КАФЕ ПАУЗА

Category: Занимливости

  • Тест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!

    Тест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!

    Вдишете длабоко и погледнете ги овие 3 карти. Интуитивно изберете ја онаа карта со мандала што најмногу ве привлекува, а таа ќе ви открие изненадувачки аспекти од вашиот живот.rnrnТест: Изберете една мандала за да откриете нешто повеќе за себеси!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Иако на светот му изгледате како ладна и силна личност, всушност, во вас се крие многу љубов која би можеле да ја дадете на сите околу вас. Се грижите за она што другите го чувствуваат и сакате да дадете сè од себе за среќата секогаш да биде присутна во животите на оние што ги сакате. Од друга страна, потребно ви е време за да се поврзете со луѓето бидејќи внимателно ги набљудувате нивните личности и се обидувате да ги натерате да се однесуваат со вас онака како што заслужувате. Меѓутоа, штом ќе утврдите дека некој е навистина добар за вас, вложувате многу во таа врска. Мора да внимавате и на вашата желба секогаш да им давате сè на луѓето околу вас бидејќи тие нема секогаш да ги препознаат вашите напори и затоа понекогаш можете да бидете повредени.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Вие сте тип на личност која постојано има планови за животот и секогаш прави сè што може за да ги оствари. Секогаш сте посветени, активни, организирани и полни со сила која ќе ви помогне да ги надминете сите тешкотии и да го создадете животот што отсекогаш сте сакале да го живеете. Откажувањето за вас никогаш не е опција, а дури и во најтешките времиња можете да најдете зрно надеж за да продолжите понатаму. Тоа значи и дека не можете да останете во близок контакт со оние кои избираат да бидат „жртви“ бидејќи вие не се однесувате така во животот. Многу добро ви оди, но внимавајте да не се фокусирате само на работата. Одвојте малку време да поминете време со оние кои ве сакаат и да го правите она што го сакате, бидејќи ова позитивна енергија е од суштинско значење за вашето патување.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Вие сте позитивна и енергична личност која сака интензивно да го живее животот. Тоа значи дека секојдневната рутина не ве мотивира бидејќи уживате во различни и уникатни искуства кои ви дозволуваат вистински да се поврзете со себе. На моменти можете да бидете малку импулсивни, но тоа е вашиот начин на живот. Сепак, може да имате уште поголема корист ако научите да бидете малку потрпеливи, бидејќи работите нема секогаш да одат како што сакате. Имајте на ум дека понекогаш е потребно време за да дојде најдоброто.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да добиете совет за јануари 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr

  • Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Најубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во животот!

    Lake District, планинска област на северозападот на Англија и најголемиот национален парк во земјата, е рај за љубителите на природата кои можат да пешачат со часови и часови истражувајќи ги многубројните патеки со поглед кон магичниот пејзаж.rnrnНајубавото село во Европа кое треба да го посетите барем еднаш во живототrnrnПред пет години овој регион станал дел од светското природно наследство на УНЕСКО.rnrnОвде се наоѓа најголемото езеро во Англија, Виндермирското Езеро како и највисоката англиска планина, Скафел Пајк.rnrnСелото Грасмер е одлична почетна точка за истражување на оваа област. Грасмер е уникатно село со прекрасни плоштатчиња и улички со традиционални куќи од 18 и 19 век, како и дом на одлични пабови, преубава книжарница каде доаѓаат љубителите на мапите и планинската литература, како и дом на поетот Вилијам Вордсворт, чија куќа и денес е таму, сместена на работ на селото, опкружена со ритчиња и шума.rnrnПоетот со светска слава го нарекувал ова место „најубавото место кое човекот некогаш го пронашол“.rnrnВо 1891 година, околу 40 години по неговата смрт, неговата куќа за прв пат била отворена за јавноста, а со текот на времето почнала да привлекува сè поголем број посетители. Денес, десетици илјади луѓе ја посетуваат секоја година.rnrnОва место не само што се одликува со историја туку и со одлична кујна која се состои од превкусни колачи со мармалад и крем, пита со лимон, чаден лосос и пржени јајца, па сè до rarebit – еден вид тост со сирење.rnrnОткако прочитавте за ова магично европско село, можеби ќе сакате да прочитате и за планинското село каде ви е дозволен пристап само доколку сте на листата на чекање.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!

    Тест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!

    Кој од нас не сака да знае каква судбина го чека? Кој од нас не сака да знае што ќе се случи во блиска иднина и дали тоа може да се избегне или да се искористи во сопствена корист? Изберете ја тарот картата што најмногу ви се допаѓа и прочитајте го вашето предвидување за новата година.rnrnТест: Изберете карта за да откриете што ќе ви донесе новата година!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 1″ active=”false”]Ако ја избравте оваа картичка, тоа значи дека ќе барате духовни одговори, но држете се настрана од догмите и тврдокорните религиозни верувања кои негираат други духовни патишта, книги, учители… Треба да најдете начин за да се поврзете со себе. Доколку сакате да го пронајдете вашиот пат неопходно е да ја слушате интуицијата. Од друга страна, важно е и вашите постапки да бидат во рамнотежа со желбите на вашето срце и да бидете љубезни не само кон другите, туку и кон себе. Ви претстои период на трансформација на вашата душа и вашиот живот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 2″ active=”false”]Оваа картичка на Сонцето ги симболизира среќата, светлината и оптимизмот. Сè што сакате ќе влезе во вашиот живот и ќе ве исполни со љубов и позитивни работи. Тоа е картичка која носи толку многу добри работи во вашиот живот, но бара од вас да бидете дарежливи и да им помагате на другите за да ги умножите тие благослови.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Карта бр. 3″ active=”false”]Ова е картичката на новите почетоци. Таа најавува затворање на старото поглавје и повторно раѓање. Дојде време кога ќе можете да оставите зад себе сето што не ви го исполнува срцето. Време за растење и созревање. Ќе се ослободите од сè што е старо и што повеќе не ви служи и ќе имате можност да започнете нов живот полн со нови големи нешта кои ќе ви донесат радост и среќа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите друг за да ја добиете вашата порака за оваа зима.rnrnИзвор: atma.hr

  • Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Не пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!

    Една од најхаризматичните ѕвезди во Холивуд е несомнено Дензел Вашингтон, а неговите цитати ќе ви покажат колку е важно да верувате во себе и никогаш да не се откажувате од сопствените соништа.rnrnНе пропуштајте ги најдобрите цитати на Дензел Вашингтон!rn

    „Среќата настапува во моментот кога ќе се сретнат можностите и подготовката.”

    rn

    „Во Лос Анџелес сите се ѕвезди.“

    rn

    „Треба да ги зграпчите моментите кога ќе дојдат.“

    rn

    „Ние го правиме она што треба за да можеме да го правиме она што сакаме.“

    rn

    „Кога нешто не разбирате, го етикетирате и осудувате.“

    rn

    „Бидете добри во она што го работите, но никогаш не заборавајте дека луѓето со кои работите се вашето највредно богатство. Почитувајте ги.“

    rn

    „Мојата вера ми помага да сфатам дека околностите не ја диктираат мојата среќа ниту мојот внатрешен мир.“

    rn

    „Ако сакаш да бидеш воин, мора да тренираш.“

    rn

    „Не плашете се да доживеете голем пораз, ниту пак да сонувате за големи работи.“

    rn

    „Никогаш не знаете како ќе им влијаете на луѓето.“

    rn

    „Секој неуспешен експеримент е чекор поблиску до успехот.“

    rn

    „Постојат два вида болка во овој свет. Болката што боли и болката што ве менува.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Дензел Вашингтон, можеби ќе сакате да ги прочитате и најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот.rnrnИзвор: everydaypower.com

  • Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

    Град на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинација

    Ал Хамра е дестинација која за која сè повеќе пројавуваат интерес љубителите на необични патувања и е една од најстарите населби во Оман. Се наоѓа во подножјето на планините и е стара околу 400 години, а била изградена од кал. Иако повеќето куќи се напуштени и распаднати, шетањето низ тесните улички навечер е посебно искуство.rnrnГрад на духови кој се претвора во популарна туристичка дестинацијаrnrnМоже да се каже дека навистина се храбри оние кои се осмелуваат да шетаат овде навечер. Штом сонцето ќе зајде, само мачките можат да го најдат својот пат во темнината бидејќи нема улични светла.rnrnЕдна од омилените активности на туристите е качувањето на покривите и уживањето во глетката или фотографирањето на прекрасниот пејзаж. Ако одлучите да патувате во Ал Хамра, можете да побарате сместување во Баит Алџабал каде можете да преспиете во типични куќи од кал.rnrnИако сместувањето е скромно – со душеци на подот, посетителите ја фалат услугата. Појадокот е вклучен во цената, а се вели дека е исклучително вкусен и добра можност за истражување на егзотичните кујни.rnrnАл Хамра е познат и како Хамра Ал Абриин, а името се однесува на племето Ал Абри, кое живеело таму. Блиското село Мисфат Ал Абријен се смета за едно од најубавите во земјата. Куќите на врвот на планината се наоѓаат на надморска височина од околу 1000 метри и се задолжителна станица за патниците кои уживаат во планинарењето во природа.rnrnОткако прочитавте за ова необично место, можеби ќе сакате да прочитате и за камениот град во Саудиска Арабија кој го споредуваат со Петра.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Тест: Изберете еден од овие волшебни предмети и дознајте каква судбина ве очекува во 2023!

    Тест: Изберете еден од овие волшебни предмети и дознајте каква судбина ве очекува во 2023!

    Изберете еден магичен предмет и дознајте што ве очекува во 2023 година. Секој носи посебна порака и одредува посебна судбина.rnrnТест: Изберете еден од овие волшебни предмети и дознајте каква судбина ве очекува во 2023!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Предмет бр. 1″ active=”false”]Доколку сте ја одбрале оваа магична капа, вие дозволувате емоциите да ве водат речиси низ сите животни ситуации. Правите толку многу добри дела и се трудите сите да се чувствуваат добро, а во исто време се запоставувате себеси, мислејќи дека еден ден секое добро дело ќе ви биде вратено. Затоа, важно е да научите да не им верувате премногу на луѓето околу вас и првин да се фокусирате на себе и на вашите потреби, а потоа на другите. На овој начин, секој нов ден од иднината пред вас ќе биде подобар од претходниот. Кога станува збор за љубовта, доколку сакате личноста која моментално ве привлекува да ви возврати на истите емоции, мора да го направите првиот чекор и на тој начин да ја започнете најдобрата љубовна приказна за годината што претстои.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Предмет бр. 2″ active=”false”]Се карактеризирате со оптимизам, имагинација и чувство за убавина, полни сте со енергија и тоа ги инспирира луѓето. Сè што се случува во вашиот живот е многу интересно за луѓето околу вас. Досадата е ваш смртен непријател, така што вашиот живот е полн со настани и авантури. Не сте од оние кои се задржуваат подолго на исто место, живеете за моментот и сè што е оригинално и полно со позитивно впечатоци ви носи радост во животот. Вие сте личност која има многу среќа во животот и таа ве следи речиси на секој чекор, па понекогаш едноставно знаете дека не треба да правите речиси ништо, а сепак да добиете сè што сакате. Затоа оваа година пред вас ќе биде многу успешна. Освен тоа, 2023 година ќе биде идеална можност да постигнете успех и на љубовен план.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Предмет бр. 3″ active=”false”]Вие сте отворена и искрена личност. Никогаш не се обидувате да ја скриете вистината, каква и да е. Немате скриени намери или зли мисли. Не се плашите да бидете свои и можеби токму тука лежи вашата неверојатна способност да преживеете подеми и падови. За вас среќата и задоволството се кријат во малите нешта. Оваа година ќе запознаете многу нови и подобри луѓе, меѓу кои ќе биде и вашата сродна душа, со кои конечно ќе разберете зошто со никого претходно не успевало и ќе уживате во секој заеднички момент. Финансиската ситуација ќе биде стабилна, а периодот што следува ќе биде идеален и за остварување на сите ваши цели и соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува оваа зима.rnrnИзвор: atma.hr

  • Тест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!

    Тест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!

    Изберете едно од овие кристални стапчиња за да ја дознаете вашата порака за оваа зима.rnrnТест: Изберете кристално стапче и добијте ја вашата порака за оваа зима!rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кристално стапче бр. 1″ active=”false”]Никогаш не заборавајте дека нема ништо апсолутно, дека сè се менува, сè се движи и развива. Без оглед на сите тешкотии на кои ќе наидете, запомнете дека сè што ви се случува има свое времетраење и дека сè има свој почеток и крај. Доволно е да бидете трпеливи и да продолжите да работите на вашите цели и соништа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кристално стапче бр. 2″ active=”false”]Сите големи достигнувања започнале со еден сон, со една идеја. Затоа, направете го првиот чекор кој ќе ве донесе поблиску до остварувањето на вашиот сон. Не е важно доколку сè уште не можете да ја видите целата слика, доволно е да го направите тој прв чекор. Секој ден прашувајте се дали сте направиле нешто за вашиот сон. Дали приоритетите кои веќе сте си ги поставиле се усогласени со вашиот сон? Не заборавајте дека е неопходно секој ден да издвојувате време и да работите на вашата желба.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Кристално стапче бр. 3″ active=”false”]Неопходно е да ги отстраните сите негативни мисли или чувства кои повеќе не ви носат мир, радост или љубов во вашиот живот. Веројатно ќе наидете на пречки и сомнежи на патот до среќата, но ако дејствувате смирено ќе можете полесно да се справите со сите предизвици.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува во 2023 година.rnrnИзвор: atma.hr

  • Кои јаткасти плодови можат полесно да им помогнат на студентите да се соочат со стресот при студирање?

    Кои јаткасти плодови можат полесно да им помогнат на студентите да се соочат со стресот при студирање?

    Јаткастите плодови во секојдневната исхрана на студентите под стрес имаат позитивни ефекти врз нивното ментално здравје, покажало новото клиничко испитување спроведено на студенти на додипломски студии.rnrnКои јаткасти плодови можат полесно да им помогнат на студентите да се соочат со стресот при студирање?rnrnСтудијата спроведена од научници од Универзитетот во Јужна Австралија и објавена во научното списание Nutrients, исто така, сугерира дека оревите можат да ги неутрализираат ефектите на стресот врз цревната микрофлора за време на стресни периоди, особено кај жените.rnrnСпоред авторите, студентите доживуваат академски стрес во текот на студирањето, што негативно се одразува врз нивното ментално здравје, а тоа особено се забележува за време на испитните рокови.rn

    Оревите можат да ја намалат депресијата

    rnСтудентите кои секој ден консумирале околу половина шолја ореви покажале подобрувања во поглед на менталното здравје, подобрени метаболички биомаркери и подобрување на квалитет на сонот.rnrnПокрај тоа, претходните научни истражувања покажале дека оревите се полни со омега-3 масни киселини, антиоксиданси, како и мелатонин (хормон кој поттикнува сон), полифеноли, фолати и витамин Е, кои заедно придонесуваат за здрав мозок и црева.rn

    „Светската здравствена организација неодамна изјави дека најмалку 75 проценти од случаи на нарушувањата на менталното здравје се однесуваат на луѓето помлади од 24 години и тоа особено кај студентите на додипломски студии“, истакнуваат авторите на ова истражување.

    rnЗаклучокот на ова истражување е дека нарушувањата на менталното здравје се чести меѓу учениците и можат негативно да влијаат врз нивните академски перформанси и долгорочното физичко здравје, но од друга страна, консумирањето ореви може да го подобри менталното здравје и општата благосостојба на учениците.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто треба да јадете ореви.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?

    Зошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?

    Кога би требало да избереме само еден зачин кој би го содржел „мирисот“ на Божиќ, тоа дефинитивно би бил циметот. Но, зошто е тоа така? За да одговориме на тоа, треба да го земеме предвид неговото потекло.rnrnЗошто многумина го сметаат циметот за божиќен зачин?rnrnИако неговото име потекнува од 12 век, циметот, се разбира, е многу постар. Се споменува во кинеските записи уште во 3-тиот милениум п.н.е. Оттаму се проширил во Месопотамија и Левант, а се споменува и во Библијата, односно во Псалмите и во Песната над песните.rnrnКај старите Египќани, циметот се користел во церемониите на балсамирање додека не станал симбол на бесмртноста.rnrnТеофраст и Овидиј ја раскажале легендата според која митскиот феникс користел цимет за да го изгради своето гнездо, кое по смртта на фениксот ќе стане лулка на неговото повторно раѓање. Ова верување довело до популарна употреба на цимет во погребните обреди, и поради неговата симболична моќ и неговиот силен мирис.rnrnРимскиот император Нерон, од друга страна, наредил сета залиха од цимет од Рим да биде запалена на погребната клада на неговата сопруга. Токму на оваа поврзаност со смртта и повторното раѓање се должи делумното присуство на цимет во божиќните рецепти. Вториот е тоа што, поради неговите антиоксидантни својства, често се користел во зимските рецепти во европскиот среден век.rnrnВо 13 век, физичарот Арно де Вилнев го навел циметот како еден од „зимските зачини“ заедно со биберот, каранфилчето и морското оревче.rnrnОткако прочитавте за циметот како божиќен зачин, можеби ќе сакате да прочитате и за здравствените придобивки од чајот од цимет.rnrnИзвор: punkufer.dnevnik.hr

  • Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Моќни цитати на Ричард Гир за светот и среќата

    Во продолжение прочитајте дел од најдобрите цитати на Ричард Гир, еден од најпознатите американски актери.rnrnМоќни цитати на Ричард Гир за светот и среќатаrn

    „Направив многу грешки. Клучот во животот е да се учи од нив. Бев премногу интроспективен, но мислам дека тоа произлезе од несигурноста или срамежливоста. Ми требаше многу време да пораснам.“

    rn

    „Никој не е имун на љубезноста.“

    rn

    „Мислам дека филмовите веројатно се огледало на некој начин за да можеме да се видиме себеси во нив.“

    rn

    „Кога некој има силна интуитивна поврзаност со некој друг, будизмот сугерира дека тоа е поради кармата, некоја мината врска.“

    rn

    „Секако дека имало подобри актери од мене кои немале актерска кариера. Зошто? Не знам.”

    rn

    „Како чувари на планетата, наша одговорност е да се однесуваме со сите животински видови со добрина, љубов и сочувство. Неразбирливо е животните да страдаат поради човечката суровост.“

    rn

    „Она што на сите ни е заедничко е добрината и сочувството – сите религии го имаат ова. Сите ние се осврнуваме кон љубовта.“

    rn

    „Попрво би сакал да бидам сакан отколку да имам пари и сите други работи.“

    rn

    „Од будистичка гледна точка, емоциите не се реални. Како актер, произведувам емоции. Тие се дел од претставата. Но, реалниот живот е ист. Едноставно не сме свесни за тоа.“

    rn

    „Луѓето секогаш зборуваат за слобода. Слобода да се живее на одреден начин. Се разбира, колку повеќе живеете на одреден начин, толку помалку се чувствувате слободни. Јас можам да се променам во текот на еден ден. Се будам и сум една личност, кога ќе заспијам навечер сигурно сум некој друг. Најчесто не знам кој сум.“

    rn

    „Луѓето не разбираат што претставува среќата. Тие само имаат некаква идеја за она што може да ги направи среќни, но, во суштина, тоа не ги прави среќни.“

    rn

    „Да можете да го прочитате сопствениот ум значи да се погледнете себеси и да си ја прочитате душата, а дури тогаш омразата ќе се претвори во љубов.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и моќните цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан.rnrnИзвор: wealthygorilla.com