До сега, сигурно сите сте навикнати на полнење на вашиот телефон. Покрај апликациите кои постојано ја трошат батеријата, вие секојдневно сте зависни од вашиот полнач. Од друга страна пак, паметните часовници се малку поразлични.rnrn
rnrnЗа разлика од мобилните телефони, паметниот часовник е погоден за носење, не бара многу напор, но сепак некои луѓе може да заборават да го наполнат целосно. Решението за овој проблем го нуди индустријата Матрикс која го создала „PowerWatch“, уред кој добива енергија од топлината на телото. Тие објаснуваат:rn
„За разлика од денешните паметни часовници кои треба да ги полните на секој ден или два, ‘PowerWatch’ не треба никогаш да го отстраните од вашиот зглоб за да го полните.“
rn
rnrnТој служи за голем број цели, како што е следењето на согорените калории, нивото на активност, како и спиењето. Може да биде безжично синхронизиран со вашиот телефон преку апликации. Тој е водоотпорен и исклучително издржлив.rnrn
rnrnТимот го создал овој часовник како начин за да ја тестира технологијата за термоелектричен извор на енергија. Со неколку зборови, термоелектричниот генератор е уред кој ја претвора топлината во енергија.rnrn
rnrnСо цел да го стори тоа, генераторот мора да одржува две температури: Висока топлина и ниска топлина. Поради оваа причина, овој часовник е одличен: Страната којашто е во допир со вашата кожа останува топла, додека неговата површина останува поладна.rnrn
rnrnОваа навидум едноставна разлика во температурата е онаа што му дава сила на часовникот. Кога не е на вашиот зглоб и со тоа не создава енергија, часовникот е привремено исклучен. Поради внатрешната батерија, датумот и времето нема да бидат погодени и сѐ ќе биде онака како што сте го оставиле.rnrn
rnrnНесомнено е дека ова е часовникот на иднината, а компанијата очекува тој да биде достапен за испорачување во јули наредната година.