Иновативниот кујнски систем „V-Motion“ го претвора секој дом во интерактивно опкружување. Благодарение на паметниот механизам, конвенционалната кујна се претвора во кујна на иднината која „оживува“ со само еден допир или движење, па го олеснува секојдневното работење во оваа просторија.rnrn
rnrnКујнските фиоки имаат интелигентен систем за отворање и затворање, кој се активира со едноставен допир од раката или ногата. Така, доколку сакате да ја отворите долната фиока, а рацете ви се зафатени, доволно е да ја допрете со ногата и кујната ќе одговори на вашето барање.rnrn
rnrnКористењето на кујната дополнително е олеснето со систем кој на движењето на раката го активира и го подига задниот панел на кујната, а истовремено ја врти чешмата и го вклучува светлото. На тој начин системот обезбедува повеќе простор во кујната и воедно ја прави поуредна.rnrn
rnrnОсветлувањето може да се избира на ист начин, со едноставни движења, а исто така овозможено е и внесување повеќе бои: Црвена, жолта, плава и зелена. Системот „V-Motion“ е креиран од еден водечки италијански производител на кујни, познат по елегантниот дизајн и врвната технологија.rnrn
rnrnСистемот е вграден во најновата линија кујни „Genius Loci“, но може да се прилагодува и на други.rnrn
Кујна која „оживува“ со само еден допир или движење
