и малите подобрувања во физичката активност може да имаат влијание врз шеќерот во крвта и крвниот притисок. Станува збор за 40 минути физичка активност во текот на осумчасовниот работен ден, сосема доволно за да започнете со поздрав начин на живот.rnrnОпштопознато е дека стоењето и одењето го зголемуваат протокот на крв, особено во нозете. Исто така, помагаат во метаболизмот на шеќерот и мастите.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrnИако сето ова звучи како некоја хорор приказна, тоа навистина се случило и некако ги потврдило митовите и легендите кои со децении кружат за езерото старо 400 години.rnrnПред вулканската ерупција на 21 август 1986 година се слушнал некаков татнеж или гром кој ги разбудил жителите на околните населби, а потоа од многубројните млазници почнала да избива вода.rnrnОд таа вода излегувала бела пареа и формирала облак кој се проценува на меѓу 300 илјади и 1,6 милиони тони и кој се ширел со брзина од околу сто километри на час. Потоа се случила катастрофата, при што 1.746 луѓе и повеќе од 3.500 животни ги загубиле животите во околните села и градови.rnrnОние кои излегле да проверат од каде доаѓа татнежот, биле пронајдени задушени на улица, а останатите починале во сон. Кога облакот се расчистил на 23 август, биле откриени само четворица преживеани, кои се разбудиле по 36 часа.rnrnОна што довело до катастрофата е фактот што во езерото низ вековите се акумулирал јаглерод диоксид, а потоа стигнал до површината, што предизвикало експлозија, односно ерупција. За ова придонеле и обилните дождови предизвикани од лизгање на земјиштето во областа непосредно пред оваа катастрофа.rnrnВо меѓувреме во ова езеро се поставени цевки за извлекување на јаглерод диоксид од неговото дно, но се стравува дека сè уште постои опасност од природна катастрофа бидејќи се верува дека природниот ѕид на ова езеро постојано слабее.rnrnСе верува дека само еден земјотрес би можел да го уништи некогашниот кратер на вулканот, сегашното дно на езерото, а испуштањето на смртоносниот гас повторно може да ги загрози животите на околу 5 илјади луѓе.rnrnОткако прочитавте за најсмртоносното езеро, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrnСе наоѓал во Лондон, пред британскиот парламент, а работел на плин. Се состоел од два подвижни знаци прикачени на краци кои се управувале со помош на лост, а бил осветлен на врвот за да се обезбеди видливост дури и ноќе. Сепак, несреќниот семафор не траел долго. По неполни два месеци, експлодирал и убил полицаец кој ги поставувал знаци.rnrnСветот станал подготвен за семафори дури откако струјата станала вообичаена во градовите. Кливленд (Америка) ја имал честа да стане дом на првиот двобоен семафор кој работел на струја. Детроит и Њујорк додале жолто помеѓу црвено и зелено во 1920 година.rnrnВо Европа, првиот семафор се појавил во Париз во 1923 година, а потоа и во другите поголеми градови: Берлин поставил семафори една година подоцна, а потоа следувале Милано, Рим, Лондон, Прага и Барселона.rnrnПрвата конвенција за унифицирање на патната сигнализација била потпишана во Женева во 1931 година. Нејзината цел била да ја зголеми безбедноста на патниот сообраќај и да го олесни меѓународното движење по патиштата со единствена сигнализација. Поголемиот дел од знаците што денеска ги гледаме на улиците биле одредени со тој договор, а семафорите со три бои (црвена, жолта, зелена) станале стандардни.rnrnБоите на семафорите се земени од железничкиот сообраќај. Отпрвин, железницата користела црвена боја за да означи стоп, бела за да покаже движење и зелена за да покаже претпазливост. Сепак, белата боја не се покажала како добро решение бидејќи можела лесно да се помеша со ѕвездената светлина ноќе. Така, била воведена жолтата боја.rnrnКога станува збор за перцептивноста на боите, црвената има најдолга бранова должина, а потоа следуваат жолтата и зелената. Боите со најдолги бранови должини се избираат за сигнализација бидејќи подолгите бранови должини можат да поминат поголемо растојание. Како резултат на тоа, црвеното светло може да помине најголемо растојание при дожд и магла.rnrnОткако прочитавте за почетоците на семафорот, можеби ќе сакате да прочитате и за 
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 1″ active=”false”]Овој избор значи дека не треба да брзате. Запомнете дека сè има свое време и место. Бидете трпеливи и погрижете се сè да оди според планот. Освен тоа, претстојниот период од вашиот живот ќе биде доста возбудлив, па затоа обидете се да бидете потолерантни и повнимателни кон семејството. Обидете се и да не се нервирате поради ситници, почесто да се одморате и да му се посветите и на вашето хоби.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 2″ active=”false”]Ова е време да ги преиспитате вашите ставови за животот. Ако сте уморни од секојдневната рутина, запомнете дека вашата судбина е во ваши раце и можете да промените сè. Имајте на ум дека можностите се овде – доволно е да ги прифатите. Ве опкружуваат можности – не плашете се да се отворите за нови. Запомнете дека ние самите сме креатори на нашата среќа, слушнете ги вашите потреби и во блиска иднина сè ќе биде добро.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Слика бр. 3″ active=”false”]Понекогаш животот ни носи пријатни промени кога најмалку ги очекуваме. Затоа, бидете позитивни и обидете се да ги отфрлите сите негативни мисли од вашиот ум. Освен тоа, не плашете се да отворите нови врати на патот кон успехот. Продолжете смело да чекорите напред, да откривате нови нешта и да ја слушате вашата интуиција.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да 
rn
rnrnНауката продолжува да покажува дека тајмингот на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а ноќните оброци можат особено да го отежнат слабеењето.rnrnЕдно мало истражување открило дека оние кои вечерале во 21 часот во споредба со оние кои јаделе во 18 часот, имале повисоки нивоа на гликоза во крвта следното утро. Друга студија покажала дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала во текот на ноќта отколку во остатокот од денот.rnrnНајновите истражувања покажале дека подоцнежните оброци го зголемуваат чувството на глад, а истовремено ја намалуваат количината на енергија потрошена додека сте будни.rnrnВсушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.rnrnРезултатите од оваа студија покажуваат колку е важно да одржувате стабилна метаболичка стапка така што ќе консумирате оброци во редовни интервали. Редовен интервал помеѓу оброците од три до четири часа е идеален за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.rnrnОсвен тоа, подоцнежните оброци можат да влијаат врз природната функција на хормоните на телото и може да придонесе за зголемен глад и апетит, а со тоа и да доведе до зголемување на телесната тежина.rnrnСекој човек има различна стапка на метаболизам и има потреба од различен дневен внес на калории и сооднос на макронутриенти. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е добро балансираната исхрана во редовни, постојани интервали.rnrnОткако прочитавте за правилното распоредување на оброците, можеби ќе сакате да прочитате и 
rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 1″ active=”false”]Има моменти кога помислата за вашиот голем сон се префрла во вашата потсвест, што, од друга страна, ви помага полесно да се справите со секојдневните обврски. Сепак, кога ќе го тргнете погледот од целта, ќе наидете на поголеми тешкотии да ја остварите. Затоа, не дозволувајте ништо и никој да ве обесхрабри од потрагата по она што ве прави среќни и исполнети.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 2″ active=”false”]Обратете внимание на луѓето со кои се дружите. Некои луѓе влегуваат во вашиот живот за да ви помогнат подобро да се спознаете себеси. Некои од нив силно ве привлекуваат, иако на почетокот дури и чувствувате некаква одвратност кон нив. Од друга страна, сродните души можат да бидат пријатели за цел живот или да бидат дел од вашиот живот само за кратко време. Без разлика на сè, одредени луѓе можат да ве променат на начини кои не можете да ги сфатите сега. Затоа, обратете поголемо внимание на овие луѓе.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Сонце бр. 3″ active=”false”]Можеби не се сметате себеси за креативна личност, но всушност вие ја создавате вашата реалност секој момент и секој ден преку вашите мисли, чувства, верувања, намери и постапки. Сепак, мора да земете во предвид дека тоа го правите заедно со универзумот. Вашата мисла и енергија се отелотворува преку вашата индивидуалност, споена со универзалниот дух. Не заборавајте дека за хармонија и убавина неопходно е вашата енергија да биде усогласена со онаа на универзумот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да
rn