КАФЕ ПАУЗА

Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

Дали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?

Две Французинки смислиле револуционерна замена за обичните јајца. Овие јајца се создадени од двете професорки, биолози на Париската школа за индустриска биологија. Дали сте подготвени да ги замените кокошкините јајца со оваа опција?rnrnДали веганските јајца ќе го освојат светот? Ви откриваме во што се разликуваат од кокошкините и зошто се подобри?rnrnНо, пред да го направите тоа, се поставуваат многу прашања. Дали овие јајца се користат како и обичните? Како мирисаат? Какви се по вкус?rnrnКлучните состојки сè уште биле во фаза на создавање, но наскоро ќе бидат откриени, а истражувањето главно се фокусирало на мешункастите плодови. Но, проблемот бил во тоа како да се најде вистинската рамнотежа на состојките за да се создаде вистинска формула, според биолозите Филипин Сурлè и Шерилин Тависук.rnrnОвие јајца ќе го најдат своето место на пазарот веднаш штом тестовите ќе добијат „зелено светло“ за нивната хранливост и одржливост. Целта е овие јајца да се појават на пазарот кон средината на 2020 година.rnrnМаснотиите и протеините кои тие ги содржат се за 10% помали во однос на кокошкините јајца и тие се помалку калорични од нив, а содржат и диетални влакна. Но, нивниот вкус е поинтензивен од обичните.rnrnЗа истражувачките, од суштинско значење било да создадат јајца кои ќе реагираат на ист начин како обичните, при подготвувањето. Јајцата од кокошка се користат на толку различни начини, а тоа го отежнува процесот на нивно пресоздавање во веганска верзија.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и малите трикови на големите готвачи: Со што да ги замениме јајцата во рецептите?