КАФЕ ПАУЗА

Дали мачката може да го препознае своето име?

Дали мачката може да го препознае своето име?

Мачките се многу посебни и многу различни суштества од кучињата. Додека кучето реагира на неговото име, некои мачки го игнорираат повикот. Дали мачката воопшто знае дека ја викаме? Дали може да го препознае своето име?rnrnДали мачката може да го препознае своето име?rnrnМачката многу добро го препознава сопственото име и го разликува од имињата на другите домашни миленици. Тоа го вели ветеринарката Тереза Мануси од Флорида, додавајќи дека препознавањето на сопственото име е поврзано со вниманието, храната и играта.rnrnМачките се многу интелигентни животни кои комуницираат преку различните позиции на телото. Така, различните положби на опашката на мачката се многу важни, како и позициите за време на спиењето. Мачките исто така имаат добар слух и можат да препознаат различни звуци.rnrnАко забележите дека вашата мачка реагира на вашиот глас, но не и на гласот на друг член на семејството, ова може да биде целосно точно.rn

„Мачката може подобро да реагира на личноста што ја сака“, ја потврдува оваа теза Мануси.

rnПред извесно време било направено истражување со 20 мачки, а целта на истражувањето било да се открие дали мачките го препознаваат гласот на своите сопственици.rnrnСпоред резултатот, повеќето мачки целосно го игнорирале гласот на странците и покажувале интерес само кога ќе го слушнеле како зборува нивниот сопственик.rnrnОткако прочитавте за ова истражување, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мачките сакаат да спијат на главата на својот сопственик.rnrnИзвор: danas.rs