КАФЕ ПАУЗА

Будењето со аларм ве прави уште поуморни

Будењето со аларм ве прави уште поуморни

Будењето со звукот кој секојдневно го слушате наутро влијае на вас. Па, затоа дури и кога сте веќе будни сте како во состојба на полусон. Овој феномен во науката е познат како инерција на спиење. Покрај огромната желба да се вратите во кревет, инерцијата за сон ќе влијае и на вашето функционирање во текот на денот, а и на вашето расудување.rnrnБудењето со аларм ве прави уште поуморниrnrnОвој феномен за првпат бил забележан кај американските пилоти, припадници на воздушните сили во 50-тите години од минатиот век.rnrnДури и денес, оваа појава е особено опасна за луѓето кои имаат ризични работни места и може да се најдат во опасни ситуации веднаш по будењето – пожарникари, пилоти, мајстори итн.rnrnРезултатите од едно неодамнешно истражување објавени во научното списание PLOS one го поврзале алармот за будење со инерцијата за спиење.rnrnСпоред авторот на истражувањето, Стјуарт Мекфaрлен, ако не се разбудите како што треба, вашата способност за работа ќе опаѓа во наредните 4 часа по будењето, а тоа е причина за многу несреќи што се случуваат на работните места.rnrnНаучниците советуваат да го промените звучниот аларм со некој помелодичен звук и тие веќе работат на тоа да го пронајдат совршениот звук за будење. Имено, неприродното свирење го иритира и збунува мозокот во раните утрински часови и е потенцијална причина за утринското нерасположение. Една од нивните препораки за мелодија за будење е песната „Close to me“ („Блиску до мене“), од групата „The ​​Cure“. Па, проверете дали оваа песна би можела да биде вашиот аларм за будење.rnrnhttps://youtu.be/BjvfIJstWegrnrnИнерцијацијата на спиење е нешто на што се жалат и астронаутите од Меѓународната вселенска станица, тврдејќи дека таа влијае и на нивните лоши перформанси.rnrnМожеби сакате да прочитате и за тоa дали бинауралните тонови навистина помагаат со спиењето?rn