КАФЕ ПАУЗА

Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

Ова е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10

Утринските часови се тешки кота треба рано да се пробудите, но со одлагање на алармот, нештата стануваат поприфатливи. Со притискање на копчето, си дозволувате да си поспиете уште 9 минути ( или 18 минути 27 минути, ако сме искрени).rnrnОва е причината зошто алармите се одложуваат за 9 минути наместо за 10rnrnНо, зошто ова копче ни го одлага будењето за 9 наместо 10 минути?rnrnАвтоматските поставки на вашиот телефон всушност започнале да се креираат  уште пред половина век. Алармните часовници со копчиња биле воведени во 1956 година преку „General Electric-Telechron’s Snooz-Alarm“според некои наоди. Одложувањето на алармот кај овој модел на часовници траело девет минути, но постоеле и неколку теории зошто е тоа така.rnrnКај часовници со аларм претходно не постоела функцијата за одлагање, така што веќе имало стандардна поставка со која требало да работат иноваторите. Не било можно надградбата да се постави на точно 10 минути, така што морале да избираат помеѓу 9 минути и неколку секунди или малку повеќе од 10 минути.rnrnЕве од каде потекнуваат различните теории. Некои луѓе велат дека извештаите во 1950-тите години сугерирале дека 10 минути биле доволно време за поспаниот човек да се врати во длабок сон. Тоа би значело дека тој повторно ќе се разбуди, но 9 минути, „сладок сон“ биле сосема доволни за опуштање.rnrnНекои експерти тврдат дека токму таа 1 минута им овозможува на луѓето да извлечат максимум од својот ден. Таа дополнителна минута нема да направи разлика кога го одлагате будењето, но може да направи разлика во тоа колку време ви е потребно да се подготвите.rnrnСепак, најчестата теорија се чини дека се сведува на едноставноста. Двоцифреното одложување на времето било потешко да се програмира отколку едноцифреното, така што дизајнерите сметале дека е подобро да се направи помалку комплициран дизајн.rnrnПодоцнежните часовници не биле задолжени да ги следат стандардите на „Snooz-Alarm“, но сепак и тие, вклучувајќи ги и апликациите за аларм на „iPhone“, ја почитувале оригиналната поставка на 9 минути.rnrnМожеби сакате да откриете и зошто будењето со аларм ве прави уште поуморни?