КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • 5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре

    5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатре

    Веќе е добро познато дека компјутерските тастатури може да бидат понечисти дури и од даската на тоалетната школка, но и покрај тоа често забораваме редовно да ги чистиме и дезинфицираме. Во суштина, препорачливо е секојдневно да се пребришува и лаптопот, особено тракпедот, бидејќи може да биде поконтаминиран дури и од банкнота која долго е во промет. Но, важно е да го исчистиме лаптопот и однатре.rnrn5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатреrn

    Надворешни површини

    rnНајпрво, компјутерот треба да биде целосно исклучен, со отстранет полнач. Избришете ги сите надворешни делови со минимално влажна крпа и малку детергент или со дезинфекциски влажни марамчиња. Избегнувајте производи кои содржат аеросоли, амониум, хидроген пероксид, ацетон или абразиви, за да не ја оштетите површината на вашиот лаптоп. Потоа пребришете со суво хартиено марамче или со мека микрофибер крпа.rn

    Екран

    rnЗа да го исчистите екранот, мора да бидете особено внимателни, затоа што преголема влажност може да го оштети. И во овој случај може да користите сосема малку влажна микрофибер крпа или влажни марамчиња специјално произведени за оваа намена. Овој совет можете да го примените и за вашиот телевизор.rn

    Тастатура

    rnСо тастатурата исто така треба да бидете многу внимателни, затоа што не смеете да дозволите да навлезе течност под копчињата. Можете да користите специјална правосмукалка за електроника или мал компресор со воздух кој ќе ги издува надвор сите честички. Држете го лаптопот поставен со тастатурата под агол од 75 степени, за да се осигурите дека сите ронки и прашинки ќе излезат од внатрешноста. Потоа, со помош на парче памук натопено во алкохол пребришете ги копчињата. Алкохолот веднаш испарува и не остава влажни траги. Секако, не смеете да претерате со количината. Исто така, постои и специјална полимерна растеглива леплива маса (слична на популарните „слајми“) со која можете да ја исчистите прашината од тастатурата.rnrn5 трикови за чистење на вашиот лаптоп и однадвор и однатреrn

    Глувче и тракпед

    rnКако што веќе споменавме, овие делови може да бидат неверојатно нечисти, а насобраните наслаги високо контаминирани. Користете антибактериски влажни марамчиња за глувчето и тракпедот.rn

    Насобрани фајлови и апликации

    rnОткако веќе го исчистивте надворешно, вклучете го компјутерот и разгледајте го внимателно. Избришете ги сите непотребни слики, фотографии, документи, торенти, апликации и програми кои не ги користите, папката со податоци симнати од Интернет и секако, испразнете ја и корпата за отпадоци (Recycle Bin).rnrnПрактикувајте го ова чистење на вашиот лаптоп барем еднаш во неделата.rnrnПрочитајте ги и овие 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачки бавен.

  • 9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалност

    9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалност

    Во последните неколку години е забележан значаен напредок на виртуелната реалност (ВР). Квалитетот на ВР-очилата е сè подобар, понудата на соодветни содржини расте, а само во еден квартал од 2017 биле продадени повеќе од еден милион ВР-сетови. Инженерите секој ден работат на подобрување на опремата, но и на содржините, како и намалување на нивните цени, за да бидат достапни за што поголема публика.rnrn9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалностrnrnВидливите проблеми, секако, се решливи и со работа може да се придонесе за физичкото подобрување на целата оваа технологија, но остануваат уште неколку неодговорени прашања од аспект на етиката на функционирањето на светот на виртуелната реалност.rn

    1. Заштита на корисникот

    rnПоради тоа што при носење на ВР-сет воопшто нема реално видно поле, постојат ризици од удирање во предмети дома (или во околината), односно да дојде до физичка повреда. Токму затоа е потребно да се надополнат сетовите со нешто што ќе штити од вакви удари, како што е, на пример, сензор кој ќе реагира на секое доближување кон некој предмет.rn

    2. Социјална изолација на корисникот

    rnКако и другите технолошки апарати кои ги имаме, така и виртуелната реалност може да предизвика зависност и поминување предолго време со ВР-сет на очите. Поради тоа, треба да се регулира и ограничува времето поминато во виртуелна реалност.rn

    3. Порнографија

    rnДистрибуирањето на онлајн порнографските содржини не може да се спречи, а етичко прашање наметнува и фактот дека се лесно достапни за сите уреди. Притоа, постои ризик дека при ВР-искуството се можни сексуални однесувања кои вообичаено не се прифатени од општеството.rn

    4. Виртуелен криминал

    rnРазвојот на оваа технологија доведе и до можност за виртуелно присуство во игрите кои претходно ги игравте на мобилен телефон. Влегувањето во виртуелна реалност во игри полни со насилство и криминал уште е тема на многу етички дебати.rnrn9 нерешени етички проблеми поврзани со виртуелната реалностrn

    5. Преклопување со реалноста

    rnПо поминато предолго време во виртуелниот свет, на корисникот може да му биде доста тешко да се врати во реалноста и да се однесува исто како пред да почне да користи ВР-опрема. Резултат на тоа може да бидат промени во однесувањето и нарушување на односите со луѓето, особено затоа што сметаат дека карактеристиките на ВР-светот важат и во секојдневниот живот.rn

    6. Трауми при играње

    rnИако ретко, предолгото „живеење“ во виртуелниот свет може да предизвика ефекти на посттрауматско стресно нарушување. Во ВР-игрите корисникот е принуден да носи одлуки, да дава наредби, но и да се справува со последиците. На овој начин текот на играта може да предизвика трауматски состојби кај корисникот.rn

    7. Виртуелна реалност како начин за тортура

    rnВиртуелната реалност може да послужи и да се нанесе траума на некое лице. На пример, припадник на војска во ВР-сетовите со очила може да гледа апарат за тортура, со тоа што на казнетите ќе им се пуштаат вознемирувачки содржини и тие ќе бидат принудени виртуелно да ги доживуваат. Доколку дојде до такво нешто, би било доста тешко да се лоцира, санкционира и искорени.rn

    8. Виртуелни патувања

    rnВиртуелната реалност може да ни дозволи секој ден да патуваме на различно место, а всушност да сме дома, во удобноста на нашиот кревет. Ова може да значи и дека некои ќе понудат виртуелни посети на места кои во реалноста се забранети за туристички тури. Затоа, се поставува прашање, ќе постојат ли ограничувања во однос на виртуелните патувања.rn

    9. Приватност на корисникот

    rnСекоја нова технологија со себе го носи и проблемот на заштита на приватноста на корисникот. Кога е виртуелната реалност во прашање, предвидени се голем број содржини, но никогаш не се знае дали кога се изработуваат, се мисли и на правото на приватност. Големата етичка дилема е: дали да се дозволи рекламирање преку ВР-апликациите или пак ова искуство сепак да биде поиндивидуално и поизолирано.rnrnПотсетете се и на 4-те погрешни начини на кои се користи технологијата.

  • Во Шведска е пуштен во употреба првиот електричен автопат што ги полни автомобилите при возење

    Во Шведска е пуштен во употреба првиот електричен автопат што ги полни автомобилите при возење

    Целта на Шведска е до 2030-та година да ја намали употребата на фосилни горива за 70%. Пред неколку денови оваа држава направи огромен чекор кон исполнувањето на оваа цел. Сега Шведска е првата држава во светот која има електричен автопат кој ги полни батериите на возилата што возат на него. Електричната „пруга“ е поставена на речиси 2 километри од автопат во близина на Стокхолм.rnrnВо Шведска е пуштен во употреба првиот електричен автопат што ги полни автомобилите при возењеrnrnОва е само дел од планираното за изградба. Агенцијата за јавни патишта веќе ги има мапирано следните локации за електричните автопати. Со ова државата се надева дека ќе го реши проблемот со полнењето на електричните возила.rnrnПа како всушност функционира овој автопат? Кога автомобил или камион поминува на автопатот, енергијата се пренесува од двете пруги преку подвижна „рака“ која е прикачена на дното на возилото. Раката автоматски се трга кога возилото ќе скршне од патот.rnrnЕлектричниот автопат е поделен на делови од по 50 метри. Кога возилото ќе застане, прекинува и дотокот на струја. Овој систем може да ја пресмета и консумацијата на енергија на возилото. Со оваа информација, цената на електричната енергија може да му се припише на секој корисник на возилото. Овој иновативен метод овозможува батериите да бидат помали. Покрај тоа се намалуваат и трошоците за производство и одржување.rnrnИ сегашните возила и автопатот можат да бидат адаптирани на предностите на оваа технологија. Се очекува Шведска да изгради половина милион километри од овој автопат.rn

    „Ако електрифицираме 20.000 километри автопат, тоа секако дека ќе биде доволно. Растојанието помеѓу 2 автопати никогаш не е повеќе до 45 километри и електричните автомобили можат да го поминат без потреба да бидат наполнети. Некои веруваат дека е доволно да електрифицираме и само 5.000 километри“, изјавил Ханс Сал, извршниот директор на eRоadArlanda.

    rnАко оваа тактика се покаже како корисна, можеби и другите држави ќе се обидат да ја применат. Што мислите вие за овој проект?rnrnПогледнете и како би изгледал животот во 2040 година според еден футурист.

  • 10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

    10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон Маск

    Пред 20 години ако некој ви кажел дека ќе го колонизираме Марс, сигурно би му се изнасмеале. Дури и денес многумина се сомневаат во овој подвиг. Елон Маск не само што сака да докаже дека ова е возможно, туку и тврди дека колонизацијата на друга планета е единствениот спас за човештвото. Тој веќе ја започнал својата мисија и секогаш ги споделува новостите со јавноста. Па, погледнете што ни е познато за оваа неверојатна мисија.rn

    1. Мисијата беше најавена во 2016-та година

    rn10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон МаскrnrnВо септември 2016-та година Елон прв пат ја предложи идејата за колонизација на Марс. Неговата цел е да нè направи меѓупланетарна раса. Најголемиот проблем во тој период беше финансиската поддршка на проектот. Една година подоцна тој се врати со разработен проект. За време на презентација на Интернационалниот астронаутички конгрес во Австралија, Елон ја претставил новата идеја со најновото средство за вселенски транспорт наречено БФР. Тој изјави дека за финансирање на проектот направил бизнис план со кој неговото вселенско возило е инвестиција.rn

    2. БФР транспорт

    rn10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон МаскrnrnБФР е ракета која наводно ќе ги замени Фалкон 9, Фалкон Хеви и Драгон. Иако се очекува ракетата да се истроши со текот на времето, сепак сметаат дека ќе може да направи неколку патувања. Оваа ракета e за повеќекратна употреба, а со тоа се намалува трошокот за други ракети и вселенски возила. Покрај тоа во неа собира 100 патници. Ракетата исто така ќе се користи за лансирање сателити и вселенски телескопи, чистење вселенски отпад и транспорт на товар до Интернационалната вселенска станица. Можеме да очекуваме и летови околу светот кои ќе ги заменат комерцијалните авионски летови.rn

    3. Првата мисија ќе биде во 2022-ра година

    rn10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон МаскrnrnОд Спејс екс најавија дека целта им е да испратат беспилотно летало на Марс во 2022-ра година. Примарна ќе биде проверката на вода и идентификување на потенцијални закани за колонизацијата. Во овој период ќе се постави извор на енергија и инфраструктура за поддршка на живот. Ако сè оди по план ова ќе биде вистински настан во историјата на човештвото. Ако го следат распоредот, леталото треба да се изгради оваа година за да можат да почнат со пробни тестови во 2019-та. Ако леталата се покажат безбедни и достојни за транспорт на живот, следната мисија ќе промени многу. Ќе нè направи меѓупланетарен вид како што Елон замислил.rn

    4. Следната мисија е во 2024-та година

    rn10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон МаскrnrnВо 2024-та година планирано е лансирање на летало со екипаж и товар. Мисијата ќе трае со месеци, но патниците ќе имаат многу место во ракетата. Една БФР ракета има место за 100 луѓе во 40 кабини, големи заеднички простории и системи за забава. Бројот на луѓе во првиот лет не е најавен, но најверојатно ќе станува збор само за астронаути. По пристигнувањето, првите жители ќе изградат нешто што ќе наликува на вселенска бензинска станица и ќе се подготват за идните посетители. Ова ќе биде почетокот на првата база на Марс.rn

    5. Елон има идеја како да го направи Марс погоден за живеење

    rn10 работи кои ни се познати за идната колонизација на Марс на Елон МаскrnrnЗасега црвената планета е смртоносна за луѓето. Не можеме да го дишеме воздухот, почвата е отровна, а водата е заробена во мраз под површината. Елон планира да го претвори Марс во планета која би го поддржувала човечкиот живот. Прашањето е како ќе се изведе оваа тераформација. Елон предложил употреба на нуклеарни експлозиви за ослободување на водата, но оваа идеја би имала катастрофални последици за тамошниот живот, ако воопшто го има.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

    Што сè орбитира околу Земјата во моментов?

    Областа околу нашата планета е преполна со сателити, вселенски станици и остатоци од вселенски тела чиј животен век истекол, а сега можеме и да ги следиме и да дознаеме нешто повеќе за нив.rnrnШто сè орбитира околу Земјата во моментов?rnrnНа веб-сајтот Stuff in Space, може да се најде симулација на секој сателит или поголем вселенски објект што во моментов се наоѓа околу нас.rnrnКорисникот може да доближи и да врти кругови, да одбере објект и да дознае многу повеќе информации зошто тој се наоѓа во орбитата на нашата планета. Што е најважно, сите податоци се обновуваат во реално време.rnrnСимулацијата ја изработил Џејмс Јодер, студент од Институтот за електротехничко и компјутерско инженерство при Универзитетот во Тексас.rnrnШто сè орбитира околу Земјата во моментов?rnrnПогледнете го и овој вселенски поглед од вселената кон Земјата.

  • Дали апликациите ни го „уништија“ животот?

    Дали апликациите ни го „уништија“ животот?

    Најпрво, беше интересно кога преку апликација можеше да се работи, да се оди на состаноци, да се плаќа… Денеска, се чини дека токму апликациите на мобилните телефони ја презедоа контролата врз животот.rnrnДали апликациите ни го „уништија“ животот?rnrnЕден просечен корисник на паметен телефон користи најмалку 10 апликации, а кај некои овој број е поголем. Почнувајќи од социјалните мрежи, потоа игри, мејлови, мобилно банкарство, плаќање, уредување на фотографии, па сè до најобичните списоци за купување, мобилните телефони владеат со нашиот живот.rnrnМногумина би рекле дека доколку го изгубат или оштетат мобилниот, ќе се чувствуваат како да го изгубиле целиот живот, што и не е далеку од вистината. Речиси целиот наш приватен и деловен живот се наоѓа во тоа парче технологија.rnrnБројот на апликации во онлајн-продавниците на Гугл и Епл секојдневно расте, со цел да се олесни животот на корисникот. Но, како тоа ќе влијае на долгорочен план?rnrn2-dali-aplikaciite-ni-go-unishtija-zhivotot-kafepauza.mkrnrnПсихијатрите и невролозите веќе извесно време укажуваат на ова како на епидемија. Според нив, лесната достапност на информацијата во секое време придонесува за намалена мозочна активност. Наместо да се посветиме на реални проблеми и активности, слободното време го трошиме на разгледување на социјалните мрежи, играње игри и на виртуелни разговори.rnrnВлијанието е видливо и во способноста на учениците да совладуваат нови материи. Наместо да седнат и да научат, тие веќе имаат апликација која ќе ја реши задачата наместо нив.rnrnВаквиот начин на функционирање отвора ново еволуциско поглавје во кое една карактеристика ги надвладува другите – стануваме сè повеќе и повеќе мрзливи.rnrnСепак, ова не значи дека треба под итно да се ослободиме од саканиот паметен телефон и да се вратиме на старите модели. Најдобро е да се балансира, односно да се користи телефонот во ситуации кога тоа е потребно, а во слободното време, наместо бесконечно гледање видеа и играње игри, да се посветиме на блиските и најважно, на себе.

  • 11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

    11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес

    Иако живееме во 21-иот век, сè уште самите миеме садови, ја пегламе облеката и „рачно“ ги броиме внесените калории. Можеби е време да се ослободиме од овие секојдневни обврски и да им ги предадеме на електронските помошници, особено бидејќи многу од нив постојат и денес. Овие 11 навидум футуристички направи може навистина да ви го олеснат животот, а најдоброто од сè е што можете да ги купите уште денес.rn

    1. Огледало што ќе ги замени експертите за убавина

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnОваа направа ќе го оцени вашето лице од 1 до 100, ќе ги анализира ефектите на козметичките продукти што ги користите и ќе ви даде детален извештај, како и препораки за грижа на вашата кожа. Цената на огледалото е 360 евра, што и не е толку многу во споредба со услугите од експертите за убавина. Покрај тоа, со ова огледало можете да гледате видеа на Јутјуб и да слушате музика.rn

    2. Очила со светлинска терапија за долги авионски летови

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnИдејата зад овие очила е фактот дека нашите биолошки часовници се регулираат според светлината. Ако патувате кон исток, би требало да ги носите очилата наутро околу 60 минути. На овој начин без проблем ќе заспиете вечерта кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Ако патувате кон запад, очилата се носат навечер за да не заспиете премногу рано и да не се будите во текот на ноќта. Цената на оваа направа е 240 евра.rn

    3. Роботска перница за несоница

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnНе само што ќе ви помогне да заспиете, туку оваа перница ги намалува стресот и анксиозноста. Перницата го анализира вашиот ритам на дишење и го одбира „третманот“ кој ви е најпотребен. Со оваа направа можете да слушате релаксирачка музика во зависност од вашиот вкус. Цената на перницата е 412 евра, но и покрај високата цена постојат многу заинтересирани купувачи.rn

    4. Паметни чорапи

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnПаметните чорапи се на некој начин како фитнес алките. Тие ја следат вашата физичка активност, бројот на согорени калории, па дури можат да ви помогнат и да ги одберете совршените атлетски обувки. Чорапите можете да ги перете во машина, а цената е слична како и онаа на фитнес алките – 160 евра.rn

    5. Направа за чистење заби

    rn11 интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денесrnrnИако можеби изгледа застрашувачки, оваа направа ги чисти вашите заби за само 6 секунди. Секоја четка е направена според 3Д скенирање на усната празнина, а цената се движи од 60 до 80 евра.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Дознајте како да го симнете!

    Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Дознајте како да го симнете!

    Веќе знаеме дека Фејсбук зачувува многу повеќе податоци за нас одошто би сакале, но до каде можат да одат работите? Да бидеме искрени, можно е никогаш да не дознаеме. Дали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Овој документ содржи детални податоци за активностите што ги вршите додека сте вклучени. Иако најверојатно не сте свесни за овие документи, тие навистина постојат и можете да ги симнете од вашиот профил.rnrnДали знаете дека Фејсбук чува документ за вас? Дознајте како да го симнете!rnrnФејсбук собира податоци за секој елемент од вашиот дигитален „идентитет“ на мрежата. Тоа значи дека тој зачувува сѐ од тоа кого пребарувате до кому праќате пораки, но и што кажувате. Фејсбук ги искористува сите дополнителни приклучоци и колачиња (cookies) што значи дека може целосно да ја следи вашата активност на Интернет.rnrnДури и да не сте пријавени, ако лајкувате и споделувате содржини што ги има на Фејсбук или посетувате сајтови со нивни реклами, ќе бидете забележани. Постојат околу 10.000 веб-сајтови кои содржат невидливи следачи кои зачувуваат информации за нивните посетители.rnrnНик Вигам, репортер од Нов Зеланд, одвоил време за да види што има во овие документи на Фејсбук и бил изненаден од тоа што го нашол. Тој нашол скенирани копии од договор за изнајмување стан што му ги пратил на другар преку месинџер, скриншотови од уплати во банка и стотици страници од разговорите што ги водел на платформата. Кога ќе размислите подобро, ќе сфатите дека ова е многу алармантно.rnrnВигам објаснил како да ги симнете вашите лични податоци од Фејсбук:rn

      rn011

    • За да го симнете документот, кликнете на десниот агол од која било Фејсбук страница и одберете „Settings“ (Поставки).
    • rn011

    • Кликнете на „Download a copy of your Facebook data“ (Симнете копија од вашите податоци на Фејсбук) под General Settings Account (Општи поставки на вашиот профил) и потоа кликнете на зеленото копче.
    • rn011

    • Ќе бидат потребни околу 10 минути (некогаш и малку подолго) за Фејсбук да го состави документот и ќе добиете имејл и известување кога ќе биде подготвено за симнување.
    • rn

    rnДури и да не користите Фејсбук толку често, ќе бидете изненадени од она што ќе го видите. Дали ќе го симнете овој документ за да видите што знае Фејсбук за вас? Што мислите за ова? Дали би требало да биде дозволено? Пишете ни го вашето мислење во коментари!rnrnПогледнете ги и следниве 10 корисни опции на Фејсбук за кои најверојатно не знаете дека постојат.

  • Докторите почнуваат да користат вештачка интелигенција за предвидување на смртта

    Докторите почнуваат да користат вештачка интелигенција за предвидување на смртта

    Одобрен е првиот алгоритам што ги набљудува пациентите со цел да предвиди потенцијално смртоносни настани неколку часови пред да се случат. Вештачката интелигенција ќе ѝ помогне на медицината да се ослободи покрај навистина ограничените ресурси.rnrnАлгоритам што ја предвидува смрттаrnrnАлгоритамот може да предвиди неочекувана смрт од инфаркт или проблеми со респираторниот систем. Тој е наречен „Wave Clinical Platform“ и бил создаден од компанијата „ExcelMedical“.rnrnПлатформата забележува суптилни промени кај пациентите и испраќа сигнал до 6 часа пред потенцијален смртоносен настан. Алгоритамот постојано ги набљудува пациентите, нешто што лекарите и медицинските сестри не можат да го прават. Ресурсите во здравството навистина не се доволни. Заменик директорот на фирмата, Мери Баум, изјавила:rn

    „Немаме доволно лекари или медицински сестри, а имаме население кое старее и кое се разболува, па потребни се повеќе ресурси и служби.“

    rnСистемот може и да ги споредува состојбите на пациентот. На пример ако се забележи покачување на крвниот притисок, само по себе не е ништо сериозно. Но ако се забележи истовремено со намалување на кислородот, можно е да станува збор за потенцијално опасен настан.rnrnДури и во најраните стадиуми, вештачката интелигенција се покажала како многу корисна во медицината. Нејзиниот развој само ќе го забрза медицинското истражување, па лекарите ќе можат да извршуваат потешки задачи многу побрзо. Во некои случаи, вештачката интелигенција се покажала способна точно да дијагностицира одредени болести. Покрај тоа, после дијагнозата, вештачката интелигенција со помош на алгоритам може да му помогне на лекарот да го одбере најсоодветниот третман.rnrnЕдна од најдобрите предности што ќе ја ужива медицинскиот персонал од вештачката интелигенција е тоа што подобро ќе се справи со ограничените ресурси. Ако компјутерите можат да скенираат слики за да бараат проблеми, а алгоритамите можат да предвидуваат болести, лекарите ќе можат да поминуваат повеќе време со нивните пациенти.rnrnПогледнете и некои од фантастичните откритија кои се иднината на технологијата.

  • Инстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрени

    Инстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрени

    Веро е социјална мрежа која постои од 2015-та година, но оваа година за прв пат привлече поголемо внимание. Според рекламната кампања, на оваа апликација можете да објавувате што сакате и да испраќате што сакате без да ви се појавуваат здодевните огласи и реклами.rnrnИнстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрениrnrnАпликацијата е горда на тоа што во време на брзо и површно комуницирање преку Интернет ни овозможува конечно да бидеме искрени. Токму одовде настанало и нејзиното име кое потекнува од јазикот есперанто и значи „вистина“. Целта на апликацијата е да се однесувате на Интернет онака како што се однесувате и во приватниот живот. Мотото на компанијата е „Помалку социјални мрежи, повеќе социјален живот“.rnrnПа, која е разликата помеѓу Веро и останатите социјални мрежи? Една од предностите е тоа што објавите на Веро се подредени хронолошки, за разлика од Инстаграм и Фејсбук кои не го овозможуваат ова и покрај поплаките на корисниците. Покрај тоа, апликацијата многу наликува на Инстаграм и најголемата разлика е тоа што позадината е црна.rnrnНајпозитивната страна на Веро е можноста да споделувате поголем спектар на содржини. Покрај фотографиите, можете да ги споделите омилените книги, музика, линкови, филмови, како и местата што сте ги посетиле. Можеби апликацијата би имала светла иднина ако корисниците сакаат да плаќаат годишен надоместок за користење. Но ако сега направите профил и ако сте помеѓу првите милион корисници, би добиле доживотно бесплатно користење на апликацијата.rnrnИнстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрениrnrnДали е ова маркетиншки трик, или навистина ќе треба да плаќаме за споделување на фотографии? Покрај тоа, ова е одлична прилика за уметниците кои сакаат да се изразат онлајн без да им пречат огласите, но ќе им се наплаќа дополнително ако сакаат професионално да се промовираат. Слично на ова, компанијата ќе нуди и можност за плаќање за опцијата „Купи веднаш“ преку која потрошувачите ќе добијат надворешни линкови за купување.rnrnИако многумина го критикуваат моделот на Веро кој се заснова на претплата, можеби токму таа претплата ќе биде основа за оние кои сакаат да се промовираат и да ја наплатат својата услуга. Ќе споделуваат фотографии и ќе се надеваат дека нивните следбеници ќе кликнат на линкот под фотографијата на кој ќе се наоѓа нивниот производ. А ова е случај и кај социјалните мрежи со најмногу корисници – Инстаграм и Фејсбук.rnrnИнстаграм доби конкуренција: Социјалната мрежа која ни овозможува да бидеме искрениrnrnБез разлика на сличностите и разликите, предностите и недостатоците, сè уште е неизвесно дали луѓето масовно ќе се преселат од Инстаграм на Веро. Но бидејќи компанијата ја засили својата маркетиншка кампања во 2018-та година, останува да видиме.rnrnПогледнете и кои се најдобрите апликации кои ќе ви помогнат да медитирате.