Колку е поголема разновидноста на птиците со кои сте опкружени, толку е подобар квалитетот на животот, покажува новото германско истражување.rnrn
rn
„Низ Европа, индивидуалното уживање во животот е поврзано со бројот на околните видови птици“, пишуваат авторите на истражувањето.
rnСпоред истражувањето, живеењето и работењето во близина на биолошки разновидна популација на птици е исто толку важно за среќата како и приходите. Зголемувањето на разновидноста на птиците за 10% го зголемува задоволството од животот исто како и зголемувањето на платата за 10%.rnrnИстражувачите ги користеле податоците од „Европското истражување за квалитетот на животот“ за да го утврдат постоењето на врската помеѓу птиците и среќата кај повеќе од 26 000 луѓе од 26 европски земји.rn
„Најсреќните Европејци се оние кои имаат некаков контакт со многу видови птици во својот секојдневен живот или кои живеат во средина населена со разни видови птици“, вели главниот автор Џоел Меторст, истражувач на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт.
rnКако највидливи елементи во природата, птиците се добри показатели за целокупниот биодиверзитет, особено во урбаните области.rnrnДури и кога не се видливи, тие се најзвучните животни со кои обично се среќаваат луѓето. Повеќето луѓе не се ни свесни колку добро влијание има птичјиот звук врз нивното расположение.rnrnНо, постои уште еден аспект што влијае на задоволството од животот, а тоа е околината. Местата со најмногу видови птици се обично природни, биолошки разновидни предели, со соодветни зелени површини, како што се шумите, ливадите, езерата и потоците. Овие сини и зелени простори се поврзани со среќата и во многу други истражувања.rnrnПрочитајте ги овие 25 работи за среќата што треба да ги научите во 20-тите години.


rnСо влез во Шведска, доаѓате во земја во која изборот на храна во туба нагло се зголемува. Во продавниците, лесно можете да најдете полици исполнети со храна во туби, при што најпопуларни се различни сирења со дополнителни вкусови. Освен сирењата, тука се и кавијарот од икра на бакалар, разни намази, домати, мешавина од зеленчук за вегетаријанци, крема од сардини, па дури и гума за џваќање во цевка!rnrnИкона на храната во туба е популарниот кавијар Kalles, кој можеби веќе сте го пробале или барем сте го добиле или купиле како сувенир од северот. За тој тип храна, ќе ви биде потребен леб или некакви крекери, а во Скандинавија една од најпопуларните подлоги е така наречениот Knackebrod, традиционален шведски леб. Парче од Knackebrod, варени јајца исечени на коцки, кавијар од туба, малку салата, зачини и voila – имате совршен доручек.rnrnКарла Мари Б. Паредес од универзитет во Лунд, посветила цела дипломска работа на шведскиот изум – храна во туба. Во дипломската работа тврдела дека причината што храната во туба е толку популарна во Шведска е едноставно нејзината практичност и функционалност.rnrnКако би ја исцедиле тубата, постојат дури и посебни производи за нејзино истискување до самиот крај. Тоа е резултат на технолошкиот напредок и иновација во индустријата на производство и пакување на храна. Во САД се развила многу брзо, после втората светска војна, а во комбинација со скандинавската култура, дала практични резултати кои им се допаднале на купувачите. Храната во туба е лесна за складирање, чување и после отварање, а трошоците за материјал и амбалажа биле ниски. Некои тврдат дека концептот за пакување храна во туби бил поврзан со планинарскиот стил на живот. Скандинавците сакаат да поминуваат време во природа, било да станува збор за пешачење, возење велосипед или планинарење, а храната во туба е практична за носење во ранец.rnrnПрочитајте и за овие 


rnrnИстражувачот открил дека луѓето претпочитаат да ја покажуваат левата страна кога прават селфи пред огледало. Кога позирате пред огледало и го фотографирате својот одраз, вие обично го покажувате десниот образ. Додека огледалото ги свртува левата и десната страна, истакнувањето на десниот образ на фотографијата значи дека личноста позирала со левиот образ пред огледалото.rn
rnrnНасликаните портрети ја покажуваат истата асиметрична пристрасност: луѓето го фаворизираат левиот образ. Тоа може да биде одраз на несвесната волја на една личност да ја покаже својата попривлечна страна.rn



rn