Брзиот развој на технологијата постојано нуди нови и подобрени модели на лаптопи, но, можете ли да останете во чекор со технологијата? Новиот лаптоп бара инвестирање нова сума пари што не може да си ја дозволи секој. Во продолжение ви прикажуваме неколку додатоци што ќе направат вашиот лаптоп да трае подолго, да ви заштеди време и пари на подолг рок.rnrn
rn
1. Масичка за лаптоп со осветлување, наменета за во скут
rnОваа масичка со вградена перничка и држач за чаша чини 29 долари. Таа спречува да се изгорите кога лаптопот е во вашиот скут, а нуди и сигурна основа за да не се лизга, ниту пак прегрева.rnrn
rn
2. Батерија за замена
rnДодека некои батерии почнуваат полека да слабеат по 300 циклуси, некои модели траат и до 1.000 циклуси. Сепак бидете сигурни и не дозволувајте да останете без резервна батерија што ќе го ограничи вашето движење.rnrn
rn
3. Подлога за ладење
rnДоколку го користите лаптопот во текот на целиот работен ден, тој најверојатно ќе се загрее по неколку часа употреба. Belkin подлогата за ладење која чини 23 долари е со вграден вентилатор и може да го спречи вашиот процесор од преголемо загревање, што пак може да предизвика проблеми со хардверот.rnrn
rn
4. Организатор на кабли
rnКористењето погрешен полнач за лаптоп може да предизвика проблеми. Бидете сигурни дека секогаш го користите вистинскиот полнач за вашиот модел и не заборавајте правилно да го чувате завиткан. За оваа цел може да ви помогне овој организатор на кабли кој чини 10 долари и е доста корисен.rnrn
rn
5. Преносен хард диск
rnОсновното правило за безбедност на секој сопственик на лаптоп е да ги префрли своите податоци на посебен уред, како преносен хард диск. За таа намена може да ви послужи My passport кој може да се најде во различни варијанти и за различни намени. На овој начин секогаш ќе бидете сигурни.rnrn
rn
6. Футрола за лаптоп
rnЗачувајте го вашиот лаптоп од каква било штета со помош на оваа футрола. Достапна е во повеќе бои, не тежи многу и чини 50 долари.rnrn