Дали во вашето секојдневие сте се соочиле со ситуација каде што ви бил потребен некој генијален пронајдок за да ви ја олесни работата? Па, добрата вест е што веќе постојат многу такви уреди кои ќе ве изненадат со нивната функционалност, а во продолжение погледнете некои од тие пронајдоци кои ќе ве остават без зборови.rn
1. Линијар во вид на прст
rn
rnrnПовеќето луѓе ги користат нивните раце кога се обидуваат да објаснат одредена големина на нешто. Сега, своето мерење можете да го изразите прецизно со помош на овој линијар.rn
2. Испраќајте пораки дури и кога немате мрежа
rn
rnrnУредот goTenna ви овозможува да испраќате пораки на слични уреди, дури и кога немате Интернет, а може да биде корисен и на места каде што нема мрежа.rn
3. Пенкало кое ја скенира бојата
rn
rnrnОва пенкало кое може да користи која било боја, најверојатно е сон на секој уметник или дизајнер. Овој уред го скенира објектот, а потоа ја имитира бојата што е користена. Генијално!rn
4. Уред за комуницирање помеѓу кучињата и луѓето
rn
rnrnNo More Woof е уред кој ви овозможува директно да комуницирате со вашето куче. Кучињата што зборуваат повеќе не се дел само од цртаните филмови. Со помош на овој уред, вашиот крзнен пријател ќе биде во можност да ви каже кога е гладен или кога сака да го прошетате.rn
5. Растение кое расте во темнина
rn
rnrnНеодамна било создадено растение кое свети во мракот. Со користење гени од светлосни бактерии, научниците развиле тутун кој произведува своја сопствена светлина, без да користи батерија или соларни плочи.rn
6. Преносен мини-печатач
rn
rnrnИзраелската компанија ZUtA има развиено едноставен џебен печатач, кој може да печати дури и кога сте надвор од вашата канцеларија или вашиот дом. Сѐ што ви треба е паметен телефон за да го контролирате овој уред.rn
7. Прстен кој го скенира текстот и го чита на глас
rn
rnrnFingerReader е прстен кој го скенира текстот и го чита на глас, а исто така може и да го преведува. Уредот е дизајниран специјално за слепите лица и лицата со оштетен вид. Кога личноста сака да чита нешто, таа ќе треба само да го стави прстот на површината со текст и уредот ќе ги чита зборовите гласно. Кога читателот ќе отстапи од линијата на текстот, прстенот почнува да вибрира.