Научниците од Националниот институт за технологија во САД открија дека отпушоците од цигарите се поопасни за здравјето на луѓето отколку што мислите поради високото ниво на никотин што се создава во воздухот уште долго време по гаснењето на цигарата.rnrn
rnrnСпоред научниците, секој отпушок испушта речиси 15% од вкупниот никотин што се содржи во целата цигара, но иако повеќето хемикалии се испуштаат од изгасната цигара во првите 24 часа, откриено е дека нивото на никотин е штетно во рок од една недела по гаснењето на цигарата.rnrnОвие откритија ги вознемирија и Австралијците, а Советот за рак на Квинсленд ги предупреди жителите за опасностите од веќе догорените цигари.rn
„Во Квинсленд, ние се стремиме да го забраниме пушењето на колку што е можно повеќе јавни места, особено затоа што луѓето не се свесни какво штетно влијание има пасивното пушење врз здравјето на луѓето“, изјави Крис Мекмилан, извршниот директор на Советот за рак на Квинсленд.
rn
„Можеби мислите дека сте ги заштитиле вашите деца од чад ако не пушите во автомобилот кога тие се присутни, но доволно е штетно и само кога пепелникот во топол автомобил е полн со отпушоци од цигари кои испуштаат штетни хемикалии“, рече Мекмилан.
rnНаучниците откриле дека отпушоците се поштетни кога времето е потопло. Ова значи дека ако не го испразните пепелникот во текот на една недела, количината никотин на којашто се изложени непушачите може да биде двојно поштетна.rnrnПрочитајте како да го отстраните мирисот на цигари од дома.